Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Јас на 6 месеци здравје ќе го оставам во градинка. Најдобар период за адаптација на детето е од 6 до една година. Од година до две е најтешко па потоа има повторно шанса од три години да сака да оди.
    Ем детето ќе биде исполнето, анимирано, наиграно ем јас ќе бидам свежа и полна со енергија дома со него.
    Искрено се трудам да ве сфатам оти сакате со бебето до три години да седите дома и да си здосдувате и да паѓате во депресии.
    Еве ако може некој да објасни оти порадо сака дома да трча турбо 20 часа наместо да го остави бебето во градинка.
    Секако условите во мкд ми се познати, но друга причина би сакала да слушнам.

    *Одделена нова тема од темата Бременост и кариера
     
    На marchi-cool и Mari* им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    16.775
    Допаѓања:
    75.129
    Пол:
    Женски
    Поради здравјето? Не е исто бебе од 6м да се разболува и еве да речеме од 1ипол 2год детенце. И јас сум за градинка, ама па бебе од 6м никогаш не би оставила познавајки ги условите во градинката. Јас имав гооолеми планови, ама здравјето на детето пред се си го ставив, па макар и во депресија да паднам. Моментално сум дома со 3ипол дете и 14м дете. Друга причина освен здравјето немам, доволна ми е таа.
     
    На mjay.yyy, fana, mal.ecka и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.752
    Допаѓања:
    13.250
    Ако треба и до 4 години ќе седам дома поради детето. Моето дете е бааѓи болежливо и 99 проценти нема да го праќам во градинка сега засега (18 месеци има). За жена се мислам иако не ми се остава на секого. Пре ми е детето, па и да западнам во депресија јас.
     
    На eli25, girl-miri, gjoker4e и 7 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Освен што и здравје им се зема во македонските градинки има друга причина? Еве да речеме не се болежливи и градинките се нормални како во цел свет со нормален персонал внатре, која би била причината да не го оставите и да го чувате вие дома?
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    16.775
    Допаѓања:
    75.129
    Пол:
    Женски
    Збориш пак за бебе од 6м? Тоа бебе може цица само, на 6м има дохрана само еднаш, на 7,8 тек има два пати дохрана. Ако тој период не седиш повеќе со детето, кога ке седиш? Цел свет бара подолго породилно, ти сакаш помалку, мене па тоа не ми е јасно. Кажи ја ти другата страна, зашто би сакала да оставиш 6м бебе во градинка?

    Во тој случај јас би го носела во градинка, но пак никако од 6м, 12,13+.

    И уште нешто, не постои градинка во која децата нема да се разболуваат, тоа секое дете го поминува за да стекне имунитет.

    Мислам во друга тема треба да се продолжи оваа дискусија, ако нема таква тема, нова тема: Идеална возраст за тргнување во градинка :)
     
    Последна измена: 14 јануари 2019
    На Среќичка, eli25, girl-miri и 9 други им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Зборам за бебе од 6 месеци точно. Токму на таа возраст се прилагодуваат најдобро на градинка. Иако најдобрата возраст за одење во градинка е од 1,5 до 2 години, сепак овие деца доживуваат и најголема траума бидејќи веќе ја препознаваат мајка си.

    Теоретски има секогаш две страни во кои првата се залага за одење во градинка и започнување на целиот процес на изградба под надзор на педагози и втората група која верува дека детето најубаво созрева дома со своите. Јас сум поддржувач на онаа првата група и верувам дека најдобро за детето е да се развива под стручен надзор бидејќи дома ќе биде под силата на “каков ми е денот”.

    Мое мислење е дека поздраво за бебето и мајката е да имаат свое време во текот на денот. На тој начин двете страни ќе бидат посреќни во развојот. Тоа не мора да значи дека детето ќе го оставиш од 7 до 17 во градинка, но неколку саати на ден би ти биле и те како од помош ако имаш време и за себе.

    Не знам каде прочита дека барам намалување на породилно :) Јас сум за една година породилно насекаде да има. Бидејќи не само што ти треба време за со бебето, ти треба и време да се средиш себе си психички и физички, да се адаптира семејството,да се создаде ред итн.

    Би сакала да дискутираме што е најдобро за бебето, а најмајка ордени да ги оставиме на страна. Мене ме интересира здрава фамилијарна клима, услови и одличен развој од сам старт на бебето токму затоа сакам да слушнам и други мислења.
     
