Лејдис, има ли некоја славено роденден во бедрум? Дали е пространо и дали има реквизити за децата? Дали храната е ок и доволна и како ја сервираат, дали на шведска маса како во другиве игротеки или на секоја маса ставаат? Проблем е што имам ооголем број на возрасни, а малку деца, повеќето од игротекиве се тесни за 40-45 возрасни, а немам како да скратам од список, прв роденден е во прашање, а оваа ми се гледа пространа. Најдобра опција ми е игротека со неограничено пиење, да не ме одерат иначе на крај. Вака бар фиксно ќе платам и тоа е тоа, па искуства ако има споделете.
А кај има игротека со неограничено пиење? И тоа неограничено најчесто значи да бркаш келнери за пијачка или да нема мраз, да даваат топло пиво, да нема Кока кола да има Пепси и слично. Верувај се е пресметано. Од Бедрум сум слушала само негативни искуства.
Оваа фан тајм кај нас ама кога славев за големиот се испи за сите пари, брат ми ја удави келнерката да носи пијачки, не застана девојката, се испи и тоа убаво. Од мене ќар угледа не беа, ама мала ми е за сегашниов број на гости што ќе ги имам:/
Кај е таа фан тајм. Јас со игротеки скарана сум, не носам деца, не одиме на играње, строго на родендени само
Ние во Бедрум бевме пролетта и вака јадење пиење се беше убаво но делот со играчки беше видно прљав, закачи малиот херпес после цел месец го лечевме.
Аха, не таа како кафич, другата. Ај ќе ја видам. Таа како кафич ми е баш кафич, нема ништо игротека, а на изволте тоа играчките да се полакоми некои дете, веќе проѕирно е дури.
Лавли секоја препорака. 25 возрасни за пијачки 5.700 Услуга, соработка, амбинет совршено. Кетеринг грил анд гарден солиден. Јас како аматер со славење родендени го порачав менито за 35 луѓе па еве ме со четири даски пици и прженици во фрижидер. Беше се тезе и ок сервирано. Вкус стандард. Торта од Зафир ...да ми извините ама свршување еден кат реинбоу, друг кат за возрасни кит кат вкус. И деца и старци презадоволни.
Ние прв роденден лани. Делот за деца океј ама храната оскудно. Кога прашав дали ќе стигне ми рекоа и останува. Ни приближно. Не би славела повторно таму
Колку луѓе бевте, бидејќи ви остана храна? Ме интересира за менито, нарачав и јас откај нив се надевам ќе стигне согласно бројката.
Па бевме точно 27 возрасни и 18 деца. Го нарачав менито за 35 возрасни. Ама стварно многу храна беше тоа. Тоа помалото мени може ќе беше баш таман.
Лани менито за 30-35 луѓе, 5000мкд. Годинава ја прашав ми рече за вас иста цена. Ама стварно незз колку луѓе и имам пратено. Минатата недела бевме на роденден со кетеринг од Две сестричиња и не ми се допадна толку. Женава инаку имала кујничка на тераса и сама си готви. Тоа мини хамбургерчињата и кифлите полнети со руска и се врв над врвовите.