1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме само за јасли тогаш секако е поарно да сади цвеќиња со мајка ми и да се шлака со почвата, отколку да оди во јасли и да блее ко теле во шарена врата во креветче.
    За поголемки деца (мојата тргна на 1г и десет месеци и веднаш беше во прва мала, а не во јасли) секогаш би била за градинка. Преубаво ѝ е, многу сака да оди.
     
    На Makedonka007, eli25, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И двете сте во право за своите деца. Не би рекла дека науката одговорила затоа што сепак е индивидално според условите за тоа што е подобро за едно дете.

    Нормално дека секој ќе пишува од свое искуство не генерален факт, ете форумче има негативно искуство со баби и дедовци, јас позитивно и сето тоа влегува во статистика.Така да за моето дете се водам по сопствените искуства и можности, тие статистики можат да послужат за креирање политки за згрижување на деца не е дека важи за секое дете и секаде.

    Генерален факт е дека правилната исхрана, стимулирање на развој со игра и престој во природа се клучни ами ако тоа градинката не го нуди? Епа на студијата од Сорбона така кажаа.:D

    Да напоменам пак дека зборувам за јасли не за дечиња од 2-3 години за нив градинката нуди неоспорен бенефит.
    А примери има секакви како што има различни деца и различни градинки, на другарка детево со трауми и плачење во сон беше од градинка затоа што изгледа сеуште беше мало, на друга пак малото прекрасно се вклопи и со песна иде. Внука ми уринарна од што ја оставаа покакана, епа за неа не можам да речам дека беше супер што оди ама ете избор немаше...
     
    Последна измена: 13 јануари 2021
    На eli25, Annath, simona_baby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски

    Јас пак мислев дека научните студии се насоки за генерално поставување принципи на образование во случајов ран детски развој. Кога тоа индивидуално да било за секое дете :)
    Шала на страна веројатно мислеше на исклучоци. Исклучок би било ако нема соодветно услови и ти нудиш алтернатива соодветна за своето дете. Ама пак тоа не го менува фактот како треба да биде. А тоа е од нула до три години детето треба да е во градинка. Тоа е генерална препорака за раст и развој на дете. Чување од баба и дедо не е ни во опции.
    Ама кога се нема и тоа доаѓа во обзир.

    Секогаш треба да се зборува на јавен форум како треба да биде. А не како ние правиме или мислиме. Мора да се прави разлика во тоа. Јас не правам се како што треба, не прави никој. Но мора да се каже точно како треба. Од тука натаму сите со своја глава.



    Оф топик: Настрана од темава кога збориме за образование и систем очи ќе извадите како е океј, светски ценети и дека создава кадри кои ви ги воспитуваат децата. Почнуваш да збориш на темава наеднаш ништо не чини. Чекајте малку сеа чини или не чини образованието во мкд? :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Децата првото социјализирање го добиваат од родителите и учат од нивниот однос. Има и различни имиња за установите, daycare, kindergarten, preschool, дрн дрн, не знам кај вас како иде тоа. Ама не почнуваат од јасли со учење.
    Најважна за децата во развој е слободната игра. Преку неа учат и сознаваат. Баш нови податоци велат дека раното форсирање и учење понатаму си носи свои проблеми, како анксиозност на пример. И никое дете не е активно осум саати, мислам... Ниту ние не сме активни осум саати, ни треба пауза и одмор .

    Не значи дека ако детето не е во градинка нема социјализација, која пак, после три години е веќе навистина потребна.

    Градинката е жариште за болести како никое друго. И не е тоа за имунитет, имунитет не се стекнува со три кила антибиотик испиен до година. Ако немаш имунитет џабе се сите вируси и бактерии кои само ќе го косат детето. А во градинките и воспитувачките кои се веќе возрасни, па се често болни.

    А за последното се согласувам, во друга тема беа врвни педагози во градинките, само они знаеја дете да воспитуваат. :D
     
    На Majra, Iva2020, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Градинката е добро што постои како опција кога бебето/детето нема апсолутно кој да го чува, а родителите мора да одат на работа. Ама ‘фрлање со камења’ по баба и дедо дека ужасно лошо влијаат на развојот на малото е чиста глупост.

    ако има некоја научна студија дека деца одени во градинка се понапредни, поинтелегентни, поуспешни во животот, а мали растени со баба и дедо заостанати во развој и несоцијализирани би сакала да прочитам.
     
    На eli25, fana, eli.karameli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Децата почнуваат да учат од нула месеци. Од нула.
    Од три месеци е математичката врата и логика. Потоа е лингвинистика. Од девет месеци е музичка страна и креативност. И така буквално се открива светот.

    Затоа концептите на градинки низ светот се различни. Се менуваат цели системи. Како се доаѓа до нови истражувања се почнува со ново.

    Останатото го имаме милион пати дискутирано. Се е до концептот кој ти мислиш дека е правилен.

