Ми треба мала помош. Сакам да нарачам од subzy за детски роденден за околу 25 возрасни и 10 деца. Какво искуство имате со нив, дали ја носат храната до игротека? И колку отприлика би ми било потребно храна да нарачам, вклучувајќи и нешто посно, бидејќи гледам имаат и некои веге бургер. Не сакам да трупам храна, па да ми останува
Одчична храна, бургерите, клуб сендвичите итн се големки не се минијатурни. Со 3 кутии ќе имате доволно а и мислам дела над 3000 таман е бесплатна достава.
Хај Гледаме игротека за 5ти роденден ама немам идеја некако каде Лани во штрк правевме,претходно во Бајка,меџик хаус Сега ја гледам Дримленд зад Капитол Бил некој скоро,како сте задоволни? Или некој предлог за Аеродром за 15 дечиња и околу 25 возрасни
Да ја видиш Playtime кај Делиција во Аеродром, дали ќе ти одговара. Гледам на фб имаат и летна тераса.
Дримленд зад капитол мислам е срушена и затворена, во секој случај не ја препорачувам. Дримленд кај Тобако 2 зградите ми се допаѓа.
Ми треба игротека за заедничка прослава на двете деца: полнат 4 и 7 години. Дали може некој да сподели искуство со Dreamzone? Дали би било погодно за двете возрасти и како се со цени? Дали просторот се закупува или е отворена и за други посетители?
Dreamzone во Дајмонд е за двете возрасти, но мислам дека е отворен концепт. Занм дека алкички им ставаа на децата за од кој роденден се или така нешто. Во Светот на децата кај Усје е исто за различни возрасти - има за дечиња од градинка но има и билијард, фудбалче и сони за поголеми.
Дали би сакал некој да ми го прати менито од Dreamzone? Не можам да ги добијам на тел. Ме интересира исто дали родителите седат каде што може да ги гледаат децата или во друг дел, како што е во игротеката во тц Лиза? Ве молам и за други предлози за место соодветно за 7. роденден, освен Нест.
Не знам дали ќе ти одговара, ама скоро бев во Џунгла на така поголем роденден со околу 50-60 (возрасни и деца). Доста комотен простор, доволно за играње. Малку таму е тешко за паркинг, зашто е кнап со местата. Услугата беше и повеќе од солидна.
Videte ja novata igroteka vo Aerodrom,HOPPYLAND ,blisku do Delicija .Dobar koncept ,cisto,toplo i devojkite sto gi animiraat se prekrasni.Imame odlicno iskustvo.
Дали некој славел или бил на роденден во kids escape room? Дали има простор кај што родителите може да седнат/ пијат пијачка или само ги оставаат децата?
До вратата има една масичка со 2 стола колку да се рече има кај да чекаш. Инаку нема соодветно место за родители, кога бевме видов некои стоеа пред зградата, ама не е замислено родителите да остануваат. Мене ме пуштија кај јакните што стојат да почекам 5мин дека беше ладно тој ден.
Play 1 или little land за 4 роденден во лето? Не знсм бројка на луѓе, но која е подобра опција ако имате искуство?
Дали некој славел или бил на роденден во Лавли со 50 возрасни? Не знам дали е воопшто изводливо ама во Аеродром не верувам дека има поголема игротека од таа. Ако е добро времето мислев надвор 3 маси пример. Во план ми е во понеделник да поминам на лице место да видиме како би се извело и дали е возможно.
Во Лавли сме биле само за игра и немам искуство со славење роденден. Инаку има отворено нова игротека во Мичурин, спроти Танец, Kids Express се вика игротеката. Кога прашав за славење роденден ми рекоа внатре има капацитет за 45 возрасни, а надвор за 20 возрасни. Ако си во можност види ја и оваа игротека дали можеби ќе ти одговара.