Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    5.009
    Од каде ќе знаеш колку ќе дојдат? Си рачунала 30 деца 30 возрасни, 60 луѓе, дошле 10 деца и 10 возрасни, пак имаш плус дадено 40 парчиња торта и кетеринг, пак имаш тон храна останато што ќе треба да ја фрлиш.

    *Еве типс анд трикс кога ви останува храна од роденден не ја фрлајте, пица, кифли и лебести работи, скара и торта се замрзнува. Сувомеснато и млечни стојат неколку дена во фрижидер. Може и на вашите нешто да дадете. Стално ни останува храна па не ја фрламе. А и за тортата пошто ти е страв да не трчаш по слаткари :) лани имавме торта за 50-60 луѓе толку и дојдоа и ни остана 2/3 од тортата, така да вработените од игротеки чуда прават не се секирај.

    Нека дојдат де ќе се стиснеме ќе се гушнеме нема проблем:D.

    Зборевме за исклучоци. И на крај од денот никогаш неможеш да знаеш колку точно гости ќе имаш како што пишав погоре. Не е свадба луѓе ова детски роденден е од 2 саати нема ваљда потврди да барам за присуство. Нормално дека си правиш сам процена. Ако кај вас одат сите и јас би рачунала дека ќе дојдат сите, ако одат со еден родител ќе ставам +10-20% “за секој случај”. И така ќе спиеш мирно. И на крај на денот ако дошле плус пак ќе речам ваљда дошле од ќеиф па нема да им смета ако е “гужва”, ако дошле за јадење и пиење да искористат ме заболе што ќе си мислат.
     
    На dromka, Cherry79, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.101
    Допаѓања:
    8.552
    Пол:
    Женски
    Реалноста е таа. Во тие 2 родендени до сега сме канеле фамилија и другари само што реално и самите кажуваат дека ќе дојдат или не идат од Х причини. Следно би канела само неколку луѓе со кои се дружиме приватно покрај градинката.
    На минатиот роденден само 4ца од поканетите што беа пријавени дека ќе дојдат, не дојдоа.
    За храна не е тоа дека ќе ја фрлиш, нормално јадеме, даваме и сето тоа.

    Инаку мене пак од друга страна ми е скроз културно кога сум поканета без разлика дали по фамилија, пријатели, кој и да е да пишам два збора дали одиме или не.
    Или евентуално ако ние/дете во последен момент се разболи, се случи нешто повторно да кажам дека нема да одиме/стасаме.
    Некако логично ми личи да го направам тоа, тргнувајќи од себе, колку би ми била олеснителна околност да знам отприлика број на гости.
     
    На dromka и Spidy им се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    5.009
    Се ова е така кога каниме свои луѓе. Но, кога почнувам да канам од градинка и од маало деца кои се 30+ на број, малку се менуваат работите. Не можам да ги делам, или ги викам сите или никој, ако се здрави знам дека ќе дојдат, ама веројатноста дека сите ќе бидат здрави со деца од претшколска возраст во декември ми е нереална и знам дека до последен момент нема да ми кажат дали ќе дојдат или не, а јас сепак морам да ги планирам сите.

    За жал ние што мора на затворено да славиме немаме баш избор со големи игротеки, тоа ми е најголем проблем. И тоа го знаат сите, и домаќини и гости, може ќе седиш на маса со непознат, може ќе се стуткаш некаде, ако ти е проблем не доаѓај. Пијачките не се проблем, колку испијат толку плаќаш. Торта секогаш има одвишок, не знам како но секогаш си одиме со повеќе од пола торта дома. Е тука ми е таа болна точка, лично мене, храната. Не разбирам и не разбирам, зошто да се има кетеринзи со млеко од еднорог на овој тип забави. Кога излегувам со дрштво навечер, па и роденден кога слави некој, и кога заглавуваме до 1 сабајле, поминуваме само со кикириктие што ќе ни ги дадат во кафич. Лани 1 недела пред роденден се јавив за кетеринг, тие ми викаат пребукирани сме! Па луѓе свадби ли правиме? Игоретка резервирам 2 месеци однапред пошто една година немаше место нигде кога се јавив месец дена пред термин. Сега и кетеринг може треба месец дена пред денот да барам. Лично мислам дека претеруваме. Не викам да нема храна, ама пици и грицки се сосем доволно и можеш да ги земеш од било каде.

