Кукличе искрено колку се како вас со таква работа? Не секој е во државно или во приватни фирми со разбирање за мали деца или со можности од дома за работа
Син ми. До 2 и пол години, кога прв пат го пратив во градинка, се немаше разболено. Ни нос течење ни ништо. Таму фати бактерија и прв пат пиеше антибиотик.
И тука имам пишувано 2,5год не знаевме за болести, ни кашлица, ни антиб, од дома ќе фати стпетокока, мораксела, глисти?
Ќе игра детето твое со на брат ти/сестра ти што иде во градинка/школо и они ќе му префрлат или ќе игра со комшичето што неговиот брат/сестра иде во школо и ќе му префрли. Или ќе го држиш само дома во стаклено ѕвоно.
Наместо да се согласите дека не се согласувате, џабе ја полните темата со глупости и препукавања. Мое лично мислење ако иам избор не би го пуштала бар до две две и пол години, најмногу ради тоа што тогаш е веќе посамостојно знае да каже да се разбереш ако има проблем со било кого најчесто. И од лично искуство детето мн полесно ми се прилагоди на 2.5 околку на 1.5 год. А за разболување исто на 1.5 беше многу почесто болен отколку сега на 2.5. а се разболуваше и периодот дома кога беше така да мисламд ека за разболувањето нема правило. Има деца со појак имунитет има деца со послаб имунитет и тоа е. Има родители што можат да си дозволад дома да седи до 3 год има родители што неможат и тоа е ок. Дека не е најсјајно од 9м не е , дека некои немаат избор освен да ги пуштат немаат и тоа е тоа. Џабе се препукавате.
Не го фрлаш во дувло со бактерии. Возрасен човек во градинка ќе фати нешто, ние од децата се разболуваме, не пак они. Ни од лулашки, ни од игротека нема такво разболување како од градинка.
Мислењето ми е преместено од друга тема и сосема е изгубена смислата. Некоја мајка прашуваше кога најлесно се адаптираат децата, дали помали или поголеми и во склоп на тоа мислам дека е индивидуално. Од моја колешка, преселени се со маж ѝ од друг град, детенцето од септември ќе оди во школо, а во градинка оди од 9м. Тој оди, ама секој ден со негодување. Сам вика дека не ја сака градинката и не му е убаво. Исто, мој внук, сега ќе прави 4, се радувал кога ќе е болен дека ќе седел дома со мама или тато. Вика дека не му е убаво во градинка, оти децата правеле бељи и не ги делеле играчките. Станува збор за премирно и повлечено детенце шо е во група од 36 деца, во која што само 5 се девојчиња. Вистина е дека многу зависи од родителите и од самото дете, ама од моето искуство и од воспитувачките и самата група на деца. На темата за идеална возраст и јас мислам дека е најдобро ако има услови, детето да тргни во градинка минимум со 2 полни, идеално со 3 полни години. Под услови, мислам на можност родител да го чува, јас лично не прифаќам чување на баби и дедовци, па најдобри на свет да биле. А тие што немаат можност или избор, ќе ги пуштат и на 9, па и пред 9 месеци бебињата во градинка, сакале или не.
Имам баби делумно на располагање ама инсистирам што може порано бебе да оди во градинка од следните причини: - едната баба е повозрасна, своеглава, без желба да слуша или научи нешто. Со неа бебе ќе е бар 3-4 часа во ден по улици и со комшивки. Нема да научи ништо паметно, главна храна ќе е смоки, чоколадо, леб и маргарин и можеби кравјо млеко во најдобар случај. Не се замара едноставно жената. Еве денес си игра бебе (6+) на baby gym, фаќа, тропа, удира по играчките, баба и од врата " Така баба вежбај, удирај, па ќе излеземе да ги натепаме Матеј и Михаела." Е, Матеј и Михаела се деца на соседите кои не направиле ништо лошо, посебно не кон моево бебе, ама бабава наша, не живее со таа фамилија. Плус секој втор збор и е портарка и слични од тој тип. Ја имам предупредено дека ако бебе научи такви изрази од неа, не сега ама за 2-3 години, ќе си сноси детето казна, па ако не и е грев да го гледа детето казнето, да продолжи со такво зборување. - Другата баба работи и би требало 300 комбинации да правиме, за да може дел од времето, да чува бебе. И додека јас се расправам со бабата опишана погоре, кога мојата другарка и снаата нејзина останаа бремени во исто време, мајката беше таа што се понуди да чува 2 бебиња плус и почна да чита нова литература, Монтесори и слична, за да бидела во тек со новите препораки. И ги чува двете внучиња прекрасно. Пред се би избрала јас да си ја чувам бар неколку години ама со една плата од сопругот ќе треба и тој и јас и бебе само леб и сол да јадеме. Е до толку. Немаме финансии што може да дозволат јас да си уживам со бебе следните години.
Се согласувам со тебе. Мојата мајка не работи неколку години, си има свој живот свои рутини во денот оди на базен, на планина на шетање млада е и активна . Ја чува од средина на март ја гледам дека е изморена понекогаш нервозна. Трпението и нервите не се исти кај 20 годишни,30 па 50годишни луѓе. Никогаш до сега не ми рекла не можам уморана сум или ме боли нешто. не е должна да ми го чува детето да ми помагне да, ама да ми го чува не! Мое дете моја одговорност. И да ј,ас сум за тоа дете штом прооди да оди во градинка. Голем дел на децата на другарките со кои сум многу често добија нови убави навики од градинка. Вокабуларот им е побогат , нов фонд на зборови.... Инаку за разболување едното дете од другарки ми 3 години не оди во градинка а секој месец е болен . Од лулашки од братучеди,од комшии .... Дете што се дружи со дечиња нормално е да се разболува.
