Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.036
    Допаѓања:
    13.881
    Па знаеме какви се воспитувачките во градинките. Плус на три години знае да каже, а на девет месеци не. Тоа е разликата. Па и храната. Друго е да касне нешто нездраво на три, а друго е кога нема ни година.
     
  2. zorana*

    zorana* Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11

    Јас сум воодушевена од воспитувачките на моето дете. Од кога тргна детето во градинка се препороди.
     
  3. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Wow значи форумов ми прави да се осеќам како најлоша мајка на свет.. уште од сега се спремам дека за неколку месеци ќе треба да го оставам малото, имам убава работа која нема да ме чека да правам пауза, што значи за неколку години одново ќе треба да почнувам ако не се вратам сега.. имајте предвид дека не се сите привилегирани па да можат да седат дома или па едноставно не сакаат.. значи моето дете ќе има проблеми со attachment и со зависност во животот.. многу претерувате
     
    На Skyler, andromedae, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.555
    Допаѓања:
    33.417
    Пол:
    Женски
    Навикни се :D
     
    На Skyler, Tiny Love и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  5. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Немам зборови понекогаш колку е токсично тука, отварам да видам нешто паметно, совет искуство, ама толку осуда има.. и сега се осеќам дека во затвор ќе го праќам бебето а не во градинка:)
     
    На Skyler, strelec231992, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Види, тоа и од другата страна иде. Повеќе се слуша, а и се чита тука на форумов, како децата најубаво е да одат во градинка, таму се социјализирани, таму имале ред и дисциплина, таму прозбореле, пројаделе, ехееее. Да не редам во живо што не сум се изнаслушала. Па како да не оди во градинка, детето треба да си е со деца, градинката е најдоброто место за деца. Така што не, изнесувањето на другата страна не е токсичност. Туку, да видат мајки дека ако детето не им оди во градинка нема да е целосно заостанато и несоцијализирано, леле јадното нема да има другари и нема да прозбори.;(
    Така звучи другата страна со форсирањето на градинката.
     
    На see.emily.play, Mucika, Cvetce89 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Членката што ја цитираше ти конкретно имаше пишано дека измеѓу опцијата баба и дедо или опцијата градинка е подобро градинка (мајката на работа, па не е опција), јас барем не видов никаде осуда во постовите на тие што пратиле порано бебе во градинка, баш и некои имаа напишано дека би ги пуштиле покасно ако имале опција
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Еве, ако не си видела.
     
  9. zorana*

    zorana* Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11

    Каде ОСУДУВАМ тука јас некого ?!
    Само пишувам мислење, за разлика од тебе што твоето мора да е така и да е последно.
     
    На happygirl и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека има мајки што од 9 месеци ги праќаат бебињата а притоа дома седат, гледајќи дека на бебето негативно му влијае и плаче.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Цитирав зошто и за родител имаш пишано, а она нема видено.
    Инаку, не осудувам праќање во градинка кога се нема друго, живот, осудувам кога само се зборува дека на децата, поточно на бебињата (сум за после три години градинка) им е подобро во градинка и се осудуваат оние родители што го чувале детето дома. Сметам дека треба да се изнесе и контра став на популарниот, а тоа е дека од бебиња им е подобро во градинка. Ако вие го сфаќате тоа како што ви одговара океј, немам ништо против.
     
    На elimkd и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Не знам кој став е популарен, од тоа што имам читнато истражувања како влијае на долг рок градинката, има и негативни и позитивни страни од рано поаѓање, па некако се балансираат. На темата, моето мислење е дека е најдобро после годинка, ама немам искуство па ќе пишам после некое време
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    Види, нас биологијата ни е таква, се раѓаме непособни за ништо. И се потпираме на оние што не направиле за да не оспособат. Па логично е со кого бебето се осеќа сигурно и логично е дека кога е несигурно и исплашено се лачи кортизолот, кој секако не е добар. Затоа, тоа што се збори дека од бебе му е подобро во градинка не држи воопшто вода, како и да ја свртиме работата. И затоа и треба барем до годинка да има породилно, нека се подели и меѓу родителите, било како.
     
    На elenaklasik, sani99 и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  14. zorana*

    zorana* Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11

    Финска

    Мајките во Финска имат право да го започнат отсуството седум недели пред очекуваниот датум за раѓање, по што им следуваат дополнителни 16 недели платено породилно отсуство, без разлика дали се работи за невработено лице, студентка или сопственичка на бизнис. Право на отсуство има и таткото и тоа осум недели платено родителско отсуство.

