Игротека Штрк досега сме биле само за игра и убав впечаток ми остави. За славење роденден немам искуство со нив засега.
Кога бевме на игра имаше и поголеми деца, ама сепак најдобро да ја видиш. Исто види ја и Playtime во Аеродром, кај Делиција слаткарата.
Сум била на роденден надвор во Magic House, голем двор е покриен со тенди со маси наместени за возрасните, а децата внатре во игротека. Во Пчеличка има надвор реквизити кај што може и деца и возрасни да се надвор, ако на таква опција мислеше.
Дечки, ја гледам Авантура, вака ми фаќа око, но ми треба игротека која не е многу голема, бидејќи имам некои 20 возрасни и 4 дечиња до 7 години + 6 деца до кај 10-12години. Дали има нешто за големиве деца и колкав е просторот т.с дали е доволно за оваа бројка?
Предлог за простор за славење роденден, како Kinder Park, Love by Alikas или Dion, само храната да не е на база на шведска маса туку централно на секоја маса?
Има една во Кисела Вода, infinity_skopje( INFINITY VR) се пишани на Инстаграм. Види ја, мислам дека ќе ти одговара
Предложете ми кафич со голем двор каде би можела да славам детски роденден, да има доста простор за децата да играат да не треба да трчаат околу маси.
Благодарам ама не барам игротека што ќе ми бара закуп за просторот, имам многу возрасни и сакам баш кафич со двор каде би поминала само со плаќање на пијачки.
Leaf? Па и централ парк е ок. Се друго се ланџ барови или ресторани што ми текнува. Ама овде имаш деца и други гости од надвор и не закупуваш простор.
Да, тие два ми се опција секако, помислив да не има нешто ново што не сум во тек. Имаме до сега славено роденден во двата со тоа што Централ парк е веќе во очајна состојба доведен а пред две години наплаќаа и простор покрај пијачки за славење роденден.
Дион аеродром имаат надвор игралиште ама има и храна. АБЦ кај тениското не знам и тоа дали уште работи одамна не сум била. Форца кај Гоце. Кај Собрание кафичот, само не тој, туку друг имаше еден позади, баш кај игралиштево за деца мислам, ама не ми текнува како се викаше, пошто е до самото игралиште, а може во него да се седи на пијачка. И Собрание може во тоа камењата да се игра ама не ми е по кејф... Мондано исто ако работи, нешто затвараа, отвараа, не знам во каква состојба е треба да се праша или ако бил некој скоро. Русти правеа дел за деца ама можно е да со закуп и кај нив. Вака и јас кога ќе барам нешто за во зима да ми врати некој сакам
Ти благодарам. Оо за затворено ваква опција е потешко да се најде да имаат и децата што да прават. Освен Дион не сум слушнала за друг кафич/ресторан да може да се помине без закуп за простор за деца ама ајде има време, ќе истражиме ☺️