Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ако се прашувам барем додека да знае да каже што правеле таму.
    Ама бидејќи не се прашувам и на 9 месеци треба да ја оставам. Меѓу градинка и баба ѝ ,ја одбирам градинката. Може во градинка цело внимание нема да е на неа посветено ама ќе се социјализира. А од баба ѝ ништо ама баш ништо паметно нема да научи.
    Зошто ?
    Како бе може на бебе од 5 месеци да користи некој зборови - мајко мила.
    Цитирам.
    -Што ги врглиш тоа очите ,ти се спие а? На ти мајка нека ти даде цицка спиј ај.
    - Не туку ја тегли( мисли на тегнење,влечење) таа пелената ,не е за теглење тоа цицка треба да теглиш.( цицање)
    - Што се замлатуваш кај ќе одиш ?
    -Немој да си лазела не чини тоа по земја да се влечкаш (facepalm)
    Со мм војна ќе се отвори ,тој вика додека трае корона да ја чува она ама не можам бе :@
    Прв збор тегли ли да и биде .?
    Па и еднаш и ја оставивме излеговме на саат и пол купувавме нешто. Луѓе ја оставила сама да спие во соба она на другиот крај на куќата во нејзината соба телевизорот до даска пуштен ,бебе плаче. Ко ме виде се стрчна ,као сега јас ја ѕирнав спиеше кога се разбудила :o:doh:
    Плус што има 71 година ,јесда е одржана ,нема шанси да познаеш дека е толку стара. Ама пак ,од кај знам што може да се деси.:?:
     
    На Sofi.ja, Spidy, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    Кратко и јасно... Не се сите деца исти,ниту сите баби и дедовци. Не е само градинката место каде деца се социјализираат, всушност таму најмалку поготово кога се јасли. Дремат по креветчиња евентуално некогаш на под. Ако има опција баба дедо да чува секогаш тоа ќе изберам прво. Мое лично искуство е дете на 3 год да се пушти во градинка. Моето беше многу болежливо и се каам дека сум слушнала како тоа било "нормално". Го отрув дете со антибиотици.
    Баба и дедо се институција, еве сега е 3,5год, некогаш ја чува баба и, исполнет ден со едукативни игри,цртаат,бојат,готват... Сега веќе разбира, знае што е градинка, што се прави таму, ама друго е со стекнати хигиенски навики и пораснато дете да пуштиш. Инаку и по златно славејче сум ја носела,игралишта,кафичи игротеки,зато и велам не е само градинката место да социјализираш дете. Ако лесно се разболува никој нека не ве лаже дека така треба. И да тоа е точно, не се поминуваат бактерии и вируси исто на 1 год и на 3 години.
     
    На Lady*Bug, elimkd и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.745
    Пол:
    Женски
    Ти збориш за исклучителни ситуации, ама колку деца имаат трет крајник или големи крајници или било што? Едно на 50, 100? Нема секое второ дете таков проблем.
    Ако детето се лечи со антибиотик, а не знам како поинаку би лечела стафилокока, стрептокока или некоја трета бактерија, тогаш за каков имунитет збориме?
    Во градинка најчесто бактерии хараат, децата едно на друго ги префрлаат. А вирус ако има, може и од мене да го фати.
    И те како доењето игра улога во градење имунитет. Докажано е научно, исто и за храна и за чист воздух и игра во природа.
    Што подолго детето е без антибиотик, тоа подобро. Не е исто на 1 година да е болно и на 3.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Ако се филмаме да, баба и дедо можат да бидат развојни. Или развојни не го дефинираме со иста дефиниција. Важно нешто не штима во постов.

    Ти го отруле со антибиотици за глупости. Жал ми е за тоа. Ама не е градинката крива туку оние кои го труеле со антибиотици.
     
    На drugarka, Sofi.ja, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    Има баби и дедовци интелектуалци, не се сите со турските серии. Впрочем истите тие и тебе или маж ти ве изгледале. Ако бронхит,пнеумонија и гнојна ангина се глупости, ок.
     
    На elimkd, zuto и mssuniquee им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.151
    Пол:
    Женски
    И ти се филмаш ако мислиш дека сите баби и дедовци се исти и растат деца со турски серии и нездрава храна. Глупава генерализација.
     
    На elimkd, zuto, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа.

    Туку денот трае најмалку 8 часа, со возрасни лица без елемент социјализација со други деца и педагошки надзор.

    Оние кои работат со деца не можат да ја задржат концентрацијата со саати. Тогаш како им успева на баба и дедо?

