Гледам нашите што одат во градинка постојано се болни. Па тогаш и на игралиште и со други деца не ги пуштајте. Најлошо што може да го направете свесно е да го чувате во стаклено ѕвоно и да не дозволувате никаква бактерија да дојде до него. А и не значи дека ако оде во градинка ќе се разболува. Мојата е 3,5 години и до сега еднаш има пиено антибиотик. Имаше мали настинки ама ништо не беше страшно. И дома чуваните деца се разболуваат и пијат антибиотици.
Моето дете дефинитивно ќе оди во градинка без разлика дали работам или не. Баби и дедовци не доаѓаат во предвид, кај баба и дедо се оди за распуст. Само пред година (пак ќе кажам доколку нема потреба) за моето дете би било мачење.
Ти дали се читаш? Има некои што не можат да одат во градинка од икс причини. Ај кажи ми молим ти се, ако си до 20 часот на работа, а маж ти во странство, кај ќе го носиш детето? Бидејки многу се лупаш во гради демек јас, јас во градинка само.
Нe треба за совет да ме бараш зашто нема да ти треба. Ти може ќе излегуваш порано од работа за да го земеш детето од градинка, а никако баба или дедо да го земат и да го чуваат до 20 часот. Смешна си. А башка што во ситуацијава во градинка примаат само ако двајцата родители работат., ама битно ти се изјасни ќе го носиш и да работиш и да не работиш. Поздрав
Мило ми е ако те насмеав и покрај тоа што гледам дека моето размислување за моето дете лично те погоди. Не знаеме што носи животот, може ќе треба баба му да го земе од градинка и да го чува до 20h, може ќе ангажирам жена, може сестра ми. Сепак, најверојатно ако маж ми работи во странство ќе можам да бирам што ќе работам само во прва смена. Не знам, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сакам детето да ми расне со други деца, со едукација, секојдневно воспитување, воспоставен ред на јадење и спиење, не знам зошто ме тераш да се објаснувам зошто сакам да оди во градинка Ти гледај за твоето.
Ќе пробам да одолговлекувам колку можам ама нема да може повеќе од 1г.. Исти свекор и свекрва имаме значи хах
Абе ајде запна мандирана Морал да проба домашни биле непрскани тргна да му дава абе како на ѕид да збориш Мм му списка кај уште се гледаме на 30м со маски си отидовме лути сите
Имунитет не се стекнува со настинки. Се стекнува со храна, шетање во природа, со тоа што детето и од земја ке стави нешто во уста. Не се ова сипаници па да стекнеш имунитет. Стаклено ѕвоно е да не излезе од дома. И да срерилизираш се што треба и не треба. Не е исто да почне со антибиотици на 1 година и на 3. Секако, еве до сега ни мрсули немал. Верувам дека доењето си има удел. Ама и храна. И активност во природа. И тоа што не го водам вп затвпрени простории.
А кај пишува дека се стекнува со настинки? Како што читам сум пишала дека се стекнува со вируси и бактерии, мене нема потреба да ми објаснуваш за имунитет. Еве ти си пишала дека не сакаш да е во контакт со вируси и бактерии од градинката и дека се трудиш да го заштитиш, само не знам од што тоа да го заштитиш? Дома сѐ ти е стерилно на тебе? Така го штитиш твоето дете?
Еве на пример јас и сопругот работиме во здравство, мене когс ќе ми помине породилното син ми нема кој да го чува, а мене одмор нема шанси да ми дадат ако трае оваа со коронава, што значи моето дете со 9 месеци ќе почне во градинка да оди и не ,не Бидејки сакам туку сум приморана. Ако можам да земам 3 месеци опрсвдсно неплатено единствено па тогаш да го чувам до годинка инаку немам др избор. Баби и дедовци би оставила да го чуваат ако можат до година макс две и потоа пак градинка но ете немам можности за тоа па од следната недела веќе ќе бараме место за запишување кај има.....
