Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. Sandri4ka_023

    Sandri4ka_023 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2023
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Безброј коментари,различни ставови,дури и препукувања и се поради недоволно знаење само во оваа држава….. Нема идеална возраст за градинка,тоа не постои или си приморан да го дадеш од 9 месеци или имаш можност некој да го чува трета опција не постои тоа е само во оваа држава да не почнам да ја навредувам истата….И друга работа Америка и сите тие поголеми континенти,земји со милионски бројки на жители поседуваат градинки за бебиња од само 6 недели.Свесни сте колку бебиња се во градинка од само месец и половина па ете ги живи и здрави истиот случај е и со мојата сестра па фала му на Господ внукот веќе има 20 години.Е сега додека стигне такво нешто до нашава земја мислам дека ќе поминат уште илјада години и тогаш ќе биде ајде што има врска мало било вака било така било.Исто е дали ќе е дома или во градинка од само 9 месеци,имунитетот во домашни услови не се создава да бидеме на јасно мора да се изнесе надвор,дечиња еден куп ова кивнало друго се закашлало ете го вирусот и што ајде ќе ги ставиме дома во едно стакло и ќе си ги гледаме а ќе живееме од воздух.Бидете малку реални у оваа никаква држава во која зависиме за да преживееме ве молам…
     
    На Ena05, PoisonGirl, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.946
    Пол:
    Женски
    Нема што да доаѓа америчкото кај нас, си имаме 9 месеци породилно, зошто би го праќала на 6 недели?
    Инаку темата е идеална возраст за бебето, а не за нас. Би рекла идеална е 3 години зашто свесни се каде одат, зошто одат, си играат, учат, соработуваат, имунитетот е веќе посилен.
     
    На LiquidLuna, KuklickaSk, Калатеа и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст не постои, ако збориме нешто приближно на тоа, би било после 2 ипол години.

    Идеална возраст сигурно не е на 10 месеци, тој што мора-мора, ама всадени мислења во глава од баби и тетки дека градинката на таа возраст е најдоброто нешто па затоа ги праќаат уште од бебе ми е страшно, а притоа имаат опција за дома барем одреден период.

    И да ви кажам, пардон мај френч не се изразувам вака обично никогаш ама маж да бев цитрони ќе ми ги направеа со оваа тема. Јас не знам што е со луѓево. Прв муабет со секој, дали оди во градинка, па кога ќе речеш не, па како сожалување, па леле како можеш по цел ден дома да си, па не се дружи, па не е социјализирана... И јас не знам како можеш да го гледаш детето само 3 саати во денот и за тие 3 саати телефон да му дадеш во рака. Треба да си безобразен ама не сакам да коментирам туѓи животи, а мојот се коментира.

    Не е турското, ниту па живееме во пештера на планина со козји патеки.
    Ќерка ми нема мол, игротека, парк, ресторан, кафич, маркет, планина во околинава на градов, која ја нема посетено, лулашки имаме бар 3 во населбава, секој втор ден сме, има братучеди со кои секојдневно се дружи, телефон во рака нема фатено, збори од 10 месеци, сега на две само р не знае да ја каже, сама јаде, сама заспива, во своја соба спие, пелени не носи, сама оди со баби, дедовци на шетање и по неколку дена кога сакаат да ја земат без никаков проблем. Социјализирана е повеќе од некои возрасни, одговорно тврдам. Никогаш сцена не ми направила до сега, знае како треба да се однесува во маркет, знае како треба на гости, ресторан, игротека, планина. Не дека ако одеше во градинка немаше да биде исто, исто ќе беше, воспитувањето е тоа, и е до нас како родители, а не до градинката. Градинката е само помош да го причуваат детето додека е родителот на работа, очекувања никакви немам од таму во врска со ред и воспитување. Ако научи некоја песничка супер и доволно е да ми ја вратат до крајот на денот, најадена, напиена и неповредена. Толку имам очекувања, останатото е на мене и татко и. Само не значи па и дека ако не оди во градинка дека не видело луѓе или други деца.

    Јас никогаш телефон не кријам од ќерка ми, стои на маса како секогаш, додека пак сум седела со мајки што буквално кај мене во ташна го криеле само да не го бара детето. Ама оди во градинка, тоа е најважно.