    На Someday му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.836
    Пол:
    Женски
    Искрено според мене градинката е спас како за родителите така и за детето.јас мојата ќерка ја пуштив во градинка уште пред да наполни две годинки и воопшто не згрешив.не викам дека не настинува и тоа е нормално па и дома да е ќе настине.таму си е со дечиња играње песнички цртање боење итн.а јас почнав да работам кога таа направи една година и брзо се навикнавме на тие промени дека мама мора да.работи да излегува и да се дружи со светот .и јас како човек имам потреба да бидам малку сама т.е.да одвојам време за себе.
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.654
    Допаѓања:
    144.929
    @FreeMind вака кога ти ги читам ставовите кои ги имаш во теорија и си уверена во нив многу си ми интересна. :smirk:
    За жал праксата вели многу поинаку. Посебно со гледањето на бебе. Јас би рекла скокни па кажи оп.

    Ако бебето цица и во тој период има само еден оброк, не знам како ти е замислено на 6м да оди во градинка. Тоа е бебе кое има потреба од родител . Јас не би го оставила. Најрано 9м доколку се мора.

    И јас не сум за врзување на детето за себе и седење дома 3год.
    Ама барем да преоди како треба, да кажува по нешто, да се разбереме, да знам како му е таму. Мојот пан здравје е да го пратам на година ипол.


    И да, децата се разболуваат и во нашите градинки и во германските и австриските и сите. Тоа е процес со кој стекнуваат имунитет. За жал некој потешко минуваат, а некои полесно.
     
    Последна измена: 14 јануари 2019
    На wannaBeMomma, Mama993, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    @FreeMind зошто би однела бебе од 6 месеци во градинка? Дали мислиш дека на 6 месечно бебе анимирање му треба, или му треба мајка до него да се чувствува сигурно, а не странци? Искрено се трудам да сфатам зошто би однела толку мало бебе во градинка ако не мораш.
     
    На Среќичка, Mama993, eli25 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.949
    Допаѓања:
    224.344
    Пол:
    Женски
    Во јасли не ги анимираат. буквално се чека да помине денот. Се хранат и преоблакаат и толку. А на тоа дете му треба мајка. љубов .

    Ако е неизбежно ок. Ама ако не е е греота.
    Идеална возраст за мене беше 2 год. Мада мојот од 3 ќе појде.
     
    На Среќичка, eli25, girl-miri и 8 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Го чекам првото сеуште не знам што му треба во однос на месеците. Чисто само размислувам од оваа перспектива како би било најпрактично и најдобро за сите.

    Јас не живеам во Македонија и мене нема кој да ми помогне три четири саати во денот да имам и за себе. Би сакала од 6 месечна возраст да го оставам во градинка каде има одлични услови за 6 месечни бебиња веќе бевме на разговор. Има една воспитувачка за едно бебе. Она што јас дома би го правела ќе го прави и она таму. Нишкање, дохрана, пеење песнички, шетање на воздух, успивање. Јас за тоа време можам да средам домашни обврски, да отидам на фитнес да се истуширам на раат, да спијам, едноставно да одморам. Верувам ќе бидам хронично уморна, а тогаш ни самата не се поднесувам. Имам тешка бременост и уште толку време треба да поминам во неспиење, тоа не е здраво ни за мене ни за бебето, ни за фамилија.

    Во тој период додека не се вратам на работа да можам да се рехабилитирам, а во исто време бебето да се навикне на градинка каде и онака мора да оди од една година. Во тој временски период на адаптација би го оставала по неколку саати, за од една година да не му дојде наеднаш.

    Јас не се гледам себе си во улога на депресивна мајка која нема време за себе ниту за партнерот. А како што гледаме и читаме секоја втора едноставно човечки паѓа од умор психички. Јас познавајќи се себе си одлучувам на оваа варијанта како најдобра која моментално ми мине низ глава.

    @duffi јас сум едноставно таква, со план однапред или едноставно со алтернативи како би било :)

    Овде не може да си сигурен кога ќе се отвори место така да 6 месеци ми е земено како појдовна точка може да биде од 7 од 8 од 9 месеци. Се зависи од празни места.

    Може кога ќе има 6 месеци ќе речам јас бебе не носам во градинка супер ми е дома со него. Али тешко веројатно :)
     
    На dunika, PurpleMind и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Не е баш како што мислиш. Баш тој период има и изразена анксиозност од разделба, кога веќе ќе биде сигурно со тебе. И мислам дека сега само со главата размислуваш, кога ќе го имаш тоа мало човече до тебе ќе биде друго. Кога ќе го видиш колку е мало и зависно од тебе не знам колку лесно ќе ти биде да го препуштиш на некоја жена. Се менуваат приоритетите и перцепцијата.
    И не го сфаќај толку трагично дека ќе се запуштиш и за ништо ќе немаш време, не е до толку, и тоа ќе видиш, ќе си се подредат работите, ќе си фатиш ритам. Хормоните за стрес плус им се многу повисоки кога се помали, инстинктот за преживување веднаш им се вклучува ако мислат дека се во опасност, а тоа со непознати е доста стресно.

