Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Погледни ја igrotekakidsclub на инста, не сум била на роденден ама ги носев скоро децата и супер си поминаа. Не е многу голема ама има таман место и играчки. Паркинг има пред зградата ама и таму зависи како ќе најдеш. Ние кога бевме имаше повеќе слободни места ама не знам дали е стално така.
    Инаку и во kids express бевме на роденден, одма најдовме место на улицата. Игротеката е супер, се изнаиграа и таму. Ок ми се и двете и мислам дека не се скапи за роденден.
     
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.547
    Допаѓања:
    18.953
    Можеби тука повеќе ќе го видат прашањево, од каде можам во недела да купам лебчиња за мини бургери?
     
  3. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    2.721
    Пол:
    Женски
    Vero vo jumbo.lisa vo aerdrom ne znam pekari dali rabotat
     
  4. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    405
    Дали некој славел роденден во Urban Kidz Playground? Ме интересира дали е просторот за возрасни доволно голем? Викаат дека имаат и тераса но незнам каде би била таа и колку луѓе би собрала?
    Би ми значело мислењето.
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.547
    Допаѓања:
    18.953
    Дали лифтот до игротеката во Џевахир мол води надолу до паркингот?
    Секогаш пред молот се паркираме,но овој пат ќе бидеме со торби па гледам од каде е најдобро да се влезе.
     
  6. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    D
    da
     
  7. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог за роденден за 7год.
    Нешто интересно, место, аниматор... било што :?:
     
  8. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Не сум славела 6000 само за закуп ми е ту мач некако, толку ми побараа пред пола месец не знам сега како се со понуди. Гледа терасата накај адреналинскиот парк, денес околу пладне имаше 4 маси само надвор и мислам нема тенда не загледав, сабајле нема сонце таму ама попладне мава директно. Можда за родендени ставаат плус маси надвор.
     
  9. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Здраво ако мислењето не е за тука, слободно нека го префрлат модераторите. Во последните неколку дена имавме можност да посетиме неколку игротеки во Скопје, за слободна игра. Впечатокот ми е дека поголемиот дел од родителите, кога ќе ги донесат своите деца во игротека, седнуваат да пијат кафе и да скролаат на мобилните, за време на целиот престој во игротеката. Се однесуваат како грижата и одговорност за нивните деца, да е целосно на вработените во игротеките или на оној мал дел на родители, кои ги надгледуваат своите деца. Доколку како родител кој го следи и надгледува своето дете, најдобронамерно им укажеш дека нивното дете го турнало, удрило или со сила му ја грабнало играчката на твоето дете, се прават наудрени или почнуваат да се расправаат со тебе, наместо да пробаат да поразговараат со своите деца. Сметам дека ваквото однесување не е во ред.
     
    На azelea, princess5, Verce733 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Alex*

    Alex* Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Имавме слична ситуација баш во петокот.
    Пиевме кафе да, но цело време ја следевме, свртени кон игротеката. И кога некој од нас ќе погледнеше во телефонот, другиот постојано внимаваше на неа, пред сè за од невнимание да не направи нешто некому или да не се повреди.
    Кога влеговме, имаше момче од околу 5 години кое постојано одеше по неа, ѝ ги земаше играчките, а таа, бидејќи има само 2 и пол години, едноставно ги даваше, бегаше , се повлекуваше. Не знае како да се избори во таква ситуација.
    Забележав дека и девојката што работеше таму тешко се справуваше со однесувањето на детето.
    Потоа дојдоа уште две момчиња, од кои едното беше околу 2 години тогаш детево се насочи кон нив постојано ги буткаше и туркаше. Почнавме да реагираме, па сопственикот ѝ кажа на вработената да им каже да си го приберат детето кај нив.
    Детето беше со баба му, која во текот на целиот час и повеќе седеше надвор со цигара во раката. Влезе само еднаш, и тоа откако внучето почна да плука, па вработената реагираше.
    Поентата е дека сите сме одговорни за сопствените деца. Не можеме да очекуваме вработените да ги воспитуваат или постојано да ги контролираат, но очекувам како во овој случај да реагираат.
    Но, тоа е што е. Избегнувам да се расправам, затоа што не сакам ниту моето, ниту другите деца да слушаат кавги и расправии. Реагирам таму каде што треба, а ако нема никаков ефект, едноставно си плаќам и си заминувам. Има и други игротеки.
    Моето дете има целосно право да ужива, да се игра безбедно и без вознемирување, исто како и секое друго дете. Истото право го има и секое друго дете, но тоа подразбира и дека родителите или придружниците треба да преземат одговорност и да внимаваат на нивното однесување.
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Добро е што и вработената во игротеката реагирала, но секако придружниците на децата се тие што треба први да реагираат. Баш пред некој ден ми се случи тоа што си го пишала, кога видов дека родителите на детето што турка не реагираа, платив, си го земав детето и го однесов во друга игротека.
     
  12. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој славел во Смајл кидс нова игротека во кисела вода на Борис Трајковски до Техномаркет, искуство ако може.
     
  13. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Немам искуство со славење на роденден, но сме биле за слободна игра во оваа игротека. Игротеката е релативно нова, играчките се ок, но според нив впечатокот ми е дека повеќе одговара за момчиња, оти не видов кукли и играчки со кои повеќе би си играле девојчиња.Има мало фудбалско игралиште во игротеката, покрај лизгалка, трамболина и ѕид за искачување.Не прашав за колку гости е капацитетот, но според мене просторот е комотен за поголем број гости. Исто така, имаат куќен ред според кој родителите се одговорни за безбедноста на нивните деца, немаа вработен за надгледување на децата. Не знам дали за родендени ангажираат лица за надгледување на децата. Ова е ок во случај кога родителите сакаат и ги надгледуваат своите деца дури се во игротека. Исто така, според куќниот ред ако играчката намерно се оштети тогаш родителот треба да плати за неа. Не знам и ова како ќе го докажат и спроведат, кога немаат вработен за надгледување на децата.
     
    На Septemvri му/ѝ се допаѓа ова.