Болестите и имунитетот детето што оди во градинка ќе ги стекне порано, отколку децата што ќе тргнат подоцна или воопшто нема да посетуваат градинка. Прашав и погоре како градинките не чинат на 9 месеци, воспитувачки, храна, болести... а чинат на 3години кога планирате да ги пуштате децата во истата таа градинка ?
Имунитетот на бебе од 9 месеци и на дете од 3 години не е ист, не се бори исто. Сите педијатри и психолози што сум ги прашала ми рекле барем до 3 години ако може да остане дома, за жал не може, ама ако имам избор до 3 години јас не би го пуштила во градинка. Од друга страна со поголемо дете полесно ќе се разберам како му поминал денот, отколку да се стресувам што му се случило во градинка без да знае да ми каже или објасни. Сакам да оди во градинка, ама најидеално за мене би било да ги оди само 2 години пред школо, што е доволно за да стекне имунитет, да се социјализира, да научи да игра, да добие предшколска едукација и некаков ред и дисциплина.
Еве ние двајцата работиме и немаме џокер. Једини џокер е што маж ми оди втора смена две недели месечно, па коа е болна или он оди покасно на работа или јас си доаѓам порано и така се комбинираме кога е болна. Пишав погоре да имав опција, никогаш немаше на 11 мес да ја пратам. Иако иронично ти е пишано јаката работа, да баш така јака ми е работата и овозможува многу за нас како фамилија. Супер за тие што можат да си дозволат се со една плата, ние не можеме и станбен кредит да плаќаме, и да не се стискаме и на одмор да идеме со една плата.
Многу си агресивна и некултурна ! Јас го кажав мојот став, ти ако сакаш своето дете чувај си го до 18г дома и гушкајте се. Не го пуштај во градинка, не го пуштај во школо, твој избор.
Имунитетот мора да се стекне, не паѓа од небо. Мене сите педијатри и психолози што сум ги прашала ми кажале што порано во градинка тоа подобро..
Мене па обратно ми кажале. Ептен ако се нема избор, да оди. Моево што фаќаше од големата тешко поминуваше.
Идеална возраст според науката е после 3 год. Но во животот реалност е дека ќе оди во градинка кога ќе мора,зошто не сите имаат привилегија да не работат или да живеат со една плата.
Прочитав, кортизолот се лачи при стрес, аксиозност... предизвикува опаѓање на имунитет и други здравствени проблеми. Моето дете со смеење иде во градинка, си игра, си ручка... го земаме среќно... и да посакам не може повеќе. Има разлика од теорија и практични примери.
Тоа зависи и од дома што им зборат. Имаш и деца кои сакаат да одат во градинка, ама родителите не ги пуштаат ради х причини, најчесто да не се разболувале. Малата на другари има 4г и вика дека едвај чека да оди во градинка, зошто одела неколку пати по неколку дена, ама ете не оди зошо родителите сметаат дека таму само се разболува, таму учи лоши работи... баба и дедо подобро ја чувале... А што да прават Ели?? Како да ја решат ситуацијата ако нема баби?? Јас еве сум од тие мајки. Имам голема плата без која не може да живееме. Болестите се составен дел од детството, кога е болен големиот работам од дома и сработувам се попладне кога ќе дојде маж ми. Лесно е? Ич не е. Исто ко шо не е да го оставиш во градинка и да слушаш до паркинг како плаче. Ама пројде тоа и после кратко време почна да трча во градинка и да кажува све за другарите и учителките колку му е убаво. На непроверена жена не оставам дете. Во градинка сите до една се со лиценца за воспитувачи, unlike овие што чуваат деца зошо имале нивни 2 и се нели искусни
Ај ве молам да не пишувате ко некои родители да живеат во камено доба. Правеле кифли, колачи, гледале серии, оделе по комшии... Има деца кои од икс причини не смеат да одат во градинка. На моја братучетка детето имаше здравствен проблем и не смееше да оди, па мајка и и го чуваше, ниту е затупавено, прозборе пред втората годинае. Малку се претерува од некои членки. Не зборувам против градинките, но има и градинки што никаква хигиена немаат, па мало бебе не би пуштила, пре жена ќе платам.
Нема здравствен проблем девојчето. Татко и очигледно има зошто само наоѓа причини да не ја праќа во градинка.
На 9м бебе е уште пена, ги ставаат цело време во креветче, на каков душек? На колку време постелнина? Мислиш ли толку се замараат дали јадело или не? Бебе од 9м фаќа бактерии, вируси, глисти, плеумонии го клукаш со антибиотици… и не е исто бебе од пена со антибиотици ради бактерии и 3годишно дете. кога е веќе 3 години е сасвим друго, тоа дете зборува, знае да каже што му е, свесно е за физиолошките потреби, в градинка имаат програми, учат песни, цртаат, се дружат, учат на ред, дисциплина и самосталност.
Цитирај ме слободно не да пипуваш "некој членки". Твоето однесување е за во камена доба. Па нормално муабетот е за "здраво дете" сигурно од кој било икс причини е спречено нема да оди во градинка и тоа е исправна одлука.
Ама се од твоево се ПРЕТПОСТАВКИ ! Пишав јас имам одлично искуство на дете пуштено во градинка од најрана возраст (9месеци)
Смањи доживаљ, во спротивно не гледам поента да се цитираме, креветите се претпоставка?болестите се претпоставка?