    Па кога ќе ми речат ред ќе имала во градинка- е овие ми се најјаки. Ова кога ќе ми кажат очите на тилот мислам ќе ми отидат. Јас ако чекам во градинка ред да и' направат, па за што сум јас тогаш, јас за што служам. Јас сум првата што треба ред да створам дома на тоа дете, од дома доаѓа се. Треба ли во градинка да ја пратам па таму ред да и' прават. Имам да зборам на темава до утре, околу мене деца и примери еден куп. Оди во градинка, мајката ми збори за социјализација, а 2 саати додека седевме детето залепено до мајката не сака да се одвои, и не стана да си игра со моето. Ама моето ќе се поврзело многу за мене ако не одела во градинка, многу била со мене. Замисли дете од 2 години многу му било да поминува време со мајката, со мајката, пак повторувам, многу време поминувало со мајката. Ако не на 2 години да ја пратиме во Германија на печалба, што ќе сум и јас. Примери такви еден куп имам.

    Ја праќаме во градинка тогаш кога мислам дека е спремна и физички и емоционално. Сега веќе знае каде ќе оди, сака, знае што ќе прави таму, знае дека ќе дојдеме по неа и сигурна сум дека проблем нема да има, си го знам детето. Јас можев да си ја чувам до оваа возраст, знам дека многу мајки не можат. Свесна сум. За мајки што мораат- мораат, и мајка ми беше една од нив. Ама дајте да бидеме реални. Јас барем се трудам да сум секогаш кога се работи за ќерка ми.

    А за вируси и бактерии ич да не почнувам да зборам. Децава околу нас што одат во градинка, 365 дена во годината со мрсули се. Кога и да се видиме, им течат мрсули, а мајкиве за здрави ги сметаат.
     
    На lackygirl, LenkaP, kikikikirika и 16 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Мојата во ноември ќе полни 3, ја запишавме сега. Понеделникот прв ден ама вечерта крена тт па еве ја дома. Од понеделник со нови сили ќе пробаме повторно.
    Единствена причина заради која ја запишавме е дружбата со други деца. Што се тиче мене уште ќе ја чував дома, ама ми е жал сама да седи, ја гледам на деца колку се радува ко ќе излеземе на лулашки или во парк.
    А и искрено ми треба место каде што ќе се издува. Со маж работиме у приватна фирма пред 5-6 саат не сме дома. Скапани после работа ја шетаме по паркови, лулашки за да се издува и умори. Ама и нас не ни е лесно. Од таа причина решивме да ја пуштиме да се дружи со деца да трча едноставно денот да и се исполни.
     
    На something, TarantulaA, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам да ти кажам блазеси ти шо имаш таква можност. Го делам твоето мислење во скоро се што напиша. Само сакам да кажам тие шо работиме по 8ч особено со луѓе некогаш даваме телефон за да одмориме.
    Лично јас свесна сум за тоа ,јасно ми е дека не е во ред ,чак и јас бев најголем протовник но после 2 години терање инат по тоа прашање јас личев/ам на зомби а и така се осеќам и решив време колку за едно кафе да испијам раат гледајки во една точка да одвојам со тоа шо за тој пола саат до 40 мин ќе добие телефон. Не е оправдување ,реалност е. Премногу се очекува од една мајка на денешно време. А дека на 2-3 5 години дете му е многу време со мајка ахахахха
    Мислам сериозно ??



    На темава ,идеална возраст за детето според многу педијатри е 3 г.
    Според мене идеално би било исто толку да не работи мајката па да си го воспитува ,да му направи ред ,да го научи на одредени однесувања и сл.
    И чувањето од баби ,дедовци ,тетки не знам дадилки не е исто со чувањето од мајката. Кој шо сака нека збори !
     
    На TarantulaA, LUCI 99, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    12.078
    Пол:
    Женски
    И да ја пронајдеме тука идеалната возраст за градинка, впрочем и сосема е индивидуална, ќе се судриме со личните обврски и можности.

    Затоа, освен за возраста, многу мајки на темава се надоврзаа и со нивните услови и што сѐ повлекува тргнување или нетргнување на детето во градинка.

