Потврдувам за Лавли, лани славевме таму, многу се срцки. Околу 12000 плативме за 30 возрасни заедно со наемот. Сигурно имаа нешто допишано, приметив еден џејмисон плус и сигурна сум, бидејќи само јас и маж ми пиевме тоа. За другиве гости не пратев, ама се изненадивме на крај, не очекувавме под 18000.
Не знам дали сте виделе, има една нова игротека, за тие што барате за Аеродром,Лисиче Kids club Playground & coffee,во новиот комплекс на Голден арт е спроти крстот кај Џевахир на бул.Србија,ги има на инста. Ја отворија пред нова година и случајно ми излезе на инста и имаа попуст некој,па славевме сега во саботата и ја препорачувам ако не ви треба многу голема игротека.Нешто ко лавли е само нема песок,има убави дрвени играчки,чисто,девојчињата беа ок што ги пазеа,ни направија убави фотографии со профи апарат не со телефон и плативме некоја нормална цена. Јас имав 25-6 возрасни и 17 деца од кои 4 поголеми училишни и плативме негде 5.800 денари,за изнајмување е 4.000 денари до 28 ми февруари со попуст,инаку е мислам 5.000 денари.
Јас и ти ист вкус за игротеки имаме Ние таму живееме баш, за следна година би ја имала предвид, баш е убава.
Даа,и за игротеки и за кетеринг И за играње гледам имат 200 денари неограничено засега,освен ако не сменат.
Бевме на отварање. Фини душеците, децата воодушевени. Ама без греење внатре, се прави и промаја кога ќе се отвори врата. Секако децата и ќе се испотат од многу скокање, ама седат во незатоплен простор. Има дел за седење на возрасни ама комплет одвоен простор со врата од делот, каде што и мириса многу на храна од соседниот ресторан. Можеш и ти внатре, ќе треба да се седи на мали столчиња и не смее пијачки внатре. Лично како родител не сум воодушевена, од изборот на локација па ич каде го сместиле.
@bybeDkid @azelea Ја свртев уште еднаш темава, ве послушав вас за кетеринг, има жената две менија, едно 5500, едно 6500 Ние ќе бидеме 30 возрасни, роденденот е со 2 термини, т.е 4 саати. Кое мени да го одберам? Јас и пишав, 6500, една илјадарка минус плус не менува
Па да тоа подобро,јас последното за 6000 ми излезе тоа што нарачав и толку имав околу 30 возрасни и се се изеде, ептен нешто од сувомеснато остана.Па и да се два термини колку ќе јадат,ќе каснеш и ќе се заситиш, сигурно нема да јадат цело време,не се замарај таман е
Молам мислење за штрк игротеката Бев на роденден ,Преубаво чисто културно персонал топ, 5000 прростор и сокчиња за децата, останато за пијачка за храна како се движат,дека гледам нудат и храна пакет за 20,30 возрасни...
Сме биле за играње таму, така што можам да споделам такво искуство. Девојчињата што работат таму се баш фини и културни, чисто е и убаво уредено. Посебно што ми се бендиса што имаат посебен простор за пресоблекување на дечињата. Секоја пофалба од мене