Magic house се ок, планета среќа во ново лисиче лани зимски период беше камен ладно и мнпгу од играчките искршени. Сега не сум била но во таа во Кисела Вода бевме скоро. Имаат сокчиња за децата плус и по ние на браво по 100 ден едно наредни баш до децата масата а ги наплаќаат плус многу нефер ситуацијата. Имаше плачки секое сака да земе од тоа а они ги ставаат плус во цената.
Планета Среќа во Ново Лисиче и ние кога гледавме за роденден во Октомври беше ладно, вработената и гостите седеа по јакни ...
точно кај мене во населба и одевме неколку пати ама ладно е, има премногу играчки ама сите се искршени расипани
Предлог за игротека со поголем капацитет за возрасни? Многу ми се собираат околу 40 деца и минимум толку возрасни. За средина на март ми треба, идеално би било надвор за толку деца, ама времето не ми е сигурно. За во Дајмонд игротеката знам дека има капацитет за толку, како сте задоволни од цени и храна дали мора од кај нив или може и од надвор?
Пак џунгла, имаат голем дел и надвор, покриена тераса. А внатре комотно е за толку луѓе. Не знам јас поголема игротека во Скопје. Ако се појави да ме известите, пошто јас само за внатре барам во зима Дајмонд само од кај нив храна смее. И игротеката се дели со други гости/родендени. Тоа не ни се свиѓаше.
Првпат роденденот и се паѓа во викенд и прва прилика да искористиме да и го славиме на денот 4 години се и го поместуваме
Ние славевме во Меџик хаус пред месец дена,јас сум задоволна од се,девојчињата беа многу љубезни,ги забавуваа децата,има доволно играчки,диско...топло беше внатре,голема е и не е загушно ,се на се убаво поминавме.
Види ја WOW Land на Рузвелтова.Ние таму славевме роденден и сме презадоволни.Имавме 50-60 возрасни и 35-40 деца
Претесна ми е wow land за 35-40 деца, како ли ве собрало. Ние имавме околу 20 и многу беше некако наполнето, плус 20 не знам каде би се собрале… возрасни 50-60 ако пола се надвор можда. Убаво е местото и персоналот, ама по мене нема капцитет за голем роденден.
Ја гледам Русти кидс ја отвориле ама се разочарав. Огромен простор, а ништо посебно внатре. И јас барам поголема игротека, ама некако дрвениве веќе не ми фаќаат око. Бил ли некој во Томи во Кисела Вода? Не ми одговара локацијата баш, ама како џокер ако не најдам друго и таму би одела.