Нас последните години од 300-500 евра не кошта роденденот. Игротека 5.000-6.000 денари, пијачки 10.000 најмалце, торта 3.000-4.000 денари, јадење од 6.000-9.000, балони/украси од Тему и тоа 1.500-2.000 и на ова нешто ново за облакање за славеничката пошто роденден па ај да е ново. Среќа малата не е по маскоти и сл. па немам трошок и за тоа. Е сеа овој трошок е индивидуален во зависност од тоа колку гости се и колку се јаде/пие. Ние во просек имаме околу 30-40 возрасни сите по едно кафе и сок да испијат во тие 2 саати е 200 евра само на пиење. Ко ќе видиш скапи се родендените вистина, ама па еднаш во годината им е роденден и се радуваат на тој ден така да парите во споредба со нивната среќа и радост се споредни, како ќе се потрошат така ќе се заработат пак. Малата исто полни 6 години во Ноември и баш оваа игротека ја резервиравме минатата недела. Реално ја гледам уште се радува на игротеки а и децава со кои се дружи така да додека им е интересно ќе славиме во игротеки.
@SuperGirl24 извини шо се умешувам у муабет, колкав капацитет има игротекава во однос на возрасни и деца? Почнав да гледам игротеки за малиот а имаме доста деца и возрасни, барам некоја поголема.
Јас да ти пишам неповикана, баш прашував за роденден, за деца капацитетот беше 25, а ние имаме околу 40 деца, па за жал не можев да ја закажам, а баш ми се допадна од тоа што гледав на инстаграм
30тина ги броев по маси, имаат маси со по 4 столици и као 2 коњопоја со по 6 столици и плус некој на нога нели што ќе биде. Ќе биде малце дишење у врат али тоа е ... За деца не ни помислив ама горе доле и деца ќе имам толку,секако тие трчаат се бесат па не се осеќа гужва кај нив.
Да се надоврзам, јас прашував за ноември, ми рекоа дека ќе има плус маси, нешто ќе тргале па ќе се ослободело простор за маси.
И кај мене се околу 40 деца со тоа шо роденденов ни е у ек на вируси зимата па пола од гостите секогаш откажуваат ама пак ми треба и за околу 40,50 возрасни. Пишете предлог ако имате за игротеки со поголем капацитет.
Дали ќе може предлог игротека за прв роденден со тоа што ќе имаме 20ина деца на возраст докај 6 години и 40 возрасни?
Предлог за игротека за 2ри роденден? Сакам да е прилагодлива и за мали деца. Многу ми се допаѓа Савана кај гак. за туризам, ама премал е делот за седење... И дали се канат дечињата од група? Лани не ги каневме за 1ви роденден, сега ќерка ми ќе премине и во нова група со полни 2 години. Не знам дали да канам, и од која група дечиња.
Ние почнавме со канење за 3тиот роденден . Во група некои од 3ти некои од 4ти роденден . За 2 години Плеј 1 , Литле Ленд исто може не знам конкретно од кој дел на Скопје си. Аеродром можеш Ловли, Штрк во Ѓорче има Форест игротека и таа е океј за 2 години.
Па каде и да било, не е проблем за еднаш возење. Секако и гости има од сите страни. Плеј 1 е кај Олимпико тоа? Јас само во тој сум била. Овие другиве ќе треба да ги проверам, немам отидено.
Мали ми се некако за втор, кај нас канеа од 3ти, повеќето од 4ти. Ама ако ти е мерак може покани си што има врска, они секако си се дружат се знаат. За таа возраст, лавли, литл ме, кидс авенуе, види ги.
Кај нас почнаа од трети роденден мислам дека се мали од втори, уште не се знаат толку и не си играат едно со друго.
Знам за која ми викаш, ми текна. Во зградава кај Октај фризерот и Френдс кафичот. Фала ти. Јас имам 3-4 пати добиено покана за 1ви и 2ри роденден од група. Ама во глобала не е пракса за сите дечиња да канат, затоа и не знам како да постапам. А децава се знаат, мојава ги распознава сите од нејзина група, и многу од поголемите деца. Во принцип уште цел саат играме во двор во градинката кога одиме да ја земеме, и така мислам дека пола градинка веќе децата ги научив.