Кај мене има кој да ја чува. Ама јас сакам да ја носам во градинка да се социјализира. Мислам дека подобро ќе биде за неа. Затоа прашав.
Најбитно од се е тоа дете и да добие корона во градинка да нема на кому здравствено слаб и постар од 60 да му ја пренесе. Ако детето после градинка има контакти со постари фактички нив ќе ги однесиш во ризик со одлуката за градинка. За социјализација нема збор тоа е се така. Али би те посетувала да ја почува баба додека не помине налетов на вирусот.
Море налет и идеална возраст и градинка и корона. Да беше до мене ќе ја пратев на 9 месеца. Баба имаше сочувано денови, па ајде она ќе ја чува уште некој месец. Ја запишав на 14 месеца. Идеше една недела и стаса корона. Сега и да отворат градинки не знам дали би ја пратила. Може здравје од септември на 18 месеца пак ќе си ја пробам среќата. Да бевме во подобра држава, и јас би ја носела на некакви активности уште од 6 месеца. Не цел ден, ама по некој саат сигурно. Социјализацијата со други деца не се заменува со ништо. А имунитетот секако мора да го изгради, не може во стаклено ѕвоно да се чува. Сега еве со месеци освен со две деца од фамилија, со никој немала контакт. Стои на игралиште и од далеку ги гледа, како диносаурус да видела а не дете со топка. Не знам веќе дали е попаметно да ја терам да се дружи за да се социјализира, или да ја пазам од мешање со луѓе заради вирусов.
@FreeMind јас изгубив трпение но не дека не стојам зад сѐ што имам пишано тука. И не е дека со бремена жена не се разговара. Мене па ме нервира и ми е многу безврска моето однесување или ставови да се адресираат на хормони. Тоа е како да се караш со маж ти, ти си во право, а тој те множи со нула со изјава дека "аха.. во ПМС си"... За советување, повеќето бремени со кои си се консултирала се тука на форумот и се консултираат и до нас од "другата категорија", па што знам.. нели е тоа поентата на форумот.. да споделуваме искуство. Не значи дека сечие искуство треба да ти одговара или да ти е скроено по мерка. На муабетов на темава би рекла само едно - нема универзално идеално време за во градинка кое ќе ги задоволи сите критериуми. Самата тема ми е беспоентна, и ми е тотално непотребно тоа утврдување на одредена возраст која е магична и применлива за сите. Знаеме какви се породилните низ земјите. И има од крајност до крајност. Со првото дете во МК не сакав да се вратам на работа на 9 месеци. Не сакав да ја оставам во градинка - едноставно за мене беше уште мала. Па работев 4 часа на работа, 4 од дома. Маж ми работеше од дома.. после се преселивме во Германија и тргна во градинка од 13 месеци. Второво ќе тргне некаде после 12. Може од 13… може од 14. Ќе видиме. Флексибилна сум. За мене лично приоритет ми е грижата за бебето. И знам дека секогаш би одбрала да сум хаос, несредена, неспиена, отколку да загрозам доење или да пропуштам "важни" моменти од животот на моето бебе додека сум на работа. Не судам. Кој сака кога сака нека се врати. Секој се познава себеси најдобро. Јас знам дека ќе сум милион пати понесреќна да сум на работа скоцкана и средена а бебе да ми е 7 месеци во градинка со еден оброк и на доење, откоку да сум помалку спиена, неиздепилирана, повратена, човек налик скитник, ама да можам да си го гушкам дури и кога ми доаѓа да го треснам од ѕид. Татко ми пред некој ден баш онака ме поддржа.. ми рече - работата те чека до пензија. А бебето е бебе само сега. Расте со брзина на светлината. Биди дел од неговиот живот додека можеш. Работата никаде не ти бега. А како се адаптираат деца/бебиња зависи од нив. Некое бебе се адаптира супер на 9 месеци. Некое плаче и пишти и на 9, и на 12… и на 18. Гледајте ги вашите деца и ако сте во можност направете план према нив, нивниот карактер и индивидуален развој. Секако, ако можете. На жалост најчесто давањето во градинка е диктирано од други фактори - ниту од мајката, ниту од бебето.. Едит: И да. Прв пат во животот сфатив дека имало теми во кои да делиш мислење пред да имаш бебе нема никаква врска со откако ќе имаш бебе. Затоа што мајчинството те менува од корен. И е нормално да се смениш, и ти, и сфаќања, и секојдневие. Тоа е ново ниво на откривање себе, како што е откривање и на нов вид на љубов.