    И така ако си ги поедноставиме детскиве родендени бројот на гости стварно нема да ни игра толкава улога, односно ако некое дете од градинка си дојде со двајцата родители.:)
     
    На JoyJoy, Giovanna, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.969
    Допаѓања:
    179.027
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на твојот пост .

    Ние во нашата група си имаме "договор" од старт .
    Потврдуваме или откажуваме два дена пред роденден ( инцидентно не се рачуна нормално). Разберени сме дека оди еден родител, што ми е сосема ок.
    Имаме и сума утрврдено која си ја даваме за подарок:)
    И тоа е тоа.
    Мене глава би ме болела да се мислам дал децата од градинка ќе дојдат со еден или два родители.
    Годинава ќе правам во игротека која има макс 36 места за возрасни.
    Мојот список има 34 возрасни.
    Ќе ме болеше глава ако немавме "договор" дека децата од градинка одат со еден родител.

    Кај нас почнаа да прават родендени во ресторани. Игротеките се мали (поготово зимските) , па гледам почнаа во ресторани.
    Јас лично нит имам кој да поканам на роденден, немаме ни роднини ни пријатели со мали деца , па од таа страна не ми се ни фрла над 1000 евра за роденден.
    Затоа игротека батка
    Пица , пастрмајлија, некое сендвиче за децата и доста е .
    Нит кетеринг нит бутур.
    Лани имав слатка маса ,годинава и за тоа ќе размислам дал ќе има.
    Само ги расрлаа по земја слатките и мафините.
    Навистина мислам дека сето тоа се непотребно фрлени пари.

    Скоро бевме на роденден.
    Имаше само пица и сокчиња.
    И кај тортата цела корпа гумени бомбони.
    Еден од поубавите родендени беше.

    Лани имав и топли даски и цезари и баница и солени ролати,бомбици, пици,пастрмајлии..
    Ништо не се изеде , појќе од половината заврши у канта.
    Годинава нема шанса такви гозби да правам.
     
    На JoyJoy, CareTee и Miss_S им се допаѓа ова.
  5. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    125
    Здраво ќе може контакт телефон од игротека Savanaspace, се наоѓала во зградите карши Лептокарија. На нет не можам да најдам контакт телефон, може дека е релативно понова игротека.
     
  6. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.055
    Мајки предложете игротека што собира околу 40 возрасни. На тема канење од градинка, кај нас е голема група и ако ги каниме треба да барам игротека што собира 60+ возрасни па уште не знам што ќе правам..
     
  7. Sonja.majs

    Sonja.majs Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    littleland na praska br.9 e bas golema i za deca i za vozrasni, wow land na ruzveltova isto ima golem del za roditeli, dzungla do gjorgi dimitrov skoloto e isto golema
     
    На dromka и strelec231992 им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    17.805
    Лани правевме во Дримленд и собра околу 50 возрасни. Wowland ти ја пишале, толку ќе ве собере доколу седите надвор, внатре нема толку место.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Што се случува со игротеката Happy Kids во Кисела вода? Ја гледам на Инстаграм си викам одлично има се што ни треба, а кога стигнавме таму разочарување големо. Аниматорката беше на шанк, кај децата нема никој, внатре една лоша миризба подот цел лепи, се гледа дека фали персонал. Побаравме понуда за роденден, девојчето очигледно затекната, прво ни вика да дојдеме следниот ден, а после се консултираше и ни кажа една штура понуда за 5500 денари само закуп. Прашав што добиваме повеќе, бидејќи е поскапо од другите места ни вика подобра грижа за децата. Додека седевме никој не отиде кај децата да ги види (девојчето беше само на шанк не можеше ништо да постигне). Побаравме сметка, со картичка не работеле дури и роденденот требало кеш да го платиме. Инсистиравме на фискална сметка, таа беше прва издадена во денот, иако бевме таму навечер и имаше и други луѓе во игротеката. Не знам дали е ова инцидентно, затоа што стварно не очекував вакво нешто судејќи по изгледот и коментарите на форумот и штета е толку убава игротека да не се работи соодветно...
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.801
    Допаѓања:
    132.585
    Пол:
    Женски
    Во зградата одма до Факултетот за туризам што е . Спроти Лептокарија. Ама со здравје паркинг наоѓање таму.
     
