Правел некој во Плеј 1 откако ја реновираа да каже искуство, колку возрасни собира, како се со цени за пијачки и сл?
Ако не се лажам мислам дека @KuklickaSk пишуваше дека има закажано роденден во Хопиленд. Ние сме биле само на игра и ок е.
За игра е супер, малечка ама убава. Единствено што ми е фрка ептен е дека немаат никаков адаптер или скалички за малите во вц да се качат. Дете од 17кг треба да држам за да кака (не дозволувам никакво допирање или седење јас на јавни шољи)
Здраво, Ве молам за предлог игротека за 6ти роденден со капацитет од 50 возрасни и 30+ деца. Исто ако имате и предлог за добра анимација за таа воздраст.
Многу убаво поминавме. Ги анимираат децата цел роденден, цените се ок, немаше додавање ставки и газдарицата е супер за договор што сакате да се направи. Јас ги препорачувам @Elosi
И мене ме интересира ако има некој искуство. Бев да ја видам соленка е малку ама убава е и има простор и за деца и за возрасни.
Немам прославувано, викендов бев на роденден, толку гласна музика, толку збутан делот за возрасните, бутале маси, делот за храна исто лошо осмислен. За деца 5+ е предобра игротеката ама делов за возрасни, сите што бевме на роденденот со иста став сме, дека не чини.
Јас сум била еднаш на роденден, убаво си поминавме. Мене па делот за возрасни ок ми се виде, вака како гостин. На малиот битно многу му се допадна, вика дека отсега само во таа иготека сакал да оди на родендени. Јас закажав за во ноември таму, па ќе споделам и искуство како домаќин
Мајки кажете добра игротека полниме 2 годинки и кетеринг од кој сте задоволни.Закажав во Плеј ама немаше на датата слободно па друг датум,затоа ако најдам друга игротека да можам на датумот да биде.Центар,к.вода
Што направивте, резервиравте негде? Како ти личи делот за возрасни во урбан кидс, ќе збере 30-40 или тенко . Имаше роденден едно другарче таму, го пратив маж ми, ништо не видел. Толку ми е шизичка и личи дека е голема и пак не ставаат маси, не ги разбирам. На роденден во Плеј намерно јас отидов, искрено џабе ја прошириле, мн лош распоред направиле со мебелот, ама тоа е. Во театар славел некој? Немам идеи веќе Дајмонд пак ми се врти во глава, прашувал некој скоро, дали е како лани или измислиле нешто ново?