    Но, во однос на тргнување во градинка, мене една забелешка од една мајка на Инстаграм која продава курсеви, ми остана во меморија.
    Бидејќи, сум тип на човек кој ги премислува работите по неколкупати, затоа и тука ќе го споделам ставот.
    Има повеќе време поминато, уште не беше активна со курсевите мислам, кога рече дека градинката не е за секое дете, некое сака, некое не сака и не сите можат да се прилагодат, и потоа, дека градинката ја уништува или не води грижа за креативноста на децата. Значи ова е нејзин став, кажан пред цела публика мајки.
    Не е во ред да се изнесуваат вакви лични ставови кои се гледа дека прво имаа индивидуална емотивна нота, а уште пак да се искаже како некое истражување да споделила.
    Чувај си мислата за себе и не се издавај со вакви мислења, зашто има мноштво мајки кои немаат друг избор, кои едвај чекаат малку одмор, кои имаат и други лични причини.
    И сега дека ја следат многу, па уште и ја кредитираат како веродостоен извор на информации, се осмелува да кажува.
    И стручни лица, педагози, психолози кажуваат став За градинка, никој не рекол против. Особено не со став дека градинката ја уништувала креативноста кај децата.
    Мислам, малце полека со ставовите и премислување не е на одмет дали нешто е за пред јавност или не.
    Зашто мајка која мора да го остави, откако ќе слушне нешто вакво, може и јанѕа да ја јаде дали правилно прави.
    Знаеме колку сме ние мајките сомнителни за изборите кон нашите деца.
     
    На Erika.greeneyes, SuperGirl24, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik
    Ме интересира како личноста го заклучила ова ?
    Мислам реалноста е дека ги учат сега не знам дали во секоја градинка е така но гледам кај ќерка ми ,бојат ,цртаат ,садат цвеќе ,учат песнички. Не се само со играчки и плачки....
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.968
    Браво мајка, си најде тема да се пофалиш :D

    Ме мрзи на се да реплицирам, ама полека малку со етикетиве за вакви и онакви мајки кои работат, а чии деца се трескаат, гледаат у моб и не се социјализирани. Не е се црно, бело.

    Едно е релација со родител и возрасни, друго е со куп други деца со кои треба да подели, да се скара, да се избори за нешто, да го скара возрасен, да се заигра. Со секој втор ден на лулашки и по молови и кафичи, за жал, не се учат тие вештини.
    Децата со родителите и бабите се едни, во социјален круг со куп други деца се други.

    И колку и да е твоето дете во твоите очи најдобро во се, ќе има некое друго подобро во нешто друго. А зошто сите сме субјективни за своите деца ќе се разочараш. И ти и детето. За трескањето и сцените, почекај уште малку, покасно доаѓаат.


    На страна од репликава... пред некој ден во САД е уапсена инфлуенсерка со 2м следачи и 6 деца. Давала совети и имала подкаст за воспитување, зошо нели идеално воспитала 6 деца. Уапсена е за злоставување на сопствените деца, кои меѓудругото, ги казнувала со недавање храна и вода...
     
    Последна измена: 15 септември 2023
    На Simovska92, PinkGirl*, jelo и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.534
    Допаѓања:
    7.312
    Пол:
    Женски
    Сигурно имам пишано на темава ама еве пак. Моето дете е од оние што ќе тргне од 9 месеци во градинка. Немам финансиски услови да седам дома, а бабата на располагање и не е некој избор. Дури и се мислам кое е "поголемо зло".

    - Со баба ќе е дома, на топло, без многу контакт со вируси освен нели ако ние не донесеме. Ама на бабата на 8 месечно бебе и било страв да дава храна со парчиња или погрубо блендирано. Ако јаде бебе јаде, ако не денес ќе понуди 73829 шишиња млеко. Ако заспие арно, ако не пак супер. Ако не може да го заспие решение надвор со кола возење. Користи зборови од типот портарка и сл. Секој ден ајде ќе те тепаме по газот, мајка ти (за мене) ќе не тепа, ајде да ја тепаме куклата, ајде да ги тепаме децата надвор. Ако немам избор и бебе се разболува често може ќе замижам и дозволам некое време да е со баба/дедо. Во спротивно ја бирам градинката како помало зло.

    Во градинка веројатно често ќе се разболува и ќе е со растечен нос ама може пак и нешто попаметно ќе научи.
     