    Последниот дел е врв. И не само на темава. Ми иде да ги цитирам со се лајкови и во една тема да ги ставам за успомен :))


    Утринава ја читав на париз универзитет студијата баш дека само со една година повеќе во градинка имаат подобар развој децата. Само не сум при време сега да ја најдам кај беше ќе ги оставам покасно. Има повеќе студии на темава.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Учат од нула прво од родителите, потоа низ игра. Сега е така со градинката зашто родителите се повеќе време на работа, па градинката во повеќето случаи го дава она што не можат родителите. Ама, слободната игра сѐ уште е најважна за децата, а не од три години да седнат да учат математика. Сите логички работи ги добиваат од играта.
    Сепак, баба и дедо зависи какви се и што ќе му пружат на детето. Ако не се многу подвижни никогаш не би оставила дете со нив, па не знам какви педагози и да биле. Плус, сметам дека за повеќето е преголем напор чувањето, осум саати се многу. Освен ако не се држат навистина добро, инаки јас би го дала попрво у градинка.
     
    На Majra, zuto, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Не знаев дека од Германија споделуваш искуство @FreeMind. Ако е така дури и кај тебе државните градинки вршат упис на деца со полни 3год. Приватните "градинки" што примаат помали од 3 год се дневни центри,каде што мораш дете појадувано да однесеш со спремен ручек и ужинка од дома. Генерално да збориме сегде градинка/дневен центар во светов функционира со прием на деца од 3год.Прашај секој педијатар ќе ти даде истава препорака. А околу чувањето од страна на баба и дедо нигде не сум сретнала дека се токсични за растот на децата ниту па дека тоа е поткрепено со научни студии.
    И како што кажа @RainBow децата прва социјализација ја добиваат од родителите. Каков ти е начин на живот,одиш по гости ти доаѓаат гости, се меша детето со други луѓе или не. Родителот е прв учител на детето,после доаѓа се друго.
    Останатото е подготовка за училиште, затоа се почнува од 3год. Кога детето е свесно.
     
    На zuto, elimkd, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Моето дете оди во државна градинка од нула до три години.
    Втора група е од 3-6 години.
    Приватните градинки функционираат исто на овој принцип.
    Не знам за кој свет збориш и како си дошла до заклучокот ќе мораш да ми објаснеш дополнително.

    Дневен центар е финансирано од град за деца кои не посетуваат градинки и бесплатно може да си играат на тие места со други деца.
    Концептот на носење храна е различен од градинка во градинка. Во оваа градинка сега не носам ништо има појадок, ручек и ужина. Државна градинка. Во претходната јас носев појадок и ужина кој е изрично напоменат каков е.
    Јас веројатно сум прашала педијатар. И сум читала за детски развој. Ако мене лично ме прашуваш.


    Повели доста интересно со табели и математички приказ. Исто може да се види во кои држави најчесто се користи баба и дедо наместо градинка:
    https://observatorio.campus-virtual.org/uploads/32345_FaS_wp20-2014.pdf

    И останати:

    https://www.oecd.org/education/school/1960663.pdf

    https://www.gla.ac.uk/news/archiveofnews/2017/november/headline_559766_en.html

    https://www.theguardian.com/education/2009/feb/10/grandparents-childcare-pre-school

    https://www.meinspatz.de/baby/kita-tagesmutter-oder-oma-welche-betreuung-ist-die-beste

    https://www.google.de/search?client...KHZKECikQ1QIwI3oECBUQAQ&biw=390&bih=664&dpr=3

    https://www.pbs.org/wgbh/nova/article/science-of-preschool/
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Некои се стари статии доста, ама сите истото го велат, во отсутност на мајката подобро е формална грижа отколку баба и дедо. Сепак, беше наведено и дека не се знае дали понатаму во образованието ќе се изедначи разликата. Ништо посебно, или нешто што не се знае.

    Пак ќе кажам, за баба и дедо е индивидуално, ама треба да исполнуваат доста критериуми. Плус што се многу послаби на внуците и да, знаат да им даваат претерано шеќер и нездрави работи. Треба ептен на место да се за да им се остават деца на чување.

    Пишуваше и дека децата со дадилката претежно имаат исти резултати како и децата од градинка. Ама сепак, дадилка е сосема поразлично. Ако не е нели, стара жена што го чува детето, што пак не сум за, веќе имам кажано дека имам видено одвратни примери, со чест на исклучоци.

    Моите родители не се за дете чување, ниту пак неговите, да морав ќе одеше сепак во градинка.

    Ама Фри, навистина забораваш какви се тука градинките, некако и студииве не би биле скроз релевантни за нашите градинки, зашто две жени на толку деца не дека можат баш да им обратат внимание и да работат посветено со нив. Знам, одеше и мојата. Многу повеќе учеше и учи со мене, отколку во градинка.
    Па дури и со зборувањето се уназади, таму претежно не зборуваа чисто и убаво. Никаков бенефит за нејзе лично не видов.

