Не сум резервирала уште, сакам да видам уште една игротека па ќе одлучам. Инаку океј ми изгледа оваа, за возрасни има доста маси плус има споени ниски од едната страна, само вратата ми е минус што се отвара на секое поминување а нашиов роденден е у сред зима па може да биде зафркнато за децава и тие шо седат до вратата. Инаку Плеј ја обожавам јас ама имаме луѓе од страна а таму нема паркинг и затоа ја отпишав..
Ние славевме во септември и најтопла препорака. За возраста на мојата ( две години)е идеална. До кај 45-50 возрасни собира. Јас сум задоволна. И онака си одиме често таму.
Здраво да не се затвора игротеката Playtime playground, кај слаткарата Делиција во Аеродром? Гледам сите реквизити, маси и столчиња ги имаат објавено за продажба.
Имам отидено неколку пати за игра таму. Мислам дека пишува дека наменета е за до 7 години, ама искрено мислам дека е океј со кај 3-максимум 4 годишни деца. Зависи дечињата што ќе ти се поканети на која возраст се. Навистина нема голем избор за игра, особено не за повозрасни деца. Трамболината е скината, беше скината пред месец дена, и бев пред 4 дена уште стои така. Мене тоа ужасно ме нервира, подобро да ја тргнат. На две дечиња нозете им пропаднаа, може да се повредат баш лошо. Можат нешто поинтересно да стават место трамболината, секако имаат потреба од повеќе играчки. Инаку делот за возрасни баш изгледа супер. И персоналот е љубезен. Погледни ја Кидора, позади Убац. Мене ептен ми се допадна, поразновидни реквизити има. Има и Playstation за поголемите дечиња на кои другиве играчки не им се интересни.
@Mucika пошо ме праша да ти кажам дека резервирав во littleland. Бевме на роденден и ми се допадна игротеката плус малиот се изнаигра, голема е широка е и тоа е тоа шо ми требаше. Плус добра е понудата што ја нудат и убави слики прават. Здравје урбан за следна година ја оставам.
Има едно Тинејџтека, во Кисела вода, интересно место ми се виде, има и play station, има и за играње и пеење, буквално кој што сака. Исто Пејнтбол е интересно за поголеми, театар или кино, ако тоа сакаат, мислам дека сега во театар има и посебен простор за после претставата да се даде торта/сокче, за родендени ова.
Дајте предлог локал за втор роденден. Немаме премногу деца во опкружување ( за жал), а година не планирам да канам од градинка па не сакам да биде прсзно/тажно во игротека. Некој микс ми треба...за 20тина гости.
Овие игротеки што ги пишав се помали, а ако мислиш на локал што не е класична игротека, а има мал дел за играње тогаш моја препорака за Дион во Аеродром.
Кидли е малечка и супер е за малечки деца, внатре 20тина возрасни валда ќе се зберат, ама на времето правеа родендени исклучиво во сабота, не знам сега како им е правилото.
Да, викендов што помина. Супер беше, презадоволна сум! Децата се изнаиграа, буквално од мало до големо. Вклучувајќи и многу татковци на плејстејшнот и фудбалчињата. Место за 40-45 возрасни има комотно. Чисто е се', играчките се средени и не се испокршени, просторот за игра е баш комотен. Вработените се ептен фини и услужливи. Стварно немам никаква замерка. За децата има сокчиња, грицки, цртежи за боење и дрвени боички. Цените не знам како се на друго место за пиење, зависи и колку ќе се пие ваљда. Ние имавме 40-44 возрасни, не сум сигурна баш за точната бројка, плативме за пијачки околу 8000 ден.