    На Panovic, Алек***, Tiny Love и 6 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.815
    Пол:
    Женски
    Се учат и тоа како. На пример, моево научи дека џабе мајка само дрнда да дели, кога другите деца не делат. Или размена, она ќе дадеше и после не и ја враќаа. Баш спротивно во градинка, и она кога отиде приметив, гледаат да научат да се џапнат до некоја играчка, а не да споделат. На лулашки нема учителка да ги оправа и таму се гледа кое што научило. После тоа и реков, играчките се твоја сопственост, сакаш давај, сакаш не, ама ако побараш од некое играчка и не ти даде, тогаш тоа си е негово право.
    Откако отиде во градинка научи секакви глупости, дури и со зборувањето се уназади зошто ги имитираше и прифаќаше од другите. Премногу се величат градинките кај нас, градинка ред значело, па како ќе се научи на ред ако не одело во градинка и не знам што не се изнаслушав додека не одеше.

    Градинката е нужно зло во отсуство на родителите и тоа е тоа. Не е некоја градинка во Германија или некоја европска земја во шума, кај што се цел ден надвор и се учат на секакви работи. Кај нас се две учителки на 30 и гледаат да ги вратат дома неизгризани и чисти колку толку.
     
    На LUCI 99, Daydream, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.732
    Пол:
    Женски
    Се во право си мајка. Еве мојава од 8 месеци оди во градинка, ништо не знае. Тоа и е релација градинка дома и толку. Нешто викенд, ако и посветам внимание ако имам време и тоа.(знаеш нокти, мокти, депилација, ово оно, фризура) 2.5 год има и ништо, збори само мама, нема поим што е лажица и како да јаде сама, за парк ,лулашки врска нема што е тоа, да не правам муабет за кафич или слично. Мрсули што да ти кажувам, ама нема гајле, со маж ми некад се мислиме дали да ја лечиме или друго да правиме. Среќа телефониве што постојат па барем 3 часа после работа да одморам , одма и ги даваме сите, и таблети и телефони и се. Во маркет кога одиме , трауми мислам имаат сите во Веро, тоа тантруми, се влече, пишти, вришти, ама нема гајле дете е. Ама тоа е тоа , ние што работиме кариерата ни е далеку поважна од детето, да бидеме реални.

    Кои глупости знаете да истрескате не сте свесни. Сакаш носи го детето во градинка сакаш не, твоја работа, но стишај страсти за оние што ги носат морале или не, крајно небитно, нивни избор.
     
    На Skyler, Luna91, Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.968
    Епа за тоа треба да зборуваме, за квалитетот на предучилишното образование и зошто нема ист квалитет во сите државни градинки.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.815
    Пол:
    Женски
    Треба да зборуваме и за подолго отсуство на родителите, детето да е подолго со нив, треба многу работи да се зборуваат, ама знаеме каде сме, за жал... Па ќе се убедуваме дека е нормално детето да повраќа од плачење на адаптација, да рика, да има кошмари ноќе, све е тоа нормално, сите го поминале.
    Мене ми е жал за децата пред сѐ, што растат со вакви пасивни генерации како нас кои само можат бајрам на паметот да си прават дека се си е нормално за децата.
     
    На LUCI 99, Мишел*, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Секоја ситуација и дете се различни. Јас со 13 месеци го пуштив на јасла и тогаш ми изгледаше премногу рано, ама сега гледам дека таман на време било. Првите два месеци седеше до 12ч., после до 14ч, за од година и пол да останува до 15ч.

    Зошто сметам дека во нашиот случај 13 месеци беше одлична одлука?

    Прво, живееме во странство и детето расте во двојазично средина. Двата јазици (едниот дома, другиот на градинка) почна да ги збори во исто време, па сега веќе е на две и знае и на двата јазици да каже што сака. Ако го пуштев тек сега на градинка (сега е веќе две и нешто), со странскиот јазик ќе беше изгубен случај.

    Второ, во местово кај што живееме сме нови, во градинката запознавме многу луѓе со чии деца се дружи.

    Друго, во градинка научи работи што мене ни на крај памет не ми текнало дома да го учам, цело време мислам дека е мал. Таму го научија сам да јаде со прибор, да си соблече патики, да собере играчки, да дели, да не фрла играчки, да брои до 20, има ред на спиење и јадење.

    Сега веќе седи до 16ч таму. Јас се враќам дома во 14ч, имам време да завршам нешто шо дома и кога ќе си дојде дома тој период ни е само за играње.

    Сега веќе на 2 и забележувам дека на детето му требаат деца, колку и да се трудиме ние дома, тоа си е најсреќно со други деца.