    Данска

    Мајките во Данска имат право на вкупно 18 недели платено породилно отсуство: четири недели пред и 14 недели по породувањето и за тоа време примаат плата во полн износ. Во текот на 14-неделното отсуство, таткото исто така може да користи две слободни недели од своето работно место.
    Од тој момент, родителите можат меѓусебно да поделат и дополнителни 32 недели отсуство, со можност и за продолжување на отсуството за уште 14 недели, во случај на болест на детето или родителот. Според закон, државата покрива 52 недели плата на еден од родителите, иако за определен период се губи правото на користење на плата во полн износ.

    Белгија

    Мајките во Белгија имаат право на 30 дена породилно отсуство кога добиваат 80% од платата, а следните 15 недели имаат право на 75% од платата. Татковците имаат право на 10-дневно отсуство од работа, од кои три се платени 100%. Ако сакаат, мајките можат да користат право осум месеци да работат со скратено работно време наместо 15 седмици полно отсуство кога добиваат 75% од платата.

    УСА имаат само 3 недели мајката.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.282
    Допаѓања:
    67.904
    Пол:
    Женски
    И? Според уса ќе се водиме која знаеме со какви проблеми се мачи и дека децата се на секакви лекови? Сериозно? Си видела статистики таму за менталното здравје на децата?
    Данска има 52 недели вкупно, а Белгија почнала со зголемување на отсуството на таткото.
    Сакаш да ти биде три недели породилно? Слободно можеш да се вратиш на работа кога сакаш и така.
     
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    9.000
    Никад не би ја пуштила на 9 месеци.
    Ја пуштив и детево и на 14 месеци плаче кога ПОМИНУВАМЕ до градинка, крајно е истрауматизирана и уште е тажна кога ја оставаме некаде.

    Прекрасна социјализација и беше да ја фрлат во креветче, да отече од плачење и да ми ја дадат, патем и да ја отрујам од лекови наредниот период.

    Лиценцирани воспитувачки прочитав?!:rofl: Можда, од сите градинки во државава, 30 жени саглам нека се што си ја сакаат работата и не се вработиле пошто од партија им рекле дека само таму има оглас.

    И доста со тоа турски серии, кифли и благо, не живееме сите во Марвинци (без навреда) без пристап и до други канали, и немаме сите родители и свекрви на тој степен, има добар дел и едуцирани.:)

    Планирам да ја пуштам пак на 2 години, ем со веќе *маалски* стекнат имунитет и со интерес за игра со деца.
     
    На strelec231992, Mucika, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    3.491
    Пол:
    Женски
    Баш од овакви коментари и прашав да не доцнам, на мисла ми беше. Абе еден околу мене да речеше ако си е дома поубаво е дома. Дури и една баба од 70 години на лулашки ми префрли, ајде пуштај го во градинка.
     
    На elenaklasik и RainBow им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.366
    Пол:
    Женски
    Абе се убаво социјализација и сличните исти муабети за позитивностите на градинките ама некако никој не ја спомнува другата страна на градинкиве, болестите, вируси, бактерии, 5 дена мах в градинка и две недели дома, кои се тие стресови како за нас родителите а камо ли за толку мали деца, трчај по болници два пати во месецот, па крвни слики, па брисеви, па контролни… дете плаче урла…

    и никако ден денес да сфатам мајкиве со многу ‘јакиве’ работни позиции што ги/ќе ги праќаат бебињата од 9м в градинка, нели приморани биле пошо немало кој да им ги чува, мислат дека со тоа што го праќаат бебето в градинка ја средиле работата со децата?
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    За се се согласувам со тебе освен за последново. Има мајки коишто таа им е единствена опција за работа и не можат да си дозволат да ја изгубат и не треба д аим се набива вина зошто ги пратиле. Не верувам дека некој има желба да носи дете у градинка на 9м, ама ок.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.366
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра, никаде не станува збор за набивање вина таман работа нема такво нешто, беше во смисла, ахам ќе го пуштам на 9,10,11м затоа што ме чека одлична работа која не можам да ја напуштам, нема кој да ми го чува детето ќе си оди в градинка и решен проблем, тоа идеално звучи, ама се е под знак на прашалник адаптацијата како ќе се одвива, а болестите да не ги ни спомнувам, тоа можеби и ќе е отпорно на болести само лично не знам таков пример. Затоа и пишав, ќе го пратиш в градинка детето и мислиш решен проблем… не… проблемот тек почнува кога и тие ќе почнат в градинка…

    Кога баби/дедовци/родители/тетки метки ќе прашаат: оди твоево в градинка? -Па уште нее.. ау пуштај го социјализација дрн дрн… и се среќаваш со итите тие после неколку месеци, абе детево почна се супер ама глава бе не кренавме од болести…. Епа даа и нашиве така сигурно едно 2-3години…

    малце повеќе искреност не е на одмет, двајца родители кои одат на работа, а дете в градинка секогаш имаат макар еден џокер дали баба/дедо/тетка… зошто не е така се сјајно со градинкиве
     
    Последна измена: 26 јули 2023
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.