Игротека за дочек на роденден

Дискусија во 'Дете' започната од noddy, 17 август 2010.

  1. Kotonjec

    Kotonjec Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Планираме заеднички роденден на двете деца зошто се неколку дена разлика, големото ќе прави 4 години, малото 1 година, во ноември. Ми треба предлог за игротека за 40тина возрасни и 20-25 деца, пожелно околина на карпош. Бидејќи ќе имаме и мали и поголеми деца, нешто соодветно за сите возрасти.
     
  2. Sneska2104

    Sneska2104 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Види ја WOW land или Urban Kidz
     
    На Kotonjec му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.676
    Пол:
    Женски
    Да, за урбан кидс. Ми рекоа дека 50 би собирало.
    Ракетата што е на влез ќе ја тргнеле и влезот ќе го преместеле од друга страна и се ослободува простор за 3-4 маси. Ако се очекувало повеќе гости можеле да стават коњопои.
     
  4. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.294
    Таму би собрало ли 30+ деца? Сум била на роденден ама дека нема мн играчки туку само лизгалкиве и трамболината па не знам дали има место за толку деца. Од градинка имаме само 20тина и плус 10-20 од другари...
     
  5. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.294
    А за колку деца има простор отприлика?
     
  6. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    2.671
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Малата ќе ми полни 3 години,се мислам која игротека да ја одберам.Дали Смешко ленд или Џои ленд кај Њу Борн клиниката?
     
  7. Tea SK

    Tea SK Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.423
    Допаѓања:
    11.134
    Пол:
    Женски
    Последен роденден што бевме толку деца имаше. Ги анимираат девојчињата многу, игри им измислуваат. Незз колкави се децата, ќерката е 5 години. Во која игротека и да одиме девојчињата се заигруваат со аниматор, машките трчаат сите на сите страни :D
     
    На LittleLilit му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    2.676
    Пол:
    Женски
    Појма немам искрено, ама доволно голем ми личи просторот за деца.
    И ние очекуваме 40тина гости, 30+ деца, па Плеј ми беше прва опција, ама немаше слободен термин за датумот што ми треба. Урбан кидз ми беше следна опција, за среќа имаше термин и тоа еден само. Следен пат од лето ќе закажувам за во ноември:drunk:

    И тука нема играчки, туку лизгалки, тунели, трамболини, подиумот со светло, вртелешка и уште нешто имаше не ми текнува сега, таман за трошење енергија. Поголем е делот за деца споредено со Плеј.
    4 полни мојот, другите дечиња 80% се исто 4 години, останатите 5-7. Мислам дека таман ќе им биде.
    Joyland

    Littleland
     
    Последна измена: 27 септември 2026
    На Kotonjec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    5.376
    Сега кога кажа 30+ деца и јас се замислив, ако знаеш дека толку би дошле сигурно. Ај види си ја џунгла. Ние лани имавме така околу 30 деца и 40 возрасни и тоа не дојдоа сите нормално, јас не најдов друга игротека комотна. Кога разбрав дека плеј е реновирана-проширана се прерадував пошто најголем проблем ми било возрасниве да ги седнам и реков готово резервирам следен родеден таму. Не сум била откако е реновирана ама ако делот за играње е ист тогаш би размислила дали да резервирам за толкава бројка. Башка и поголеми се сега не знам што би правеле 30+ деца во плеј. Ова во Џунгла баш има игра за сите возрасти и карактери.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    10.809
    Во Плеј 1 е проширено ама нема нови работи. Имаат ставено уште еден рингишпил, поширок е просторот кај масичките кај што играат со аниматор и во делот кај возрасните имаат ставено биљард маса. Толку.
    За возрасни е ептен покомотно, ама кај децата многу промени нема.

    Мене секако ми се допаѓа игротеката, ама за 30 деца може малку гужва ќе биде. Особено ако се многу големи, ќе зависи и аниматорите како ќе ги занимаваат.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.294
    Искрено роденденот ни е во ек на болести пред нова година и секогаш до сега пола од гостите откажуваат ден пред роденденот, ама пак морам да резервирам. Инаку само од градинка доаѓаат по 20тина деца плус од наши луѓе скоро сите се со по 2 деца ако дојдат 15 и ете ги 35, а 4 години ќе полни. Ние сме биле во Плеј од градинкава ама не сум приметила колку деца имало.
     
  12. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    224
    Здраво ми излезе реклама за игротека Sweet Planet, се наоѓа во Ново Лисиче позади бензинската на Макпетрол. Дали е на местото на Планета Среќа или ова е сосема нова игротека?
     
  13. Sneska2104

    Sneska2104 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Da , na istoto mesto e , ne e nova igroteka. Istata e no pod drugo ime
     
    На lady1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    114
    Да ми споделите цени на мениа: joyland, wowland, littleland, дали се како на пример Dreamland и Smeškoland или како во Нест и Дион?
     
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.062
    Допаѓања:
    11.437
    Луѓе ќе се шекнам од гледање игротеки. Ми треба за 2ри роденден, локација не е толку важна. Да не е во Драчево ептен, или Хиподром. :D

    Плеј 1 нема слободен термин. Средина на Ноември ми треба. Почна и паника да ме фаќа. :D Изгледа порано требаше да почнам.
    Литлкидс нема слободен термин.

    Киндерспејс е нова, чиста. Ама ми е страшно лизгалото, таму може сериозно да се повреди некој.

    Јас често ја носам во Савана, таму ми е баш за таа возраст. Ама претесно е за возрасни. Ако некој правел, споделете колкав број на возрасни собра?

    Кидсавенју ми е опција, ама за паркинг ќе биде ноќна мора. Кај ќе се вртат гостите не знам.

    Не сум била во Лавли, Киндерпарк, Хопиленд. Искуства од таму скорешни имате ли?
    Или други да препорачате?

    Мозокот ми стана каша попара од имињава на игротекиве. :D
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    5.376
    Русти види. И литле ланд, ама и таму е ужас за паркинг можда и бетер него козле. Лавли е ок. Киндер парк ако е надвор внатре ок е, за внатре русти ми личи по фино, ама па само на гости сме биле, не сме славеле, не сум ги анализирала многу, може грешам.
     
    На dromka и LadyR им се допаѓа ова.
  17. Frozen ❄️

    Frozen ❄️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ќе може ли предлог игротека за роденден за машко, 8 години? До сега славевме претежно во Џунгла, но сакаат промена.
     
  18. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    224
    Не знам дали ја виде Kids Express во Мичурин и Лала Ленд во Кисела Вода. Хопиленд сме биле само за игра, ок е. А Лавли последниот пат кога бевме на игра играчките беа испокршени, песокот расфрлан насекаде, така што некако лош впечаток ми остави.
     
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.062
    Допаѓања:
    11.437
    Не сум била во овие две. Ќе гледам да ги ѕирнам.
    И во Џевахир ми ја фалат, не знам како се вика. Океј понуди имаат и разни активности за сите возрасти. Ама не служат алкохол :D
     
    На dromka, Mumoftwo30 и lady1987 им се допаѓа ова.
  20. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    224
    Само што ми излезе на нет Kids Express оваа недела имаат бесплатна игра за сите дечиња по повод недела на детето и имаат попуст за закажани родендени во овој период. Ете можност да отидете на игра со детенцето и да ја видите игротеката.
     
    На LadyR и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.