1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    27.274
    Пол:
    Женски
    Комотно ќе е, сега правевме ние пред некој ден со 22 возрасни, масите внатре не беа сите пополнети, а надвор си беше скроз празно. Имавме 10 деца. Преубаво си поминавме. Прв пат бевме сега ние на невидено ја капаривме ама ептен беше убаво. Е сега ќерка беше најмала 2г и се качува без проблем до горе и може да сњ спушти ама имаат дел кај што е со мрежа, па пропадна и се заглави ноџето.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.583
    Допаѓања:
    19.024
    Не знам кој број е Дримленд позади Капитол,ама скорз истово што го напиша важи и за таму.
     
  3. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    Мислам таа е Дримленд 1. Дури не ми се оди на родендени таму колку е грозно.
     
    На dromka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  4. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    Топла препорака за игротека Штрк за славење роденден. До сега сме славеле во Киндер парк, Мојот свет и сега Штрк. Од сите многу задоволна.

    Девојките во Штрк беа ептен фини и се трудеа да ги анимираат децата. Чисто, супер играчки и доволно простор. Ние имавме и повеќе гости од очекуваното, би ја препорачала за макс 15 дечиња и 25-30 возрасни со тоа што сега затоплува па некои можат и надвор да седат. Веќе кон крајот стана малку топличко.

    За пијачките доплативме сосема разумна цена не знам точно колку возрасни беа може 30тина ама се пиеше претежно кафе и сок. Мислсм беше 5300 нешто така што е помалку од 200 денари по човек. Сосема ок. Нагласувам дека некој имаше пишано дека ги ошуриле.
     
  5. Mom's_life

    Mom's_life Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    4.193
    Пол:
    Женски
    Некоја да сподели искуство со славење роденден во Kids club Playground? Кај бул. Србија се наоѓа, ваљда е поново отворена.
     
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    460
    Понова е да. Ок е игротеката. Само ти викаат место дека има за 40 возрасни, но едвај 30 собира. Ние славевме таму, дојдоа повеќе родители од градинка, но и некои планирани не дојдоа, но беше кнап тесно, јас немав кај да седнам.
    И ме нервира тоа што се исече тортата и девојчињата почнаа да ги собираат играчките, 21ч беше, до 21:30 е роденденот, после тоа нека си собираат...
     
    На FlowerM, Mom's_life и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    7.020
    Пол:
    Женски
    Ние сме биле само за игра и многу тесна ми се виде некако... и не знам како собира 40 возрасни кога 8 маси има само, а и делот за играње ми делува мал.
     
    На FlowerM и Mom's_life им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.453
    Допаѓања:
    126.361
    И мене ме интересира
    Околу 30-35 возрасни би имале
    И за цените ме интересира дали се “нормални” :)

    Да ве прашам кетерингот од грилл &гарден ок е? Некако ми изгледа евтино а доста има во тој од 5000
    и слика ако има некоја да сподели може и во приватна порака :)
     
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    10.008
    Јас не ама блиска славеше, искрено не е за повеќе од 15-18 луѓе, и тоа и внатре и надвор…
    Три четири мини маси, внатре тоа треба да е за децата ама они ставаат и за возрасни.
    Инаку е чиста и девојчињата се фини.
    @Butterfly30 @eli25
     
    На Mom's_life, Butterfly30 и eli25 им се допаѓа ова.
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    460
    10 маси со по 4 столчиња, што физички не е возможно сите да седнат. На 30 е претесно, не можеш да се разминеш меѓу столиците
     
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    7.020
    Пол:
    Женски
    Ние лани имавме од грил енд гарден, супер беше и количински имаше, доста и ни остана. (Слики немам :D)
     
    На ludamaja10 и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    10.008
    Да препорачате путер колачиња и мафини?
    Да не се над 100ка пошто ми требаат повеќе.:)
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    27.274
    Пол:
    Женски
    Mamashomemadecookies на инста пиши, превкусни за 15 парчиња 900ден ми зеде.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    27.274
    Пол:
    Женски
    Конкретно за овој кетеринг не знам ама кај и да сум била кај што има кетеринг ми е меех. Ние порачавме од кафана даски похованоци и мешано стек и плескавичиња, од силбо кифлички по 10ден е една и пици. Немаше кој не рече дека конечно на роденден убаво јаделе и да остане. За 5000ден беше цела храна со си пиците.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.453
    Допаѓања:
    126.361
    И јас обично комбинирам и нарачувам доста , ме кошта 10-12000, пици, пастрамајлии , мини бургери, похованици гледам повеќе даски, кифли , салати и ме нервира од повеќе места сакам од едно место кетеринг.
    Порано нарачував и скара , сега избегнувам. Кај нас колку и да има храна исобено на роденденот кај големиот се јаде, уплав имам од снемување храна :(
    Сувомеснато избегнувам , плус летни родендени се.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    27.274
    Пол:
    Женски
    Добро ние имаме 20возрасни и нема потреба од премногу да се нарачува, а за истата количина кетеринг 9000 сме платиле
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.821
    Допаѓања:
    7.020
    Пол:
    Женски
    Кај нас дека остана многу и плус летен роденден, оваа година само со пици ќе одиме. Нема да има многу возрасни и повеќето ќе се деца од градинка. Планираме 5-6 фамилијарни пици исечени на коцки.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    224
    Јас путер колачиња за проодување на детенцето имам порачано од Dekorativni Kolaci, на фб можеш да побараш под ова име и бев многу задоволна. Не знам дали изработува жената и мафини, ама пробај исконтактирај ја.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    11.128
    Пол:
    Женски
    Правел некој во Плеј 1 откако ја реновираа да каже искуство, колку возрасни собира, како се со цени за пијачки и сл?
     
  20. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    769
    Од која кафана нарачувате даски? После се враќаат даските така