А закупот само колку е? Како и да е од прилика околу 20 до 30 000 роденденот ќе искочи вкупно се. Инаку, колку време унапред закажвте?
Закуп 6.000 ден е. Па груба сума да, зависи и кој кетеринг, кој пакет ќе одберете, колку гости ќе имате итн. Закажавме месец ипол пред роденденот, само ако сте одлучени за таму, јави си се порано, зошто брзо им се пополнуваат термините, ние на среќа најдовме, сакавме ден пред тоа и немаше.
Не е баш ефтин закупот ама горе доле вкупната сума пак таа ќе биде, +/- 2000 што не ми менуваат многу кога веќе давам 500 евра. Фала ти многу на информациите
Тоа да, можеби се и нај скапи за закуп на игротеката. Инаку баш сега ја најдов пресметката, сум го изумила капарот, вкупно нè чинело околу 11 и 500 ама таа е математиката како што зборевме. Немај гајле, ако ти текне нешто плус пиши ми
Не сум знаела дека во Лиса има игротека, каде се наоѓа поточно? Види на инста ако имаат страна обично објавуваат секој ден игротекиве дали се слободни за играње...
До ресторанот Daily има игротека. На станицата многу ретко објавуваат и затоа не сум сигурна дали сеуште работи.
Не знам ни јас дали работи, ама еднаш поодамна сакав да го однесам синко и ми кажаа дека не примаат деца помали од 3 години. Последен пост на фб им е од април месец, има и телефонски број, можеби ќе добиеш инфо ако се јавиш. Спојлер
Баш сега им го разгледав профилот, мн ретко објавуваат нешто..баш чудно, ја секој ден сториња отварам по игротекиве, си кажуваат кога имаат родендени а кога се слободни за игра.. Аа ништо штом така, мојава има 2 год значи не сме за таму
Работи,, се јавив прашав. Инаку јас моите сум ги носела и кога биле помали од 3 години но морало да има родител со нив. @Anika55
Еии супер, мене ми е во маало што се вика, баш ќе ја носам деновиве..инаку каде и да одиме, јас сум си со неа, не ја оставам скроз сама, сепак е мала
Ова беше поодамна, синко ни 2 години немаше тогаш, а не ни беше со мене во моментот. Јас поминав да прашам за цени и работно време и така ми кажаа. Може ги смениле правилата или се флексибилни Или не сме се разбрале
Оваа тема ми се виде најсоодветна за ова па затоа тука Подарувам балони, САМО БАЛОНИТЕ без постолјето ако некој ги сака да ги подигне од Карпош 2, во близина на Драмски
Во Лиса игротеката малце не се арни со цените, пола саат 150 денари, саат 200 денари, ако сакаш роденден од дете се наплаќа за два саати 400 денари
Мојот во април полни 2 години, уште е во јасли. Пред две недели имаше покана во ранче оставена за некое девојче.