1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    За понашање ќе ти кажам.Мојата како 2 адаптации да помина.Првата на 13 месеци 6-7 месеци плакаше оти 2 недели дома една во градинка одеше само 4 часа.Кога тргнав на работа почна да протестира оти остануваше 7 сата.Тоа беше накај 9месец од тргнување скоро 2години.Па само плакаше, не даваше да зборам со моите на скајп , од раце не ми се тргаше.Се не и беше погодено.
    Втоата адаптација и беше новата група по 3 недели одмор од градинката(ова ни е задолжителен одмор).Беше 2 год и 1 месец.Пак плачки, протести нр можеш да ја спремаш.Штом ја види градинката плака.Па траеше може 2 месеци.Сега е добра со ќеф оди и се радува.Има еден другар и другарка како неа и многу ги сака и заради нив оди, ама веќе накај четврток петок и станува премногу и сака одмор.Сака да е дома со нас .Кога ќе и кажам утре нема градинка дига раце и вика јупии. Ова е нашето искуство.
     
    На duffi и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Добро е човек да размислува

    Ние сме во иста држава

    Кога ќе тргне во градинка повеќето од времето ќе ти е дома и болно
    Многу потешко за гледање него ли кога е здраво
    Имунитетот не се стекнува така лесно,моето е 3годинки и во месецот 2 недели е дома 2 градинка :)
    3 годинки...замисли со 6 месеци :|
    Болно дете,нема ништо по напорно и потешко за чување и гледање
     
    На Среќичка, Cka, Kitten и 13 други им се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Mari* мила од тебе би сакала да чујам ако имаш искуства со оние градинки кои се во природа валдкита ако имаш пријатели со искуство би била благодарна.

    Од разговор со колеги велат имунитетот најмногу се јакнел токму во овие градинки ( од 3 години се ).

    А и за да зајакнат мора да ги поминат вирусите. Сигурно е претешко. Не сакам да сум ви во кожа.

    Мене ме плаши она плачење кое @Ava.84 го споменува страв од одење во градинка за кој и споменав најчесто се манифестира од една до три години. Затоа и не ја сметам за идеална возраст за започнување. Се си велам ако е адаптирано дотогаш дека ете така личи денот ќе му биде полесно на детето.

    Во разговор со роднини, другарки и колеги сите го посочија истиот проблем на таа возраст. Едноставно детето не сака да оди во градинка си има стравови. ( секое дете е посебно и исклучок секако )
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ова болдираново ми забоде очи. Извини, ама многу ми звучи ко незрело размислување. Време за себе и да го пратиш во градинка. Не треба секако мајката да се запушти, ама ни на крај памет не би ми текнало да го давам бебето во градинка за да најдам време за себе :x
     
    На wannaBeMomma, Среќичка, Mama993 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Те молам, наградите за најмајка подоцна ќе ги делиме. Прескокни ме со овој тип на муабети те молам.
    Да не го симнуваме нивото на разговор како пред порта да сме.
     
    На kostarika, Dust, Someday и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Па ти го започна тој муабет и секако дека ќе ти реплицираме. Сите ти велат дека е најважна мајката, а ти си запнала дека треба во градника од 6 месеци. Терај си така.
     
    На sofi2107 и mariz им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Работата е што кога е поголемо можеш некако да се разбереш и да плаче да го утешиш. И ќе знаеш и колку му е стресно. А толку мало бебе не може ништо да ти каже, може само да плаче и да биде постојано во стресна состојба. Толку мало бебе е потребно што помалку да биде оставено така, затоа мајка му е потребна да му одговори на потребите. Ти мислиш дека тоа ништо нема да знае и е сеедно кој ќе се грижи за него, па со тоа е демек полесна адаптација, ама воопшто не е така. Ќе се осеќа напуштено, а нема ни да може да каже.
     
    На Mother of 2boys, Среќичка, Ygritte и 9 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Е за ова веќе вреди да се размислува. Манифестација на стрес на 6 месеци сигурно би било поразлично од поголемко дете и потешко би било да се распознае таа стресна состојба.
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто го направи чувањето на бебето како работа во рудник, рехабилитација од што? Ако ти е за некој саат, ке си правиш се додека си спие. Нишкање, хранење, пеење песнички, успивање, се тоа наместо мене, да го прави друг? Зашто? Ке фали уште мама прво да и рече на таа што ке го прави тоа, а многу лесно може да се збуни, доколку баш се тоа наместо мајката го прави друга жена. Ти ке одмориш и баш ке ти биде супер, а на бебето? Не се паѓа туку така во депресија. Тебе +5,6м од животот нема да ти направат разлика, но на бебето ке му направат огромна разлика. Мислам секое малечко треба да биде со мајката ете бар до 9-12м, мајката да си го храни, мајката да ги слушне првите зборчиња (па си ги запишував во радосница јас), мајката да го нишка и успива, да пее песнички, да ги види првите чекорчиња, да ги открие првите забчиња, па ако се тоа го пропуштиш за да се тушираш и вежбаш на раат... нз што да кажам, немам зборови. Мислам спремни стануваме сите мајки, па спремни сме и за сите предизвици кои доаѓаат, а не на друг да му ги дадеме и да живееме како пред да сме имале деца, зашто така? Не е само да се роди и да се остават во градинка, школо, за ние да сме се релаксирале. Баш сакам тоа дете да заплаче за мене кога го оставам, сакам да го направам тоа дете да има чувства и да знае да се врзува за некој.
     
