Дали може да се отиде во игротека било кога за детето да си игра? На пример, ме интересира специфично за таа во Капиштец кај Беверли и за таа во Лиса.
Еве јас за таа во Лиса ќе ти кажам...да, може да отидете за да си игра детето. Секако исклучок е ако има роденден и барале славениците да биде затворена игротеката за други деца.
Сериозно ова го напиша? Дај бе осет малку и со зборови и со постапки. Треба да реагираш кај родителите, а не да префрлаш туѓо дете преку ограда. Замисли некој тебе да ти го земе детето во раце За тоа никакви во фаците.. нема ни да коментирам. За деца..
Реалноста е таа, од секогаш била за жал. И пред 10 години и сега има (и ќе има) родители кои игротеката ја сметаат за место каде што можат да си пијат кафе на раат и буквално два часа да не го погледнат детето. И моите биле туркани, им биле земани играчки од раце, скубнати, итн... А секогаш сум била внатре со нив без исклучок до 4 годишна возраст. Кога почнав да ги оставам сами пак бев внатре само не веднаш до нив, па по некое време надвор од оградениот дел ама секогаш под надзор. Ќе се најдеш уште Х пати во такви ситуации, некогаш само ќе превртиш очи, некогаш ќе ти дојде и со некоја мајка да се расправаш ама со детето... нема поента. Прво ти не си таа што треба, а ниту ниту ќе успееш да го научиш детето на добро однесување за тие два часа, а друго физички контакт со туѓо дете е недопустливо. Ќе го земеш твоето и ќе го тргнеш на страна. Ако си ентузијастична како мене на почетокот ќе зборуваш полека и смирено како не е убаво така да се прави, дека треба да се дели и заедно да си играат...и ова нели на твоето дете, а не на тепачот. Можеби во една од сто ситуации ќе упали, најчесто нема. И да изреагираш на родител е џабе, таа мајка ниту е во тек со ситуацијата ниту пак ја интересира, а дека ќе отиде да објаснува на нејзиното дете или ќе го остави кафето за да го пази... малку потешко. Затоа дистанца - тоа е она што можеш да го направиш за да не си правиш стресови понатака.
Па не може да очекуваш во игротека полна деца дека на твоето дете нема да му се земе играчка или нема да биде турнато. Во тој случај треба дома да го чуваш. Зашто и другите се деца и тие сакаат да играат а и во невнимание може да бутнат, турнат.. А јас како би постапила? Па две годишно дете ќе го носам во парк, во природа а не во игротека. Зашто во игротека свесна сум дека ќе се случи тоа.
Не знам шо ќе постигнеш со ова ама знам дека ако некој шо не го познавам ми го земе детето во раце, ќе ја кренам игротеката во воздух. Се разговара со твоето дете и со родителите на туѓото дете. Било турнато, му земале играчка. А очекуваш од деца да седнат на маса и политика да бистрат? Кој како и да си ја сфаќа игротеката, дали ќе го остави детето само и ќе пие кафе и ќе ѕвери у телефон или ќе влезе внатре и ќе си игра со детето, исто така не е твоја работа. Си платиле, шо сакаат ќе прават. Ако не можеш да се справиш со секакви карактери, не знам зошто би го носела нареден пат во игротека.
И мене ме здоболило кога гледам како детето ми го турка некој или му дрпа играчка, а тој дреме, ама да одам да оправам туѓи деца не ми текнало. Ниту ќе воспитувам родители ниту деца, а нема ни ко полицаец да стојам во делот со децата, ако осетам таква потреба подобро ќе го носам по паркови сам негде нека трча.
Озбилна си? И твоето дете ќе дојде ред да бутне некое друго, случајно, намерно не знаејќи кои се последиците. И твоето дете ќе земе играчка од друго. И пак ќе си ги фати рацете, ќе падне... Деца се, не се роботи. И во градинка исто се случува, прашај педагог колку деца проаѓаат низ фаза на буткање. Ако мислиш сите детски расправии ти да ги решаваш или секогаш твоето дете да ја има играчката што тоа ја сака, чувај го дома изолирано. И онака најдругарски, со кој памет напиша какви биле децата во фаците???
Здраво, дали некој има славено роденден во бедрум во центар? Имаат игротека мала па ме интересира искуства дали има задоволни
Има ли некоја игротека низ Скопје, освен овие што се фул со родендени? Препека дете да игра,нема кај да се однесе.... И да,освен таа во Џамбо.
Ние идеме во Кидли често. Игротека на место, чиста со супер играчки И Авантура, до 12 е слободна, мислам дека после 12 им почнуваат родендените
Дали има некоја игротека во Аеродром каде детето може да си игра. Неколку пати поминуваме покрај Lovely секогаш има родендени.
Мојот свет - блиску е до Лавли ама не е толку зафатена за родендени. Заследете ги на Инстаграм, пишуваат дали се слободни за игра скоро како и сите игротеки.
Може да се отиде во Кидли за играње или е само за работилници? Има некој познавање каков е концептот? Се плаќа влез за детето, може да се нарача кафе, сок..?