1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.050
    Пол:
    Женски
    Lovely и kids avenue e 6000 закуп.
    Kid avenue имаат некои пакети bubble show 1200 ден и маскоти од 2500 ден па нагоре.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    10.409
    Пол:
    Женски
    Има игротека на реон Карпош, да не е цената за закуп плафон?
    Новите што се отвораа годинава како се со цени? Како само Плеј 2 да ми остана со нормална цена...
     
  3. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Неколку денови ми се појавува Dream Party на реклама, имаат роденденски попуст, цената им е 2000 денари. Имаме еднаш славено таму, ама поодамна, не знам сега во каква состојба е. Се сеќавам дека тогаш беше проблем за паркинг.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    18.626
    Искуство со игоретката Мојот свет? Сега е реновирана и се вика плејграунд, не знам дали ја држи истиот газда.
    И некои нови ми излегоа, игротека Томи во Кисела вода и игротека Штрк во Аеродром?
     
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на Мојот Свет во Аеродром, од таму бев најзадоволна (секоја година сме во нова).
    Вработените беа многу посветени на дечињата, цените им беа нормални...само што е за помалку гости.
    Е сега, ако е друг газда не знам како е.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    8.389
    Штрк е убава, играчки има океј, чиста е, девојчињата се топ со деца и ептен услужливи. Не мрдаш, ептен ги пазат. Арно ама простор е малце, маааксимум 15 души мислам собира возрасни, се случувало за игра да ја носам и по 3ца се на едни премали масички, со газ во фаца нечија се разминуваш.:worried:
     
    На Spidy и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  7. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    46.047
    Пол:
    Женски
    Ве молам препорачајте ми игротека/ресторан со игротека, за втор роденден, Скопје.
    Планираме околу 30 возрасни, а дечиња ќе се околу 15тина.
    Дали во игротеките обично има простор за 30 возрасни или да бараме опција ресторан со игротека? :?:
     
    Последна измена: 11 мај 2025
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    25.894
    Пол:
    Женски
    Ако се поголеми дечињата гостинчиња Дион Аеродеом, Нест, Форца , Ксантика ако даваат за 30гости и Летна Градина Ритуал. Само еден ќе остане цело време со малото оти ќе сака и оно да се лизга, знам по мојава. Ние утре правимњ во Wowland не сум била за да ти кажам дали е ок опција.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    46.047
    Пол:
    Женски
    Во главно се помалечки, 2-3 години повеќето, има едно две 4-5 год.
    Ми се допадна Wow land, ама не сум сигурна дали ќе е комотно за 30 возрасни. :?:
     
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    5.757
    Пол:
    Женски
    Kinder Park собира повеќе возрасни.
    Lovley исто ќе собере 30 возрасни.
    Игротеката во Lisa заедно со Daily, ама таа е за поголеми дечиња. 3+ години..
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.050
    Пол:
    Женски
    Little land
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rising star

    Rising star Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ве молам доколку има некој да сподели искуство за славење детски роденден во игротеката Dream Party во Тафталиџе..?
    Имаат некоја промоција во моментов и се мислиме дали да резервираме, притоа никогаш не сме биле па би ми значел секој совет...
     
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Имаме славено роденден на син ми, но пред четири години.
    Тогаш бев задоволна, не поминавме скапо, само што памтам дека беше проблем за паркинг. Знам после тоа дека обновија нешто, но не можам да ти кажам искуство затоа што после тоа не сум била...
     
  14. Mimi4777

    Mimi4777 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Лично од мое исксутво и на моја братучетка прездоволни од Кидобар, Киндерленд во влае. Има голем простор за возрасни и убава тераса. Сега имаат некоја промоција за јуни јули и август попуст на пакетите. Од кај нас од градинка сега ќе прави една мајка во јуни си закажала и она баш ме распрашуваше како сум задоволна и ми спомна за промоција дека си начекала :).
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Butterfly30

    Butterfly30 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Некој да славел роденден во Авантура ?
    Некако у сите игротеки ме мачи делот за возрасни ми изгледа мал:wasntme:
    Од прилика ми се 30 души возрасни ...
     
  16. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    97
    Каде поточно во Аеродром се наоѓа Мојот свет, по ново плејграунд?
    Инаку во игротека Штрк сме биле само за игра и сум задоволна од истата.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.050
    Пол:
    Женски
    Кај Делициа.
    Пред Делициа има маркет Дим, до него е игротеката.
     
    На dromka и lady1987 им се допаѓа ова.
  18. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    902
    Дечки предложете ми игротека која не е предскапа а сепак би била и за возрасни и за деца од 2 годинки каде можат да се играат без да се “повредат”. И АКО може пример да збира и доста возрасни ( ма да за тој дел се мислам). Истотака , игротека штрк има место надвор некоја тераса ? Вака ко мал просторот за возрасни ми изгледа .. не сакам да сме сите натуткани
     
  19. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Kinder Park e таман за повеќе возрасни, има и надвор простор за игра.
     
  20. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Ние лани славевме втор роденден во Мојот свет, јас бев задоволна, но многу е мала игротеката искрено.
    Па и сега како ја реновираа делот со песок е на пола намален. Не би ја препорачала за повеќе од 10 деца и повеќе од 25 возрасни.
    Инаку задоволна од услуга, хигиена и слично.
    За брзо славиме во Штрк, ќе пишам импресии за некој ден.

    И уште еднаш ми се потврди дека Дримленд 2 е најлошата игротека по мое мислење.
    Прво нема играчки, онака нема, све се некои коли за возење што се искршени, некоја мизерна куќичка и таа искршена, жива катастрофа. За прљаво да не збориме. Плус незаштитени штекери.
    Не им текнува да земат онакви качулки за преку кондури за родители и на секое влези излези мораш облечи соблечи, па и приодот е тесен. Ужас, од мене секогаш НЕ за оваа игротека. ВО другите Дримленд не сум била ама оваа ми е хорор.
     
    На Sofi.ja и Puffy2019 им се допаѓа ова.