    На wannaBeMomma, Mama993, mimiiiii и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    @FreeMind прво породи се (fingers)
    Не верувам дека би можела да размислуваш вака кога ќе го имаш враце
    Првите месеци во главно спие и цица
    До годинка има 2-3 дремки што ти се доволни да направиш доста за себе
    И друго,најлесниот дел се првите часови наутро
    Нема да ти побегнат непроспиени ноќи,грчеви,плачки и рикачки
    Било неколку часа во градинка или не од некои делови едноставно не ќе можеш да побегнеш и да се чуствуваш одморено и Здраво

    Околу валдкита...
    Овде е од 12 месеци и е поевтина од нормалната
    Поголемиот дел од денот го поминуваат надвор,овде има и животни дури во склоп на градинката
    Чак и кога врне или вее...с'рвајвер :D мене така ми изгледаат
    Идеално за деца со вишок енергија
    Како моја Могли :inlove:
     
    На wannaBeMomma, Sexybaby86, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @mariz ваљда нема да му испаднат заби додека се туширам.

    И не ја сфаќам драмава, па времето кое го поминуваш на форумов на мобилен преку ден е дупло поголемо од времето во кое јас би ја оставила во градинка. За каков раат ти овде зборуваш?
    Оти ви е толку лесно со квалификации? Еве јас сум несериозна и несозреана за мајка што започнав дискусија за од 6 месеци вие сте најдобри и алал да ви е. Подобро ли е?


    @Mari* чекам во секој момент и вишок време можеш да замислиш последни денови.

    Кај нас овде е речиси невозможно да најдеш место и е од три години. Ако успеам да најдам една од 12 месеци ваква ќе оди со гаранција само во неа. Во шума е кај нас на отворено, одличен концепт.
     
    На kostarika и Mari* им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Фримајнд искрено ќе е ти кажам, може и грешам ама од што те читав дојдов до заклучок дека ти уште сега мислиш како да се ослободиш од тоа дете за во теретана да одиш, спиеш јадеш и не знам ти што.
    Не. Не сме депресивни. Јас дете оставам само дур сум на работа. И погоди што? Среќна сум. Нити сим во депресија нити сум хронично заморена.
    Не ми е јасно кога велиш хронично ќе си уморна небаре ниви ќе копаш секој ден а ќе имаш сила за во теретана !? хм...
    пред се на таа возраст син ми спиеше по 15 часа. имав доволно време и да средам и да спијам и да вежбам и да гледам филм. АлИ види. .. сепак и до човекот е.
     
    На FreeMind, wannaBeMomma, flower55555 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Да @LiliBoz девет месеци го носам со тајна намера да се ослободам од него на шестиот месец.
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    не знам. Навистина лош ти е ставот. ко се друго да ти е побитно...
     
    На FreeMind, ane.bella, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ти уште не си породена? :rofl: или па мене ми се чини времево како месеци да поминале:wasntme:
    Синко го пуштив на 13 месеци во градинка никако неможеше да се помири дека го оставам ни да се адаптира. Од оставање до земање плачеше. Јас се вратив на работа и се беше хаотично. Два дена во градинка две недели болен. Фати бактерија на нос и грло, потоа коксаки вирус, за на крај после месец дена лечење бронхитис со антибиотици да заврши со пневмонија. Последно матичниот ми рече ако ова дете не ти е за фрлање барај друго чаре. Поради моите презачестени боледувања, а работев во приватна фирма договорот кога ми истече не ми го продолжија. Така останав дома со дете и јас го чувам. Планирав да го пуштам пролетта повеќе поради него ама како што останав бремена за да не ми носи дома настинки решив да не оди и го отпишав а дотогаш плаќав за да му чуваат место.
    Дека секој ден ќе ти биде отсликан на претходниот тоа да, дека е монотоно и досадно и тоа стои ама за депресија не си ставај такви мисли. И јас верувам кога ќе го земеш во раце а и со секој нареден ден помислата да се одделиш од него на одреден период ти самата ќе ја одложуваш:nod:
    Ајде со лесно да ти мине породувањето, па кога ќе те мавнат точки ќе се читаме во мајчински муабети:D:hug:
     
    На Bonnie Top, Ygritte, *Ench@nted* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас немам деца не го ни знам чувството да имаш дете. Јас го очекувам во секој момент да дојде да го дознаам. Може само лупетам како што би рекла дафи.
    Јас само гласно размислував на темава од моја перспектива денешна.
    А вие...вие ме оставивте без зборови. Затоа секое второ дете трпи насилство психичко или физичко дома. Сите среќни на фб и форум.
     
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    за малце ќе почнев да ти кажувам убави ствари се дур не прочитав дека ние децата си ги тепаме за да сме на форум. претходно депресивни сеа насилни.
    моето еве го среќно си спие до мене. не тепано. .
    ај ќе ти простам трудна си.
     
    На Mother of 2boys, FreeMind, flower55555 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Постои 'идеална' возраст за во градинка?
    Кој како може, како има потреба и како сака праќа деца...
     
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Vennera.aa ти кажав вечно ќе бидам бремена. И мене ми се чини дека години поминаа од кога вие се породивте, а јас за еден ден 39та влегувам.
    И точките веќе ме мавнаа!:D
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    Малиот почнав да го носам од 9 месеци, големиот од 18, големиот никако не можеше да се привикне, додека малиот од прв ден се уклопи. На сите им викам колку помало поубаво,
     
    На TeddyGrey, LiliBoz и FreeMind им се допаѓа ова.