    @eli.karameli сега те прочитав. Сепак станува збор за педагози, а не рандом баба и дедо. Убаво е да се напомене тоа дека педагози ти го одгледуваат детето. Колку од останатите ја имаат таа прилика за приватни педагози по дома?
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.151
    Пол:
    Женски
    Ако се активни и витални луѓе, генерално нема никаков проблем. И децата не држат концентрација осум часа без прекин. Подолго време поминуваат на отворено, можам да кажам за моиве. Во нормално време социјализација не недостига. Педагошки надзор нема, ама не дека во градинките прават нешто со децата/бебињата во јасли, така седат колку да помине денот. Понекогаш им пуштаат телевизија, демек едукативно. Што не е случај со поголемите групи, тие повеќе работат, ама зависи од градинката. Ако немам доверба во баба и дедо не ги оставам. А досега не ми ја изневериле довербата.
     
    На mal.ecka, elimkd, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Ете моите не се педагози, па пак не можам да се пожалам.
    Некогаш генерализираш глупости. И апсолутно не си во право.
    Моето и кога е во градинка, пак има дел од денот некогаш со моите или неговите.
    Всушност, свекор ми најмногу. Се залага исто како и ние.
    Секое утро имат активност надвор, без разлика на времето. Никогаш не вика студено е. Го облечува и го носи. Дали по планини, дали по некои полиња, го носи да гледа животни, крави, коњи, кози, зајци и се што може да се види низ околината. Му го има осмислено денот секогаш .

    Ако детето не е задоволно, се познава. Го слушам секогаш како ми раскажува каде биле и што правеле.
    Не гледаат турски серии, нема јт на телевизир или телефон. Си играт.
     
    На mal.ecka, elimkd, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Па не се 8 активни часа туку 4-5 пример мојата спие до 8-9 и има дремка од 13 - 14 часот додека се вратам. Јас со моите со задоволство ја оставам, дете со нив многу учи, елемент социјализација има затоа што обавезно ја носат во паркче у маало, а многу често ја носат у парк, зоолошка, водно си прават екскурзии:D.. По мене дете за градинка е после 2 години, на 3 идеално. Веќе над 2 години си бараат друштво еве сега мојава си ги збори другарите, претходно уште ми се бебуши,сега и она си кажува све има некои хигиенски навики, јаде сама, ја гледам дека веќе е спремна ама чекаме пролет со надеж дека коронава ќе попушти.
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На mal.ecka, duffi, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Какви само дедовци и баби има, тоа мислам струја се, прибрани на место витални ги хранат здраво се гледа се по односот.
    Ги гледам секој ден ама гледам и баби богда чува, вчера си го остави малиот во количка кај касите во маркет она со пазари наоколу.
    Мајка ми да беше здрава особа мали ќе беше доверен на нејзе, жената е змеј, знае како со деца од едукација, чување, читање а и мали ја обожава.
     
    На Sofi.ja, mal.ecka, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.073
    Пол:
    Женски
    До 3 години имунитетот на децата не е развиени затоа педијатрите препорачуваат децата да тргнат во градинка по 3год. Ама некои родители се принудени да ги пуштат децата и на 8месеци во градинка поради тоа што нема кој да ги чува или немаат доверба. Додека беа градинките затворени, а јас и мм на работа, детето ни го чуваше јатрвата. По цел ден беше дома затворена и пред тв гледаше јт. Исто така ја научи и газиран сок да пие. Жената беше бремена, ама сама се нафати, тоа беа 2 дена во неделата кога јас одев 1ва смена. Потоа ја чуваше на мм баба му. Жената е постара, ама се држи. Не знам какви активности дома имале. Моето дете со бабите и дедовците нема скоро никакви активности, едноставно полесно им е да и пуштат цртани или на сител турските да си ги гледат, и така по цело време кога одеме кај нив е пуштено на сител. Кога ја симнам во двор да си игра и трча дедо и одма рече оди внатре ќе ти пуштам цртани, а она цел ден е внатре дома. Затоа и ретко е во двор, оти право дома кај нив оди. Едноставно нема разбирање со луѓето и тоа е тоа. Затоа и толку ја чуват.
     
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    од искуство во градинка после 2 години најубаво доколку секако има кој до тогаш да го чува детето.Згрешив што ја пуштив керка ми на 9 месеци..тешка адаптација и од плачење фати бронхит 2 пати и се решивме нема во градинка додека не порасне.После 2 годинио за една недела се адаптираше и сега на 4 години со песна оди да си ги види другарчињата.Цртаат пишуваат учат песнички.Воспитувачките се супер и секогаш отворени за комуникација.Сега се само 7 дечиња а некои денови како околу празниците беа по две.Според мене најбезбедно место во оваа ситуација со ковидот.Нон стоп мијат раце, се мери температура на влез и во никој случај не се пуштаат настинати деца.Чекам синко да наполни две години и заедно со даде под рака заедно во градинка.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Да не ве цитирам посебно.