    Така што сепак се сведува на тоа дека се гледа според ситуација и околности. А кога ќе направат студија за Македонија и за што е подобро тогаш ќе е порелевантно.
     
    На eli25, fana, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски

    Морам да признаам дека ми е тешко да дискутирам за македонските реални капацитети и можности. Некогаш кога ќе изнапишам се си велам чекај малку тоа таму не ни можат да го разберат онака како што го кажуваш зошто воопшто не биле ни во контакт со такво нешто. И не само за оваа тема за многу други.

    Ама пак некои градинки што ги гледам (една приватна ми остана во меморија грин хаус или такво некое име во Скопје) ми се виде доста посветена на развој кај деца од 0-3 години. Секој ден мајките ставаат некое стори каде децата работат и учат. Не ме држете за збор со имево на градинкава.

    Значи сепак има и можности за квалитетно образование во ран развој, само претпоставувам чини богатство. Во отсуство на државен систем на образование по европски стандарди ќе се дешава уште поголема сегрегација. Богатите со одлични услови, сиромашните уште полошо и во иднина.
     
    На Lea.Messi, fana и RainBow им се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да кажам некој збор.
    Дете пред да тргне во градинка беше скроз друго.
    Не даваше играчки, кога ќе дојде друго дете само плачеше,се за инат правеше... Тантруми на ден, над 10.Активно сум на детето посветена со него си играм, читаме, цртаме, се заедно. И не луѓе, не е исто.
    Никој не плука кон баба и дедо ама ај бидите малку искрени. Не е само што да научи, тоа дете треба да се сооче и со други карактери освен со баба и дедо.
    Кога ја зимам е пресреќна, не сака ни да си иде (може да прочитате колку се жалев дека само плачеше), дома продолжуваме заедно да имаме активности ама сега нема тантруми и нема лигавења.
    Моето е во најмала група ако е 2г, и не би се сложила дека така ги оставаат. Играт и пеат на песни, цртаат, читаат и си играат со играчки.
     
    На bertold, MinnieM, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Точно е. Така се вика градинката и е најскапата градинка во Македонија.
    5000 денари повеќе од нашата минимална плата :)
     
    На FreeMind и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  14. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Градинките државни или приватни имаат бенефит според мене. Тоа што може да го научи од децата неможе од никој друг. Дури ни од мене.
     
    На bertold, drugarka, BabyT* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Одењето во градинка има бенефити.
    Е сега дека децата кои одат во градинка постигнуваат подобри резултати е научно докажано и најчест доказ се ПИСА истражувањата кои се повторуваат на секои три години. Има таму дел дали детето посетувало градинка и податоците за сите земји па и за Северна Македонија укажѓуваат дека тие деца што пред училиште посетуваат барем една година градинка имаат подобри постигнувања на ПИСА. Ама она што треба да се знае е дека тоа важи за возраст 3-6 години. Пред тоа не сите земји имаат систем на згрижување на деца.
    Е сега јас сум за градинка и пред 3 години зашто на 3 години децата веќе формираат групи на пријатели со кои играат (пред тоа секој игра сам за себе) и ако детето појде после 3 ќе му биде мноу потешко да се прилагоди.
    Е сега ако некоја градинка не работи како што треба со децата реагирајте. Зашто има и градинки што супер работат. Кај што оди син ми во државна градинка имаат тематски недели, секоја недела работат на една тема, баш како што треба по програмата за ран детски развој. Внука ми сега со пандемијава и се смени воспитувачката и не работи како другата па сега се бунат и имаат промени на позитивно. Ако само по форуми оправата криви дрини ништо нема да смените. Ама кај нас најчесто се раегира за глупости, не за тоа што треба.

    Баби и дедовци нкогаш нема да успеат да воспитаат дете како градинка, зашто на детето ќе му фали самостојност во решавање на проблеми со врсници. Не е упсех да научиш дете да чита и така „подготвено“ да тргне на училиште. Треба да го опремиш со вештини за снаоѓање само, со математичка логика, со логика за читање (не папагалско читање) и слично. Еве јас имам баба психологи и баба наставник па и двете признаваат дека шанси нема да го научат тоа што се работи во градинка.
     
    На MinnieM, mamaJana, AlicaInWonderland и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.119
    Пол:
    Женски
    Кој период, на колку години според вас е погоден за да оди во градинка
     
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Na 3 god e najpogodno spored mene ako ima koj prethodno da go cuva deteto doma mojata kerka I ona trgna na 3 god za prv pat na gradinka I ok ja prifati
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Зашто е подобро?
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    A spored tebe zasto e podobro pomalo da e deteto
     
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Девојче нема подобро или не подобро.
    Децата одат бидејки мораат тука нема избор дали ќе одат 2 или на 3 години.
     
    На Doktor F, Sofi.ja, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.