И јас ќе ги пофалам од Wow land. И кога бев на роденден и кога славевме, немав никакви замерки. Пријатни, услужливи, трпеливи. Мислам дека девојката преку 40 минути ги црташе децата без да брза да заврши. На крај и диско журка им направија без да очекувам. Вака како тип на игротека и реквизити може не би ми била бр. 1, ама вреди заради организацијата и персоналот. Во споредба со Лавли лани 6 од 10, оваа година беше 11 од 10 буквално. Само малецка е имавме 24 возрасни и уште толку деца, кнап беше... Инаку не знам зошто нарачав и јас од две сестричиња, изгледа избрзав, неколку кетеринзи ми рекоа дека се фул, за две сестричиња мислење онака мех. Гостиве као супер рекоа, ама па и што ќе речат не чини кетерингот? Бургерите може никад веќе бургери да не нарачам за роденден. Торта Делициа затоа што се најефикасни во комуникација, и за декор и за вкус нема утка, ама ми се здосадени. Торта нарачав од 55 парчиња, како остана пола торта не знам. И таму ми заштедиле
Не е дискутабилно, скапо е. За 10 деца во игротека да платам 2000 ден и 5000 ден не е исто дефинитивно, кој ве лаже?
Ne zboram za deca vo igroteka, zboram za vozrasni gosti na rodenden. A na kraj na den sekoj si pravi onaka kako saka I okolu ketering I okolu izborot na igrotekata I okolu dress kodot I okolu dekoracii , maskoti itn....sekoj spored svoite zelbi I moznosti
Предлог за игротека во аеродром/кисела вода или околина за втор роденден? Ни 10 дечиња нема да се, барам да има поголем дел за возрасни 30+
Дојдов да дадам препорака за Joyland. Многу чисто и ново, игарчките сочувани, коректни со цени, собра околу 35 луѓе а имаше и една маса празна, така да собира 40. Малку ми сметаше што не беше доволно топло на почеток, ама децава секако трчаат а и јас после у гужвата зоврев
Дали има игротека во Скопје каде само простор можам да си изнајмам , пијачки и храна да си донесам сама?
Јадење можеш во секоја, пијачки мислам дека никаде не даваат од надвор. Реално во пијачките им е ќарот.
Lovely. Ние во саботата правевме таму. Мене синко ми е 3 години, сосема соодветна и за помала возраст. Огромна е игротеката, јас во поголема не сум била. Услуга и посветеност на персонал 10/10. Гледам Toy & Joy ви ја предложиле, таму со 30 возрасни ќе си седите на глава. Они демек имаат капацитет за 40 гости, да имаат ако никој од гостите не мрда. Вака ако станам да идам на цигара или до тоалет треба и гостите околу мене да станат за да поминам. Ја не би.
И јас сакав лавли, ама нема место. И, 6000 за наем, а 9 дечиња ќе имаме, мислам дека нема смисла малку, сепак е втор роденден и ради тоа барам простор со поголем капацитет за возрасни.
Верувај дека на крај сметката исто ќе ти искочи како игротека со помал наем. Чисто за споредба лани правевме во Плеј 2 втор роденден, наемот беше 3000, сметката искочи 11.500 за 30 возрасни. Годинава наем 6000, цела сметка 11.000 за 34 возрасни. Блиска моја правеше во ноември во Дримленд, платија 12.000 за 28 возрасни. А другиве 2 игротеки немаат споредба со Лавли. И кај нас беа 11 дечиња само, топ им беше. Мојот е во празници роден па повеќето не се ни тука. Верувај дека исто ќе ти искочи, јас по оваа логика идев, бидејќи и мене не ми се даваа 6000 за наем само.