Да, еве јас пример ради таа работа од дома никогаш скоро не земам боледување. Ни за дете, ни за мене. Се очекува да си сработиш, што е невозможно со дете дома. А детето што како помало е поболно, најчесто гради добар имунитет и во школо ќе нема гајле. Децава што се чувани без мешање во школо секако повеќе ќе се разболуваат. И тогаш ќе ти треба боледување, само плус ќе учиш заостанати лекции. Све си има плус и минус, и не е фер градинките да се доживуваат како најлошо нешто на свет. Посебно не во последните години кога многу и од воспитувачките вложуваат многу повеќе време и знаење со децата.
Тоа дека во школо помалку ќе се разболуваат, не е точно. Од форумов што читав, децата им оделе во градинка, па во прво одделение глава не кренаа од болести. Има и такви случаи. Ај да не тагнувам сега, но читав мајки.
Не се репер сегашните првачиња, пост ковид сите (па и возрасните, гледам и по мене) сме многу поболни. 2г изолација си направија голема штета, за жал.
Не сум јас против градинките, го носам една година и хоророт го преживуваме, ама не се откажувам, се надевам дека ќе дојде денот кога ќе ујача и ќе фати континуитет, никаде не пишав дека е најлошо место, си има и позитивни и негативни страни, со навршени 3 години местото му е таму
Јас ќе направам паралела за мојава. Првиот пат тргна на неполни 10 месеци. Одеше три дена по саат време. Ја земав премалена од рикање и тресење на глава од плачење. Саат и пол во креветче. Падна болна, еден месец не можев да ја оправам. Вториов пат тргна на година и скоро 4 месеци. Проодена но сепак некогаш кажуваа дека ја ставаат на почетокот во креветче. Никогаш не сум ја земала расплакана, после 4 дена престана да плаче на одење. Сама си го зема ранчето и патиките од сабајле да ја носам. Веројатно и е забавно. Не ја оставам цел ден сеуште , до после ручек и ја земам Мислам дека доволно е дете да биде проодено за да тргне барем моето искуство покажува така
Најдобра возраст за да оди дете во градинка, според мене е од кога ке остави цуцла, памперс и шишиња. До тогаш има да си носи вируси и бактерии дома. Ние ја пуштивме на две години и два месеца, па најмногу што издржа да не се разболи беа 4 дена. Нон стоп болна, па и ние со неа.
Искрено мислам дека градинката не е најбитен елемент за социјализација на детето туку вложувањето на родителите во детето, што реално и не е лесно. Син ми не оди во градинка, среќа има кој да го чува и имавме избор. Реално јас кога се враќам од работа цело поладне ми е посветено на него тие 5-6 саати. Значи играње,гледање тв,раскажување приказни, гледање и анализирање сликовници,шетање во парк. Немаме голем број на роднини или пријатели кои имаат деца ама кога и да одиме во парк а летово тоа е секое попладне барем по 1ч секогаш си наоѓа другарче за игра и си комуницираат. Градинката можеби е еден од начините каде на родителите му е олеснато на некој начин, нормално за оние кои немале избор градинката е спас. Секако сум ептен за градинка и чекам да наполни 3 години....веројатно до тогаш и ќе биде примен,оти ми е запишан од 5 месеци ама мене отворено ми беше кажано барај си врски. А за најдобро време можеме само теоретски да дискутираме, секое детенце си е индивидуа и различно прифаќа.
Мое мислење е дека е најдобро да се тргне со 2 години во градинка. Е сега не секој има можност да го чуда до 2 години дома ако зависат од финансии , од работата на мајката . Во Македонија нема работа со пола работно време. Значи ако тргнеш на работа а породилното трае само 9 месеци , го оставаш бебето на чување повеќе од 8 саати . Бебе од 9 месеци кое уште нема ритам на јадење , спиење .. оставено е во занимална со повеќе бебиња-деца .. во креветчиња. Колку учителки се ? 2 , 3 ? Колку внимание може да се посвети на секое дете ? Друго е да се пушти поголемо , што знае само да седне да јаде , да црта нешто , само да се занимава со нешто . Најчесто и затоа ги чуваат баби или жени до година или повеќе . Моето е уште дома. Во ноември ќе полни три години. Во градинка ќе почне во септември. Веќе се свесен каде ќе оди , знае и се радува. До сега сериозно не се разболувач. Има поголеми браќа и сестри . О од нив знае да фати нешто ама да е настинка . И веќе има стекнато имунитет. И да се разболува нема да е страшно (барем така мислам) Знаеме во градинка како се пуштаат деца . Дека се пуштаат и болни деца , зошто родителите немаат веќе слободно денови да дочекаат да оздрави детето . Не ми е прв пат да стекнам искуство за тоа какви се деца одат во градинка . Уште сега нерва ме фаќа. Има и такви мајки кои едвај чекаат да се вратат на работа после 9от месец . Не дека нивната работа е толку битна и да зависи од нив ( зборам од моја фамилија) Бабата на тргнаа од работа да остане дома да ги чува внуците . Да две се . Едно 4 години , кое е тотално дебилче станато . Зашто мајката не му посветува внимание ни работи со него . Говорот е нејасен , не знае да се заигра со деца . За тоа дете градинката е измислена. На мајката и е тешко да стане сабајле да го спреми и однесе па останува со баба и другото дете дома. Сакам да кажам дека се е индивидуално. Некој мора да се врати на работа , некој и не.
Според мене ич не би ја пратила и ако би морала би ја пратила од 3 години. Али еве сме...сами ..нема кој да ја чува ,па ке ја праќам од 9 месеци. Душава ми плаче.....