Некој да сподели искуство за Нест во скоро време ? Мора да се земе од таму храна , а последно пиците беа катастрофа , со готово тесто
Многу зависи од бројот на гости. Мене Play ми е омилена, ама има значително помал капацитет за гости. Според мене нема простор за повеќе од 25 возрасни и 12-3 деца. Little land е многу поголема.
Јас денес бев во неа и стварно е преубава е се ново и премногу играчки има. Делот за возрасни е исто голем и има надвор маси плус
Последно бевме во Нест пред недела дена и тоа што пробавме од новото мени беше супер. Пиците сега им се правоаголни, поголеми и далеку подобри од претходната верзија. Келнерката кажа дека наводно сами ги правеле, а претходно ги порачувале од друго место.
Здраво, дали некој правел роденден во игротеката Дворче во Марино? Има преголем двор и многу простор за децата па ме интересираат ваши искуства
Се согласувам има многу играчки , ќерка ми ја вика мојата игротека . Највероватно и ние таму ќе славиме роденден.
Здраво, дали може да споделите искуство од скорешно славење роденден во БиГ Банг игротеката во Лиса? Како поминавте, која е цената на пакетот и што е вклучено во цената? благодарам однапред
Не најдов друга тема, да прашам дали има некоја добра игротека во Кисела вода отворена за игра? Или некои други игротеки низ Скопје да ми препорачате…
Јас најтопло ви ја препорачувам игротеката Kids Express во Мичурин. Не е ова реклама, само кажувам мое мислење. Игротеката е нова, има многу убави играчки и персоналот е љубезен.
Нема во Лавли простор за толку возрасни, барем не ако сакате сите внатре да седат, но има обично и неколку масички надвор па така може би собрало. Видете ја Playtime до Дим Маркет во Аеродром, тие имаат голема тераса со доста простор за возрасни.
Фала на одговорот. Инаку прашав доректно кај нив и бев да видам повторно иско сум била барем 5-6 пати до сега. Има комотно простор за 50 луѓе. Плус надвор имаат уште 3-4 маси. Оддамна имам капар оставено пошо ретко која игротека собира повеќе луѓе. Но да немав ќе одевме во новата кидс експрес. Дури криво ми е што ваму веќе капар имам, многу играчки се искршени или фалат делови ама тоа е, ќе поминеме на ред вака или така. едит: треба почесто да ги обновуваат играчките. Пред две недели бевме на рoденден таму онака буквално се е искршено или фалат делчиња.
Покрај тоа што се искршени играчките, јас имав искуство и со неиздавање на фискална сметка. Од 3 девојчиња што беа на смена, ми беше кажано дека ниедна не знае да искуца фискална сметка и дека ако сакам може да поминам друг ден да ми ја дадат фискалната. Претпоставувам дека ова им е наредено од сопственикот и дека вработени своеволно не го прават ова. Како и да е, сепак е несериозен и непрофесионален однос.
Не сме од Ск, носам пред некој ден дете онака во рандом време да поигра во една од неколкуте игротеки во градов. Буквално на една рака се бројат, на прсти. И жената селотејпот во рака, сунѓери, најлони, вика си бара обновување, одржување, се помалку деца има, се помалку родендени се прават. Игротеката е иста со години, плус, минус некоја играчка и вака крпеници што би се рекло.
Таму. Не ми е целта за критика, само надоврзување колку во градов не се посветува внимание или не се вложува во игротеки, во обнова.
За lovely playground игротеката станува збор? Моја најдобра другарка закажала таму роденден за ќеркичката во јуни ќе прават, и она одамна имала дадено капар и сега се колеба. Од школо други мајки коментирале дека играчките биле искршени, немало којзнае какви реквизити за играње и мал бил просторот за возрасните.. Јас што гледам на инстаграм ми делува дека е Ок, интересна ми делува, иако не сум била до сега таму. Се надевам дека убаво ќе си поминеме и ние возрасните а дечињата уште повеќе во јуни