Игротека Hoppyland vo Aerodrom imaat odlicna ponuda od 2000den za letniot period ,prifatlivi ceni i rodendeni preku igra! Nova moderna i bezbedna.Sorabotuvaat so ketering i slatkari za torta. https://maps.app.goo.gl/EeaUezZBZtWPTSVM7?g_st=ic
Добро е што нудат вакви роденденски понуди, но мислам дека треба малку да поработат на подобра комуникација со потенцијални и заинтересирани посетители. Неколку пати им ѕвонев на телефонскиот број оставен на нет и никој не ми се јави. Исто така им пишав и на вибер повторно не добив одговор.
Можеби.Ние напротив имаме позитивно со нив.На инста одговараат брзо и се доста флексибилни за термини и барања што ги имавме.
Секој со своето искуство, но доколку сериозно сакаат да се занимаваат со оваа работа, којашто верувам дека не е лесна и е многу одговорна, сметам дека треба да поработат на подобрување на комунукацијата со потенцијални посетители. Намерата ми е најдобронамерно да укажам. Ете сакав да го однесам детето на игра таму, но не добив никаков повратен одговор од нивна страна.
Нели? Ок еве има можност да прочита мислења, сугестии, најдобронамерни укажувања од потенцијални посетители на игротеката.
Да, а и претходно има коментирано слични работи и тоа само за истата игротека и баш нов профил стриктно за Hoppyland да ја фали. Нема врска, и тоа што велиш, убаво е да ги чита сугестиите од посетителите. Така ќе се надоградува и поправа. Инаку, симпатична игротека, иако јас не сум многу по тие игротеки со дрвен концепт
Здраво како поактивна тема решив тука да прашам, ќе може да споделите искуства со игротеката во ресторан Биен во Аеродром?
Хај Феминки, Бараме игротека за роденден ама неможам да најдам нешто соодветно. Не ми треба голема игротека зошто немам премногу деца а и немам премногу возрасни. Видов слики од kids express и ми фаќа око ептен ама сакам да прашам дали некој славел роденден таму, какво искуство имате и најважното прашање ми е како стојат со паркинг? Се наоѓа ли лесно место за паркирање затоа што повеќето од гостите ќе доаѓаат со кола? Или ако имате предлог и препорака за друга игротека каде сте имале добро искуство за роденден и да се наоѓа паркинг лесно (немора да е бесплатен паркинг) да споделите ве замолувам. Лани правевме во Kids Avenue и супер поминавме, не е огромна, па за бројот на деца и возрасни нас ни беше супер, вработените беа прекрасни, ама просторот за паркирање што го користевме им го скратиле и дозволуваат само една кола да паркира кај игротеката а другите да се снаоѓаат. Има многу убави игротеки низ Скопје ама за жал 90% се забуткани низ овие милион згради што се направија и немаш кај да паркираш. Многу ми пречи кога треба да го носам малиот на роденден а вртам 20мин барајќи паркинг и не секогаш наоѓам
Игротеката е нова и убава и не е преголема зборам за детскиот дел. Има доволно маси и столчиња внатре ама за терасата не знам точно. Иако не ми се виде многу голема колку што ја забележав. За паркинг искрено е најнеповолно бидејќи може да се паркираат само на улицата кај игротеката и прашање е дали ќе се најде место. Друга опција нема за паркинг блиску до игротеката. Услуга одлична.
Аниматор кој би забавувал и помали и поголеми деца 2г-12г. Лили кловн на одмор се.. сакав они.. нешто такво барам.