Игротеката воопшто не е мала, една од поголемите во цело Скопје, и беше супер до лани можда, но сега навистина многу играчки се искршени. Дури и јас се попишманив што закажав таму, но ми требаше поголем простор за возрасни, а собира комотно 40-50 луѓе. Пред 10тина дена бев со синчето на роденден таму, имаше 20тина ворасни и беше празно. Јас лично многу ја сакам таа игротека, ми се допаѓа концептот, но многу играчки се искршени или оштетени. Од тие за редење како сложувалки едно нема што е целосно, на сите им фали барем еден дел ако не и повеќе. Детево мое онака разочарано беше као немам со што да играм. Најмногу деца играа во песокот, а мојов нејќе да го види песокот. Како не се отвори оваа кидс екпрес порано, скорз сум пишман, ама веќе ми се пратени и покани и се. Ми иде да купам 2-3 играчки да им ги однесам во игротеката.
Play е проширена сега, уште еден локал имаат земено, постоечкиот дел е за децата и шанкот, а новиот локал е за возрасни и навистина е многу убаво уреден.
Колку возрасни реално собира внатре? Дали се стварно само 30 сокчиња во понудата? Како е за паркинг во тој дел?
Морам да напишам само пофални зборови за Лавли. Многу се пишманев, но на крај испадна одличен избор. Сепак дечињата си ја прават забавата. И девојките што беа на смена тогаш беа одлични, расположени и нон стоп беа со децата. Многу весел и разигран роденден.
Јас кога прашав за славење роденден ми кажаа дека внатре капацитетот е за 45, а надвор за 20 возрасни. Во однос на понудата најдобро да си прашате во игротеката или директно да отидете на лице место. А за паркинг имате кај детското игралиште во Мичурин, што е до надвозњакот.
Ние бевме пред некој ден на кафе,да видиме за роденден Игротеката е нова,чиста Внатре 10 масички имаше за по 3/4 луѓе(ако има 40 луѓе ќе биде претесно,маса до маса се ептен блиску,муанетот од др маса го слушаш,како заедно да сте) и надвор тераса,не видов колку места има 5 илјади е за во игротеката Не ми кажаа дали е ограничено за сокчиња Ама тој дел таму е претесен со кола,паркинг кај надвожњакот кај што поминува пругата имаше дури Така да ќе отпадне од изборот за игротека за роденден
Благодарам за детален коментар, баш ми значи... иако не сум среќна што lovely ќе треба (пак) да ја одберам за толкав број на возрасни (40-50)
Здраво феминки, за роденденот на син ми се размислувам за кетеринг помеѓу две сестричиња, кетеринг бибер и сол, и поховани даски. Цените се горе долу исти, но количината што ја нудат за цената е различна. Дали некоја од вас има искуство барем со две од овие чисто за споредба во квалитетот?
Ве молам и мислење за bubbles kids club? Претходно имаше некој лош коментар за играчките и безбедноста, па ве молам за повеќе искуства.
Zdravo Da mi predlozi nekoj kade da najdam maskota Hulk ? Najdov edni no se zafateni i edno od Kumanovo so 5000 denari Imate li nekoj iskustvo? Vi blagodaram mnogu
Најдобро е сама да појдеш и да процениш… Инаку, да, игротеката е целосно дрвена и речи си нема играчки како во други игротеки. Значи, направено за дупнување глава. Има буквално СКАЛА за качување што е многу висока и тенка. Не е безбедно воопшто за помали деца, а и делот за играње е целосно одвоен од делот за возрасните со ѕид. Значи, додека седиш не си го гледаш детето. Освен за качување, баш и немаа што да си играат децата. За поголемки деца, можда му е океј на некој. Ама за помали (2-4 год), no thank you.
Ја спротивно мислење имам, баш е голема игротеката и комотно собира 30 внатре плус надвор 10-15 души. И во двете сме славеле, оваа имавме најубав роденден, прават декорација со балони, картички за боење за децата, сокчиња и грицки имаше баш фул. Е сеа девојчињата не беа уаааау ама не ми беше дил брејкер мене.
Здраво , може да ми кажете како се вика новата игротека негде кај Сити мол во близина ? Ја видов на инстаграм ама заборавив да ја заследам...