  11. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Здраво, прочитав дека сте славеле роденден во Штрк. Досега не сме биле таму на роденден, па ме интересира просторно како е, услуга и во однос на сметката дали се веродостојни? Досега не ни се случило да ни допишат негде, но се повеќе сум сведок дека додаваат на сметка :) Ти благодарам и извини што те избомбардирав со прашањава :)
     
  12. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    29.070
    Пол:
    Женски
    Здраво ние си поминавме одлично исто како и дечињата. Задоволни сме од сѐ, така што и за помалиот закажавме сега за во декември. Инаку, две девојчиња се цело време со децата внатре, како доаѓаат децата така ги цртаат, ги сликаат, 1 час е слободна игра, а потоа играат музичко столче, диско и други кратки игри.. Вака беше кога ќерката славеше, инаку има 4 години. За помали дечиња, многу внимаваат на нив, дури ги држат и во раце, така што од девојките што работат сум многу задоволна. Истото се однесува и за девојката која што служи, внимателна, и умерена. Сликите ги добивме 1 час по роденденот. Мислам дека и овој пат ќе е супер, прилагодено за деца од 2 годишна возраст.
    Инаку во однос на сметката, не забележавме некоја измама, роденденот беше во јули па фативме и некој попуст од 10%.
    Доста се респонсивни на инстаграм, може и лично да отидете да прашате сѐ што ве интересира. Се надевам ви помогнав :)
     
    На Liky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    2.246
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ќе сака ли некој да ми каже што значи од економска гледна точка славење роденден во игротека, ако имаме 30 возрасни, 11 деца и 5000 денари закуп за 2ч? Која би била крајната сума? Никогаш не сме славеле така, не можам да предвидам
     
  14. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    29.070
    Пол:
    Женски
    А кетеринг? Торта ? Или тоа посебно? 5000 денари закуп и 8000-9000 денари во пијачки = 14 000 денари. Плус торта и кетеринг, околу 20 000 денари
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    2.246
    Пол:
    Женски
    Планирам пици и пастрмајлии да има само (и тука секој совет е добредојден). Колку да земам? Не верувам дека некој ќе успее да јаде и ми нема поента јадење во игротека искрено. Тоа даски, похованици ми е фрлање храна за џабе. Торта секако ќе има.
     
    На marta993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Лани имав 25 возрасни, 10 деца.
    Закуп 3000 ден
    Пијачки 5500
    Торта 3500
    Класичен кетеринг не користам. Лани имав пици, мини бургери, кифлички со сувомеснато и клуб сендвичи - околу 4000 ден.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    29.070
    Пол:
    Женски
    За ќерката нарачавме пици од Џакомо, понуда 9 пици за 3500 денари. Имавме исто толку возрасни и деца, па дури ни останаа. Можеш и таа варијанта да ја разгледаш. Постои опција и 6 фамилијарни пици за 2500 денари :)
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    2.246
    Пол:
    Женски
    Скроз мојата замисла за прослава на роденден. Фала многу! Во која игротека е закуп 3000? Секаде каде што прашав е 5000
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Лани во Плеј 2 кај Олимпико правевме (сега реновирана е и за поголеми деца е наменета). Мојот 2 полнеше лани, имав повеќе дечиња на таа возраст и Плеј најприкладна ми беше ко за нив.

    Оваа година имавме повеќе гости, во Џојланд славевме. 4000 е закупот, ама се доплаќаат и сокчињата за децата.
    Јадење (освен пиците) од Subzy нарачувам.
    https://subzy.mk/boxes-ketering/


    За 3тиот роденден сега во ноември имавме 40 гости и вака имав нарачано:
     
    Последна измена: 5 декември 2025 во 23:25
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    2.246
    Пол:
    Женски
    Многу ми беше од помош ова! Ептен ти фала.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.