Ви пишувам да споделам искуство за Русти, кое што за жал е ужасно, сега и никогаш повеќе. Игротеката за време на роденденот е отворена и за други деца и возрасни кои што можат да платат на саат термин за да влезат. Самата игротека е многу малку опремена со цел да се доплатат пакетите за анимација(има три пакети со различни цени) за на децата да им биде забавно, инаку се досадуваат. Да не почнам да зборувам за цените, 800 денари е мени по човек без пиење во кое што се добива неверојатно многу мала количина на храна на база на шведска маса. Откако се побунивме ни кажаа дека може да си докупиме порции од ресторанот…
Јас уште на стори кога го видов го отпишав. Баш ми е жал што во пракса испаднало и полошо. Фала што сподели. Пред некое време имаа објавено и за театарска претстава за деца кај нив, карта 500 денари. Мене тоа ми е нереално и нема шанси да отидам никогаш. Па фестивалите Поточиња и Златно славејче се толку. Театар за деца и млади 300 денари се.
Фала што сподели дека е нов и ајде сега сите таму а не кажуваат на телефон ништо детално. Ццц па зашто плаќаш закуп ако дозволуваат и други ајде а храна што има ако може детали од менито од руски или друго скроз?
Zdravo, Dali ima nekoj iskustvo so kids avenue, ke slavime 3 rodenden, nekako lovely i littleland ne mi se dopagaat. Ili mnogu e bebeska kids avenue za 3god dete? Nekoj drug predlog vo Play - nema mesto. Ke imame 10tina deca razlicna vozrast i 20tina vozrasni
Тотално разочарување е Русти кидс, таков голем простор можеа фантазија да го направат, а наместо тоа ја поделиле на два дела игротеката и треба да ти е нормално ти да плаќаш закуп 5000 денари за пола простор, а во другата половина да си играат рандом деца...луда работа...башка внатре толку малку играчки, ептен безвезе, на син ми му се здосади во првите 5 минути. И она инсистирање за дополнителни пакети мислам не сфаќаат колку оди на нерви, како бесплатни да се, а тоа плус 6000-8000 денари на веќе скапиот пакет за закуп.
Mi go predlozija i Dream Party, imalo zabava za decata, samo neznam kolku e za 3god? Nekoj da bil tamu vo skoro vreme, gledam komentarite se poodamna, ne sme bile tamu a na sliki ne mi izgleda nesto posebno.
Ние, 8-ми роденден, само тоа е за поголеи деца, од 6 нагоре. Задоволни сме ептен, се е обезбедено и организирано од нив. Децата уште позадоволни
Здраво да споделите искуство со игротека Планета Среќа во Кисела Вода?Видов на нет имаат и мало дворче во склоп на игротеката.
Има две менија за возрасни, како во ресторан за свадба, плаќаш мени по човек а храната е на шведска маса, па немаш точна мерка, а они ставаат нереално малку храна, ова го зборам од лично искуство, откако се побунивме дека таа храна што ја плативме за 30 луѓе по 600 денари мени не беше ни приближно количински како за нешто што е 18.000, ни рекоа тоа е.
Ние сме биле на играње со лата и искрено многу убава ,средено чисто со дворчето ептен мерак ми направи .Единствен проблем е што нема паркинг.
Јас сум била на неколку родендени а и на играње едно големо НЕ.Не е чисто,искршени играчки како да застанало времето една играчка нема саглам.
Паркингот е зад игротеката помеѓу зградите. Од игротеката треба да ви отвпрат за да влезете, не дека е голем, ама има место за гостите.