Ние минатата година славевме таму 3 роденден.Искрено многу ми се допадна девојчињата ги анимираа децата ,цртаа пееа,услугата одлична се си беше на место.Според мене Happy Kid,Lovely i Strk имаат одлични вработени .
Preporaka za igroteka so pomal broj na vozrasni? Vo play mi kazaa 3500 den zakup i minimum 6000 den konzumacija
Јас сум била на родеден таму и без некоја замерка ама некако многу штуро ми изгледа игротеката.Имаш таму една игротека Планета Среќа многу поубава
Колку луѓе бевте, дали ви беше комотно. Пошто ние за декември прашуваме нема да се седи надвор . Собира 30-35 возрасни и 30 деца?
Само внатре се седи надвор не, и нашиов роденден е во декември. Возрасни исто имавме околу 30-35 имаше секој кај да седне. Широка е игротекава собира деца, не ми текнува колку беа кај нас, деф помалку 15,20 може беа. Не ми се свиѓаше само моментот шо запнаа за тортата на пола термин пошо имаше друг роденден после нас и веќе 15 мин пред да ни заврши терминот почнавме да си одиме. Другото беше супер.
Ние славевме 3 роденден за синко супер задоволна сум од услугата. Има девојчиња што се мотаат околу децата ги пазат, просторот за возрасни е комотен за околу 30 возрасни. Има келнери за послужување, пијалоци имаат доста избор, имате слики од роденденот и плус подарок ние добивме магнет со среќен родеднен. Девојчињата се местат што ќе донесете декорации. Не дозволуваат смоки за грицки да знаеш за да не се лепат играчите, грицки тие даваат во пакетот за изнајмување. Децава за роденденот се изнаиграа, а и на родендени што сме биле таму детево пресреќно било.
паметно им е ова со смоките фала ти изгледа таму ќе резервираме. кога имаш декемвриско дете мора со време да мислиш на термин
Ве молам предложете игротека било каде во Скопје со попристапни цени, а да сте задоволни. За прв роденден.
Нест за зимски роденден 4 год? Ми треба некоја со поголем капацитет за возрасни. Знам дека тука имаше негативни коментари, ќе одам и да ја видам ама на што да обрнам внимание да ми посочите. Не сум била до сега. Мислев дека просторот се дели и со други луѓе ама прашав и се закупува само за славеникот па ни влезе во игра. И колкав е делот внатре уствари за играње, пошто ќе има 20-30 деца, дали има убави играчки.
Да обрнеш внимание да не ти допишуваат пијачки . За 30 деца мала е, а и за 4 години мислам нема многу играчки да им задржат внимание. Ако бараш на реон Карпош за 30 деца и многу возрасни, види ја Џунгла.
Бев пред некој ден, додуша како гости. Мене не и се допадна, штуро е некако. Има повеќе вработени и една само се обидува да анимира, но не се следат децата. По мое.искуство Play 2 ми е подобра опција
Последен пат бев во март, ок беше. За мене така треба да личи игротека, пространо, шарено, да има деца каде енергија да потрошат. Ова модерниве дрвени, ич не ги сакам, небезбедни ми се, еднолични.