Сега ја гледам темава. Да сум ја видела порано ќе имав пресврт како на @FreeMind Бремена велем исто, на 6 месеци се враќам на работа. Нека го чуваат баби, па од 9 во градинка. Дури и на шефот на работа вака му највив. Ајде сега од другата страна. Реалноста. Дадов отказ Уште немам конкретно мислење за идеална возраст. Не ми можела да кажам никако од никој аспект. За секое дете и секоја мајка си е индиводуално. Мојот став сега за нас двајца е заедно дома до 3години (што незначи дека на 2 пак нема да сменам мислење). Со тоа што од есен планирам да го носам по неколку часа во приватна игротека/градинка чисто за анимација и социјализација. Без оброци и спиење. Од аспект на ома што на почеток ма темава е начнато како прашање и концепт на темава...која е причината зошто би го чувала дома, а не во градинка. Па вака, освен она од здравствен аспект кое го изоставуваме бидејќи кај сите е исто, никоја мајка несака да и се разболува детето, јас уживам во сето ова. Имам доста “лесно” дете за чување. Уживам во секој поминат миг заедно. Имам време доболно и за себе и маж ми. Сакам постојано да сме заедно, сакам да му готвам, сакам да имам контрола што јадел, кога спиел. Да имаме ред. Да играме игри заедно. Да редиме сложувалки. Да се шетаме. Значи сакам да сум вклучена во се. Несакам првите чекори да бидат со воспитувачка во градинка, не сакам да има први зборови без мое просуство. Не сакам да се шета со баби, а јас на работа. Сакам заедно да заспиваме, да се будиме...сакам коа плаче да бидам тука за него, коа е среќен да го гледам како се радува Ова вака напишано звучи некако манијачки и како контрол фрик ама мислам повеќето ќе ме сфатат. И така, тој ми е приоритет сега и го сакам целото негово време за мене посебно сега во овие први години на интензивем раст и развој
@Kaetana Не дека сменив мислење туку го адаптирав на реалноста. А дека побитно е да идам неспана и како да сум излегла од шоља наместо да ми помогне некој во овој случај градинка- не се согласувам ама баш никако. Со ова искуство што го имам засега баш можам да ставам граница на љубов и живот кон дете и кон себе и свои приоритети. Јас буквално станувам несреќна ако периодот на неспиење и халуцинации е долг. За мене зборам најубав период од живот со дете ми е од кога прооде, јаде сама и спие цела ноќ ( ова последниве недели не е така и мама е многу лута и несреќна). Јас како лик се обидувам да влезам во тој филм “живеам за бебе” али не сум родена за тоа, не можам. Да не глумам лудило али јас сум една од малкуте која не го екранизира бебешкиот живот на малата. Не велам дека тоа е лошо напротив ама ете јас лично не се наоѓам во тој филм. @AlicaInWonderland поарно што тогаш не ја виде темава уште ти ми фалеше Кој преокрет си човече алал вера. Јас од почеток до крај иста. Дете не е за дома и со мене и точка.
@FreeMind Изгледа мојата дома ќе седи. Ама не сакам да се затупавува. Многу сака деца, дружељубива е. Немам проблем кога ја оставам и излегувам некаде. Ама.. корона.. за неа ми е најмногу страв после за сите други. Више или мање битни у мојата приказна. Екранизирање на животот на детето. Се водам по таа изрека " среќна мама - среќно дете " . Што дека некој нема да се средува, детето ќе биде среќно? Јок! Првите месеци се хаос, меѓутоа после тоа, не треба да се бара оправдување.
Сум пишала овде кога детето ми имало 8+ месеци дека не би ја пуштила во градинка, и не ја пуштив. Дури од септември ќе оди на 2+ години. Но, второ дете би пуштила уште од 9 месеци. Идеално ми е некаде после година, година и пол, кога почнуваат поактино да учат, зборуваат, играат. Сега, поради ситуацијава, ми е дури жал што толку активно дете не е се со други деца.
