A баш ми изгледа дека има играчки за помали, класика дрвени. Ама од се што видов, после Лавли само оваа ми се свиѓа. Другиве сите сме биле или мали, или прљаво, девојчиња не се замараат, малку простор…
А и тука не се многу испозамараа, 3-4 годишни ги играа со јаже влечење. Сите на своја страна беа фатени, па ајде ќе.скокале врз јажето - 3 дечиња се истрескаа во масите
Не знам зашто не сфатат дека добри вработени пола рејтинг им го креваат. Ќе појдеме за играње, ако не бива ќе одиме пак во Лавли јбг.
Ние бевме есента и возрасните си седеа надвор на тераса. Имаше место така комотно. Баш пишав дека како за мојата 3 годишна не беше баш, не можеше да стигне да се спушти по лизгалка пошто на три нивоа е тоа за качување па има јажиња и и беше страв ама па имаше играчки доле за занимација.
Давајте предлог за летен роденден поголема игротека во Аеродром, да има и простор за возрасни поголем. Освен Лавли, друга некоја? Занам на трета македонска на булеварот се отворија нови, ама не сум била. сте славеле во отворениот дел во дион Аеродром? некако тобоганите ми се големи страшни за 3-4 годишни деца. со цени како е за славење родендени во Дион, не ги знам цените, отприлика груба бројка...барем за храна не се замараш?
Ние за втор во лавли бевме и ич не си поминав убаво најмногу заради персоналот. Во wowland трет славевме и мн беше убаво, има дрвени играчки и за таа возраст па и помали, ама веќе почнуваат и на реквизитите за поголеми да играат. Имавме и помали и поголеми деца најмалку 20 деца и 30 возрасни. Персоналот беше многу многу фин, може и затоа ми беше најубав до сега роденден. Внатре е кнап за 30 луѓе, ма да сите имаа место, и кај нас повеќето се знаат меѓу себе. Терасата им беше топ затворена и топла затоа што славевме декември, ама пак само на цигари излегуваа. Ние кога сме биле во потопло време таму, сме седеле надвор. На 20 степени како што е периодов не верувам дека ќе седат внатре сите. Плативме 3-4000 за пијачки. И убав бакшиш оставивме пошто ептен бев презадоволна. А во лавли ни сметка не добивме… Мене па плеј таа во тафталиџе ми личи помала во делот за седење и јас воопшто не ја земав предвид за 30+ возрасни. Позади нејзе на прашка има нова во стил на лавли, кај кипер. Ама не сум била и немам мислење за вработените. И за паркинг искрено боље на рузвелтова него кај плеј. Има позади паркинг кај wow land. А кај плеј имаме пријатели и коса ми се крева кога им одиме на гости, некад место кај кружниот дури наоѓам или чекам на прашка некој да излезе, може евентуално од карши во козле да се паркира, ама мене ми е страв од тој пешачки на гологанов што треба да го поминам . @brm_brm лани бевме на роденден во дион надвор, масите им беа тие одма до игралиштето, мојата немаше 3 тогаш и си се лизгаше на малите, сега на 3 ми се чини и на поголемите би се пуштила, а не па на 4. Отиди еднаш испиј кафе и ќе видиш дали и се свиѓа.
Баш е позади, ама треба да се скружи пошто таа пред игротеката е едносмерна и има едни стари гаражи таму се влегува
Значи јас поглупа игротека од Кидо бар во Александрија Влае до сега немам видено. Личи на продавница за играчки и успат кафе да испиеш ако сакаш. Зошто во сред игротека се ставени играчки ? Деца ко деца ќе сакаат да земат нели. Бевме на роденден сега и мислам дека веќе никад нема да отидам.
Дали некој славел роденден во палас кај игралиштето дали има инфо за храна што нудат и дали е само за вас дента или кој како стигне и од тениските си доаѓаат исто и за форца? Барам нешто на отворено ако имате предлог фала
Фала на брз одговор да и јас исто во форца и имаше и гости од страна и деца плус и беше хаотично, затоа мислев дали некој славел и да има опција да се договориш да биде од затворен само за славеникот.
Дали знаете некој што би се нафатил за дневница за пазење деца на отворен простор? Дека форца палас лиф немаат персонал дека не се класични игротеки само келнери… во бис дали некој славел надвор?
Палас нема опција да е од затворен тип. Така да нема личност за ниедна дневница што ќе се нафати да чува деца, уствари тебе "редар" ти треба Размисли за аниматор, во еден момент децата да се анимирани од Х особа. Дека ќе биде хаотично тоа сигурно, зависи и колку деца ќе имате вие и колку маси ќе зафатите, па колку ќе останат за други посетители, ама капацитетот е голем. Мада сум одела и со количка, за раче, сокче/кафе во рака, а дете е на игралиште и го следам. Знаат и деца да се соберат фудбал да играат на тревникот. Ако се поголеми деца и ок, ама за малечки подобро е "затворен тип". Уствари и самото игралиште не е скрос безбедно за мали деца. Храната си бираш од мени, мора од кај нив.
Хаха баш редар кешки да се нафати некој али да Фала ти да аниматор секако со маскоти мислевме али за викенд ако сакаме фиксно има и други гости и тоа никогаш не можеш да знаеш колку ке дојдат да..и форца е исто за жал убави отворени концепти вака е.. а во хиподром во потковица дали славел некој?