Јас пак да си прашам Очигледно Ск има повеќе игротеки него ли сите европски метрополи заедно хаха само што јас ги знам таа во Лиса, Јоу Ланд, Бајка и толку. Опција за надвор тешко. Не сакам од овие модерни дрвени игротеки само добри на око, повеќе ме интерсираат децата стварно да се изнаиграат повеќе од колку дома. Тобогани, трамболини... Децата се 5+ години и да си има местенце за славеничката (2г) кај што и она ќе може да ужива. Возрасни 20-30. Ви барам предлози пошо не сум во можност да отидам и да си одберам.
Многу без везе. Славеа 7ми роденден, и правилникот бил за деца до 6г смее, ама дека овие се повеќето 7, ајде може да играат. Имаше 2 деца на рамно 8г. (Едното истиот ден наполни 8 ) и стоеа на страна. Кога ги прашав зошто не може, почнаа да се правдаат со правилник. На крај ги пушти и нив ама секако неубаво.
Со тобогани и трамболини тешко дека ќе најдеш Има неколку помали игротеки низ Кисела Вода. Има во Тафталиџе игротека Џунгла,поголема и убаво опремена. Во Ново Лисиче Тој&Џој ама во последнно време читаѓ се жалат од таа игротека. Во Аеродром игротека Lovely која има многу играчки ,дел со песок и една лулашка. На Рузвелтова игротека Wowland можеби највеќе ќе ти одговара. Други не ми текнува во моментов.
Да ја видиш Томи игротеката. Нова е, во Кисела Вода кај тобакото. Некна бевме онака на кафе со ќерката и другарка од градинка, имаат 6год, и братчето на другарката што има 2ипол, супер си поминавме.
Џунгла сме биле да сега ми текна, е таа Тој и Џој па ни е во комшии ама не сме отишле може да пратам некој да ја ѕирне. Lovley исто сме биле ама не ми е баш за 5+..
Kako se vika igrotekata vo Lisa? Ima li decinja, interesna...? Nekoj znae li shto se sluci so igrotekata vo Capitol so kuglana shto e
Ее не знам како зе вика заборавив, ние често одиме таму кога сме Ск, а роденден правевме 4ти за ќерката. Интересна е над 3г мислам дека е, ние правевме роденден од отворен тип пошо имавме само 7 дечиња
Како се цените во Wowland? И дали е ок за 3 годишни? Евентуално друга некоја да ми препорачате за таа возраст. Ќе имаме и возрасни околу 30.
За возрасните ќе е кнап Игротеката е убава, океј е за 3 годишни ама ние возрасните уште во скут не си седнавме. Имаше исто околу 25-30 Плеј 1 и 2 се океј, за други не знам
Мене плеј ми личат на помали, и едната и другата на главната што се. Ние таму закажавме и уште од сега ме фаќа сафра за како ќе биде. Инаку и јас сакав во wowland да славиме ама мислам дека не е за групата на син ми, се уште се мали за такви акробации. Како што ми кажа човекот собира 60-80 возрасни. Има внатре и надвор заградена тераса.
Можеби, можеби само беше лошо организиран роденденов Ние у Кецот славевме, таму собира 35-40. Двојката кај Олимпико поголема ми се чини. А може и имам лоша проценка