Пробај со на пријатели децата да ја дружиш ако се чуваат и самите. Во овој период до 1,5 она само ќе истражува во светот и ќе сфаќа дека е различна особа од тебе. Плус сите и зборат повеќе лица и говор ќе развива без проблем. После кризава пушти ја слободно во Димче Мирчев се фалат сега дека е многу добро.
Здраво на сите, Според мене Дефиниција или клуч за идеална возраст за градинка нема. Меѓутоа идеално време/период за градинка ќе покаже самото бебе/дете исто како што покажува кога може да седне, да стои или првите чекори. Наше е да ги следиме и секој родител може барем приближно да примети на што е спремно детето или што следно му е потребно. Или евентуално ако родителот нема друг избор освен градинка на моменталната возраст. Од тука, наметнувања на мислења за истово не е потребно ниту од комшии, баби, тетки и сл. Убаво е да се даваат предлози или да се споредуваат искуства од кои на некој ќе му се разјасни некоја дилема. Она што кај едно дете функционира кај друго не е така , бидејќи секое е своја индивидуа и различно се развива. Така и со градинката, некое прифаќа одма а на некое му треба повеќе време. Па и ние возрасните сите имаме различен карактер и тек на животот. Постојат параметри од доктори и сл. за развојот на детето од кои човек може да се информира за развојот и спремноста по фази меѓутоа тоа е само ориентација, не може 100% да се земе како репер кај секое дете. Ова е мое скромно мислење/ искуство Поздрав до сите мами!
Леле, мене ме опиша, исто вака се чувствувам. На темата, може некој да сподели искуство за тргање на дете од 9/10 месеци во градинка? Немаме опција за некој да го чува, а јас дефинитивно не сум у ситуација да седам дома со него. И ради финасии и ради себе.
Од мое лично искуство, многу е полесно на таа возраст. Се плашам како ќе биде од септември со ѕверче што све разбира и седи дома со мене до тогаш веќе 6 месеци. Јас ја пуштив на 10 месеци, дете за 1 недела се навикна и со спиење. После 6 дена, 7миот веќе спиеше таму. Спреми се за настинки и вируси, нас од тој аспект ни беше потешко.
Не најдов тема, а можеби и има. Една кратка дискусија или ваше мислење што мислите за пуштање на дете во градинка пред 1г?
Лично јас не би го пуштила прво зашто немам потреба, второ ќе го мислам цел ден и немам доверба сеуште други да го чуваат и трето малку е лигавко и си сака гушкање, држење во раце што нема да го добие во градинка. Инаку, јас и сестра ми сме иделе во градинка од 8 месеци.
Освен ако нема потреба, јас не би го пуштила. Јас сум дома и да не беше коронава, пак не би го пратила во градинка. По 2 години, 2 и пол, зависи од условите, може, ама пред тоа не. Бактерии, вируси се една причина. Се трудам да го заштитам и што е можно подоцна да пие антибиотик. Второ, групите се големи а децата мали, па нема да можат да му обрнат доволно внимание.
Исто ти е тогаш ќе ти се разболува нема заштита А за антибиотици ти нели доиш така да валда ќе биде малце со појак имунитет и ќе се штити од вируси и бактерии?
Значи муабетов не е за кавга секој си знае најдобро за своето јас и мм сме со различни ставови околу тоа и тој мислам од што знае дека ќе биди по мое ја избегава и темата. Јас еве кажувам баш во стаклено ѕвоно го чувам и сметам дека ми е мене и него така океј.. Сакам да го пуштам во градинка, а имам и кој да го чува али сакам да се дружи со дечина на негова воздрас да сесоцијализира, не како мене со баба и дедо па на глава да ми се качува од разгалено распрдено... Али од причина што ја наведи @Jana06 не ми се носи ни во градинка ни кај баби и дедовци..
Абе ако можеш да го чуваш не го пуштај ама да го пушташ кај баби дедовци зависи од нив и тебе секако пак. Ако седи и гледа турски серии или ти се контрираат ко мојата свекрва и свекор за се и сешто поарно да оди во градинка На крајот од денот од вас зависи по мене е идеално да почне да оди и да кажува по нешто за да знам што правел. Жално што кај нас е породилно 9м другарка во Унгарија е 2г на породилно израснато дете пушта во градинка е ама...