    Јас еве сега после три години ќе ја пуштам во градинка. Се мислев многу, но фала Богу имав можност да си ја изгледам јас како што сакам, да јаде јас како што мислам дека е најдобро и да си ја воспитувам со целосно внимание и љубов. Би сакала сите да си имаат можност до кога сакаат да бидат со малите, а да не мора да ги оставаат прерано во градинка.
     
    На mjay.yyy, Makedonka007, AlicaInWonderland и 17 други им се допаѓа ова.
  13. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Многу е рано по 6месеци.
    Ако има можност секоја мајка и пред се сака најдобро е до 2или 3год. да го чува таа или роднини.
    Сепак како што секоја мајка или роднини се посветат на чување и развој на малото во ниедна градинка не може.
    По оваа возраст и пожелно е да се меша со други дечиња, пожелно е дружење, социјализација.
     
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе биде поинаку, но како ќе минат деновите на бебето ќе му биде потешко да се дели од мене а крајниот ден е една година. Породилното завршува, потоа ќе биде стресно и за него и за мене. Потешко е кога мора, од колку вака да пробувам по неколку саати, па на почеток не мора ни секој ден и милион комбинации за привикнување.
    Стравот расте со препознавањето, кога веќе сфаќа на една година дека јас сум мајка тогаш му е најтешко и има големи трауми. Не би сакала да дојде до тоа.

    Вие веќе знаете како е, јас можам само да претпоставувам.

    Немам ниту можност ниту желба три години да не работам, ниту пак некој да го чува дома.
    Така да тоа не е опција од сам почеток.
     
    Последна измена од модератор: 14 јануари 2019
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.824
    Допаѓања:
    84.843
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст за тргнување во градинка никако не е 6 мес.туку од 3 год .истражувано и докажувано од многу педагози и психолози.
    А и размислувањата,желбите,можностите драматично се менуваат откако ке се роди бебето.
     
    На mssuniquee, Mama993, girl-miri и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Јас овде прочитав само: јас, јас, јас.... а каде е детето во целата оваа слика? Кои се неговите потреби на таа возраст??? Тебе ти треба одмор, освежување, рехабилитација... а нему му треба мајка, близина, љубов... Е сега да може тоа да си каже јасно и гласно, чии потреби би преовладале?
    Депресијата е пред се од главата, ако ти уште од сега се "спремаш" психички дека гледањето дете е многу тешко, дека ќе бидеш хронично уморна и сл, многу е веројатно да развиеш и постпородилна депресија. Затоа немој да размислуваш на тој начин, може ќе ти се погоди мирно бебенце, па ќе успееш сите обврски да си ги завршиш и плус време на себе да си посветиш.
    Барем додека наполни 1 година детето, мислам дека 1 година и не е толку голема жртва.
     
    На kankus, wannaBeMomma, Среќичка и 22 други им се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.397
    Детето не сфаќа на една година дека ти си му мајка, сфаќа многу порано, многу порано и од 6 месеци.
     
    На kankus, Avery, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    По некоја логика на нештата јас и оно сме поврзани. Ако јас сум добра, оно ќе биде одлично. Барем така вика медицината.

    Не сум склона кон депресии ниту се плашам од обврски. Едноставно гласно размислувам. Ја објаснив позицијата зошто мислам дека е подобро порано отколку да го пуштиш на една без адаптација.
     
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    33.026
    Пол:
    Женски
    Мене твоето размислување ми е многу смешно .Ми изгледа како бегање од бебето.Некој ќе го анимира? Па оно на 6 месеци само мајката ја бара.Толку брзу ќе порасне што после кога ќе сакаш да го анимираш тоа нема да сака да е со тебе.
    Верувај дека од 6 месеци и те како ќе биде болежливо.Повеќе дома ќе си седи од што ќе оди во градинка.А за навикнување нема дете што не се адаптирало.Верувај дека им е премногу мачно на децата во градинка.Премногу се уморни.Ја гледам мојата е скоро 9саати , а е 2и пол години.Од што и се спие после градинка ништо не и се погаѓа.Ама несака да спие сака да е со нас.Да се гушка да си игра.Тргна на 13 месеци и се си беше болна.Ама 13 е поцврсто дете од 6 месечно бебе.Да имав шанса би ја пуштила на 3години.Ама немаше кој да ја чува па тргна толку рано.Што ако тргна не можев работа да почнам од нејното често разболување.
    Какви и да се условите во градунките преграрката на мајката ништо не може да ја замени.
    Со среќа да ви е(fingers)
     
    На wannaBeMomma, Mama993, flower55555 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.033
    Пол:
    Женски
    Можеби е подобро вака со примери како @Ava.84 да се разбереме.
    Сепак темата не сум јас, туку моето моментално размислување. И би сакала повеќе искуства да прочитам како се понашале вашите деца на возраста со која започнале во градинка.
     
    На Mari* и Ava.84 им се допаѓа ова.