За да е детето болно треба вирус и бактерија. Не е исто организмот да ги запознава бактериите кои ги има во околината, и да отиде во градинка каде има конкретен тип бактерија која ке му ја пренесе некоедете. Кажав дека не ми е стерилно. Кажав дека и работи од земја става во уста.
Јас го сфатив напишаното во стилот дека е нечисто во градинките. Небитно. Има мајки кои се принудени да ги остават децата од 8,9 месеци во градинка и тоа не е нешто страшно. Малата ја пуштив во градинка 10 дена пред да наполни година оти тогаш најдов работа. Ова што ќе се роди можеби ќе почне на 8м во градинка, а можеби ќе земам и 1 месец оправдано неплатено. Ќе видеме
не, има бактерии кои се пренесуваат едни на други. Не се разболуваат од нечисто. Кога мора е друго, кога има избор, не треба да се брза.
Исто сами сме со мм нашите се во друг град , така да сакале неќеле мора да оди во градинка .... ќе пролонгирам колку што можам ,но јас веќе и ја запишав на список ... времето си лета а и за тоа се градинките не секој има некого на кого може да се потпре ... душата ме боли уште од сега како ќе ја оставам ама тоа е ....
И од настинки се гради имунитет. За дете е нормално да има околу 6-7 пати настинка (вирус кој е го фати од друго дете). И така имунитетот се учи да препознава различни натрапници и да произведува антитетела. Така што ако немало до 3 години никаков тренинг (од други деца) ќе има после 3. Не се само бактерии битни за имунитет. Само што бактериие може да ги фати сто пати истата, од вирусите обично фаќа секој пат различен вирус, додека не ги научи сите и не научи организмот да се бори. И многу има разлика од дете до дете. Доење и тоа хранење здраво и најмајки на свет не се бап толку битни. Има и анатомија и физиологија во прашање. Дај Боже да ти е детето неподложно на болести па да си се чукапш во гради како ти со доење и здрава храна си создала супер човек. Ама ако анатомски има големи крајници и трет крајник на глава обеси се и виси со нозе надолу ќе имаш проблем со чести настинки, бактерии и проблеми со болење уво, па макар до 10 години да го доиш и само на морков, цвекло и лимон да расте.
Еве едно охрабрувачки искуство. Големиот го запишавме на година и три месеци во градинка, ама кратко одеше, фати рота лежевме на инфективна 14 дена, па одма после операција од кила и цела зима дома. На година и 7 месеци тргна редовно. Не се разболуваше премногу, најчесто вируси што траат по два три дена и повторно се враќаше. Му беше тешко да се адаптира, и сега по природа е срамежлив и тешко склопува пријателства. Но по два месеци со душа одеше, супер активности имаа, задоволно дете и задоволна мајка. Одеше во јасмин во центар.
За мене идеална е градинката уште во јасли. Јас го пуштив на 15 м, еве 4 месец почна веќе оди редовно, еднаш се разболе што и очекувано, и од тогаш сме немале проблем. Многу тешка адаптација, ама помина. Сега е пресреќен таму. Заради короната останав дома уште малце, второ здравје од 9м ќе си оди. Дете ми е најадено, наиграно, среќно. Во ова време на корона каде нема мешање, идеално е за активности. И да имам баба за чување, сепак го пуштила во градинка. Според мене деца си припаѓаат до деца. Ич не го мислам кога сум на работа. Им го знам редот, а ако има нешто ќе ми се јават. Кога би бил дома со некој веројатно ќе се јавувам, дали заспал, јадел... И би окапала на телефон, вака не. Ниту се мислам што ќе јаде, па дали сум оставила овошје, зеленчук, знам дека има оброк. Кога ќе го земам е среќен, одма ми покажува петка на раче дека добил, среќен оди, среќен доаѓа. Ич не ми е жал што оди од мал во градинка, напротив, среќна сум.