Здраво женски Наскоро отварам игротека,е сега сакам некој мислења од Вас,што е тоа нешто малку по различно или што најмногу го задржува вниманието кај децата?Бидејќи не најдов поголем простор од 120m2 сега треба добро да го испланира секој дел ,за да бидат и децата и родителите задоволни. И да ,од делот за храна за роденден дали преферирате "стандард" (пица,пилешки прсти) за возрасни скара,салати ,или повеќе сте за нешто како закуска да кажам,брускети,тортили,мини сендвичи..?
Игротека за деца 6+ години, прилагодна и за помали дел. Во Ск при толку игротеки една не знам која има интересни тобогани, трамболини. Од типот на Лавли што истите играчки ги имаме и дома, само за око убаво направено не ми се свиѓа. Џевахир иготеката на мојава и држи внимание, се троши убаво само за родендени не ми е така да од тој тип според мене. За храна, даски. Модерно брускети/ хот дог и бургерчиња мали и тоа за око супер, вкус безвеза.
Трамболина обавезно. И без дрвенарии. Ич не ме бендисуваат новиве игротеки, се дрвено, нема шаренило, нема дете енергија кај да потроши.
Пишав веќе еднаш, не знам во Ск како е, ама во мојов град фали за деца 6+ па и нагоре. Што не се ни за класична игротека, ни за новите тин клубови налик кафич со високи маси, осветлување и караоке машина. Е сега за поголеми деца што би било интересно, може некои апарати од типот на флипери како на времето.
Прво честитки за игротеката, а во однос на тоа што сметам дека би било интересно за дечињата, секако кажувам мое мислење според тоа што приметувам дека му е интересно на моето дете. Во однос на слободни термини за игра, мој предлог да немате ограничување на времетраење како што е случај со поголемиот број игротеки. Таман дете се заиграло, тој 1 час поминал и треба во најинтересното да си одиме или треба да се доплати за уште 1 час. Секако добар избор на играчки, коишто ќе привлечат внимание, конкретно за машко детенце што повеќе автомобилчиња, камиончиња, тракторчиња... Сакам да предложам и пластична лулашка да ставите, ама со оглед на просторот којшто го имате, не знам колку би било истото практично. Со тек на време играчките ќе почнат да се кршат и амортизираат, моја препорака да правите соодветна замена на истите, бидејќи стварно е непријатна глетка на искршени играчки. Во однос на родендени, добро би било да имате фирма кетеринг со која ќе соработувате со поволни понуди, за да не мораат родителите дополнително да го организираат и тоа.
Да има дел и 8+. Незнам пикадо , фудбалчиња така нешто. Да не им биде досадно Да биде прегледно , а не да бидат скриени децата во друг дел , па да ги гледам на телевизор Сега бевме во баблс кидс клуб, пола дел не се гледаше , а немаа ни телевизор. мене ова ужасно ме нервира зошто јас не сум мама што стои над глава над детето . тоа треба да си игра а мама да пие кафе Да има доволно простор за возрасните за седење. Еве во тоа баблс кидс клаб беше катастрофа како сардини. За јадење , еве јас тргнувам од мене имам мини бургери, хот дози , пици, даски, тортиљите си ги спремам сама и топ ми се секогаш ми се изедени Така би ти рекла тоа Да има пристојни цени, според мене 6.000 е премногу за измајмување . Како тргнавме детски роденден 1000 еуро ќе кошта . Скоро барав игротека за малата , ми дадоа не се сеќавам кој, понуди за кетеринг и ми понудија ако нарачам од кај нив да ми дадат 10% попуст на пијалоци Можеш некои такви промоции да нудиш
Леле колачињава Прекрасни, убаво исцртани и секое посебно спакувано, фала за препорака! И јас ќе ја пофалам женава! Плус 60 денари е колаче. Во Делиција ми побараа 270 за едно. ЗА ЕДНО.
Мене тој кетеринг ми е кстастрофа. Пиците топли покриени со фолија и веќе исечени парчињата едни врз други. Кога ги отворија вода на нив и залепени, неможеа луѓето да земат. Грдо изгледаше. Ужас. Очекував пици во кутија а не вака. Башка краевите толкави парчиња без грам додаток, ниту салама ни ништо, суви барут. Единствено похованото некако да помине. Џабе количина кога нема квалитет. Ако сте во игротека каде не обезбедуваат прибор за храна да знаете дека и кетерингот на носи. Јас лично никогаш не би порачала повторно. На еден од родендените земав даски од ресторан, пици од пицерија, кифли од пекара, салати од Тинекс и најубава ми беше комбинацијата.
Да сам кога ќе си обезбедиш е најубава комбинацијата. ама потензично ми е така , мисли нешто да не заборавиш дома па таму да наместиш,на готово е поубаво
И јас да потврдам за кетерингот, катастрофа. Похованото малце од малце, али суво сепак никакво… кифли лиснати купечки… Од Wowland презадоволни, преубаво поминавме, сметката да не речам џабе, ни помогнаа со се што можеа, пакуваа храна, девојчињата супер и дечкото (што ваљда е газда или менаџер) исто е префин. Би славеле пак дефинитивно.
И мене не ми се свиѓа,купечки кифли и другото ништо посебно, некако не вкусно,ко без мерак. ,@eli25 види со gozba.d преубаво е што сакаш жената ќе ти направи и се е тазе домашно правено јас за 5000-6000 сум земала комбинации од бургери,пици ,поховано кифли со руска има едни многу убави.
Да бесплатна достава. Па даска похованици голема 1500 Мини бургери 30 1300 Салата пола кило 500 Мини ладни сњндвичи 900 Мини пици по 350 кило
На прво место би ставила да е прегледна. Да не треба јас да станувам да видам каде е и како е. На второ место да има повеќе делови за различни возрасти. Генерално за деца 6+ нема голем избор. Верувам за 8+ уште помалку. Тобогани и трамболина се ептен користени каде и да сме оделе. За деца 8+ да има тимски игри со натпревар. Од јадење, јас сум за класична топла даска, салата, фурнарини, пици. Нека се и бургери, ама без авокадо и прашинка од еднорог. За така голем простор можеби е најпаметно да ангажираш ахритект.
Лани правевме роденден таму, во месец Јули, бараат минимална конзумација од 8000 ден ( што мораш да ги платиш, а сред одмори може ќе ти дојдат малце гости) , услугата беше ок, немавме многу деца, и газдите си работеа, но на крај јас додека испраќам гости, на сопругот му наплатиле плафон цена, врска немаше дека толку многу се испило, и не му дале сметка, значи не закрпија ептен, ама ајде си викаш роденден е за убаво е, на сите им беше убаво не сакав да си расипувам
Ние плативме 300 евра , допишуваат и тоа дебело Беше продужен викенд и многу не ни дојдоа , ама гарантирам дека допишаа премногу