    Да се разбереме од почеток: Моментот дека вие сте задоволни од одгледувањето на вашето сопствено дете не е генерален факт дека така треба да се одгледува дете. Одгледувањето на дете до три години е стресен процес и еден од најтешките периоди. Милијарда студии го обработуваат како тема раниот детски развој до три години и правилен развој. Последниве години особено се засилени тие студии да го поврзат однесувањето, хиперактивноста, емоционалниот развој, правилната исхрана кај деца од три до осум години. Сите поврзувања водат кон тоа дека првите три години се пресудни.
    За некој ако сака повеќе да прочита сорбона универзитет го има последното истражување на оваа тема. Глазгов универзитет ги докажува негативните ефекти од одгледување дете од баба и дедо, а останатите студии ги потврдуваат негативните ефекти. Математички пресметано детето кое оди во градинка една година повеќе од она кое го чуваат баба и дедо покажува далеку подобри социјални, комуникативни, логички и математички вештини. Децата одгледани од баба и дедо најчесто имаат проблеми со исхраната и хиперактивноста.

    Одгледувањето деца од баба и дедо прво е брн аут за вашите родители. Потоа се останато.

    Не дека нема да ги одгледаат и насочат во добри деца. Или дека ќе ги запостават. Далеку од тоа. Туку не е можно воопшто да работат како што треба да се работи со дете до три години по план и програма. Сето тоа директно влијае на развојот на детето.
     
    На JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    Не се педагози. Ама се скрос посветени на детето.Свекрва ми ја прозборе малата, од читање приказни па со готвењето ги научи сите продукти. Со свекорот обавезно куче шетаат,садат цвеќиња, ќе и ги поправа играчките со алат и се тоа е wow за детето. Исполнет ден. Со кола ја носеле и моите на Водно,парк,игротеки,лулашки... Лани прв пат ја земаа со нив на викенд во Охрид. Мене најубавите спомени ми се времето поминато со баба и дедо. Зар има дете што не сакало кај баба и дедо. Затоа реков,не сите баби гледаат само турски серии. Па во градинка кога одеше ништо не правеше, ги ранеа со бутање, зошто 25деца во група, колку пати какана ќе ја земев,па ешерихија 3 пати лечевме итн. Извини... градинка за дете под 3 год е само терор. Еве ја ништо не памти од периодот кога одела во градинка,а се измачивме и ние и детето.
    Ако има кој да чува,секогаш ќе бидам за баба и дедо. После 3 год дете во градинка.
     
    На duffi, Coco31, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    За моето не е терор. Моето дете ужива во градинка и напредува одлично. Оди од 13 месеци. Јас спротивно од тебе тврдам дека нема подобро од градинка. И сега кој е во право јас или ти?

    Вака изгледаат ставови. Сето останато го одговорила науката. Се разбираме нели :)
     
    На MACKICA1902 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Верувам дека врз ставовите ви влијае и тоа со каква градинка сте се сретнале.Фри е запознаена со Германските градинки каде една жена чува две деца,највеќе до пет,а кај нас две жени 40 деца.На Фри детето верувам поголемиот дел од денот е надвор во природа,кај нас одвај пола саат на пролет ги вадат.
     
    На Kaetana, mimiiiii, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    Извини, единствен план и програма на учителкине во мали групи со 25 деца е да го преживеат денот. Да ги нахранат, па кое јадено кое недојадено, какано помочано. Да не се лажеме дека нешто прават толку мали деца. После 3год,да. Цртаат пишуваат,песни, абе скрос е друго. Кратко и јасно како што првично кажав, има разлика од дете до дете и од баба до баба. Нема педијатар на светов што ќе ти каже пушти дете од 9 месеци во градинка.Секоја препорака е од 3 години. И како можеш да кажеш дека постојат негативни ефекти од баба и дедо. А од мама и тато све позитивно од чувањето е!? Ти се молам!
     
    На MilaSs12 и fana им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас не кажувам. Науката кажува. Изгуглај и провери сама. Секој може да провери секаква теорија денес. Слободно. Гледаш низ призмата на својот став и звучиш убедено. Иако грешиш.

    @BabyT* последно тргна малата во градинка. Развојот е очигледен. Еве тоа дете е во Македонија. Бејби чисто кратко само како напредува малата.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Сите сте во право :)
    Фри пишува за градинка во друг систем, а ние за тука.

    Кога ги читам во темата за мајки во германија, дека јадат сами на 13 месеци, ми текнува одма дека кај ќере во група на 2 т.е.3 год деца им блебдираа храна. Кога ќе прочитам дека надвор одат, паралелата со нас е мали се и најмногу од надвор виделе седење на тераса. Таму еднаш не прочитав тв да гледаат децата, а кај нас тое е нормално. Дури и пари се собираа кај мене во група за поправка или за нов уред, не се сеќавам веќе што беше и само јас бев против.

    Градинка е супер опција, ама мислам како што цело образование тоне, така и овој сегмент. Нема доволно персонал, многу големи групи, несоодветни простории, материјали за работа, играчки, се си го прави своето.
     
    На PurpleMind, Kaetana, duffi и 7 други им се допаѓа ова.