1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Не си сфаќај се лично со твојов став сите реплицираа. Секаде е бомбона мајки од книга. За жал слабо оди реалноста на фемина. Чат пат се наоѓа по некој профил човечки да објасни. Се друго излив на фрустрации. Тоа е мој впечаток.

    Благодарам, сепак има и вакви примери.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2019
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    прво што ти пишав е можеби грешам но така ми делува.

    чувај ги мислењата и кога ќе се породиш чекам да ми пишеш -лили стварно не знам како сум можела така да размислувам ..

    сакаш да ти кажам зашто не го оставам? зашто ништо друго на светот не ми е поубаво да правам. еве искрено ти кажувам. немам јас тон слики хепи фемили имам само спомени од бебе еден куп. зашто е незаменливо. ненормално убаво и во исто време страшно. И умор нема да осеќаш од што дур се адаптирате ќе си на штрек. И толку брзо лета времето што кога ќе дојде време за на работа ќе сакаш уште да си дома. Ќе. велиш леле мало е. не ми се остава.
    Со лесно на пород.
     
    На Среќичка, Vennera.aa, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде ситно броиш, да не сме ептен офтопик идеална возраст по книга може да е 6 месеци, една или три години, периодот на адаптација како емоциона така и за стекнување на имунитет тоа е нешто што мора да се помине и зависи исклучиво од детето и неговиот карактер и имунитет. Малиот ми е емотивец некогаш се чудам како толку мало дете има толку емоции во него може затоа и не се адаптира дури некои доктори ми рекоа дека од што му е стресна целата ситуација уште повеќе му влијае на опаѓање на имунитетот.
    Инаку мајка ми е настаавничка и баш зборевме на ова тема и рече тие деца што не оделе во градинка пред да почнат на училиште плачат по своите родители кога ги оставаат, често првите денови дедовците и бабите доаѓаат со нив седат во клупа или ги чекаат пред училница, како и тоа дека секоја втор недела отсуствуваат поради болест. Значи детето кога тогаш ќе мора да мине низ таа фаза
     
    На Dust, 24.07, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ова беше многу мило напишано:f:
    Секако пред и потоа ќе ме има на темава.
     
    На zuto, Vennera.aa и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    @FreeMind вака ќе пробам да ја разберам твојата страна и идеја или што и да е, небитно и ќе пробам да ти дадам совет и мое искуство, а воедно ќе си го кажам и моето мислење (инаку мојот син има 1г и 9м)

    Искрено повеќево феминки ги поддржувам во размислувањата кои ти ги кажаа, зошто? Затоа што реално чудно е толку рано да размислуваш на оваа тема, по пре повеќето од нас размислувале во бременост на милион други работи (читај поврзани со и околу бебето), да не ме сфатиш погрешно не велам дека ти не купуваш, не се радуваш не размислуваш, но ете потегна тема за да тргне бебе на 6м во градинка.
    Не знам од каде тоа дека помало подобро ќе ја прифати адаптацијата поголемо ќе плаче, не можеш да знаеш, еве конкретно мојов тргна на адаптација на 18-19 месеци влегуваше у градинка и даваше рака на воспитувачката од прв ден без да ме побара мене и без да заплаче, тие таму воспитувачки и вработени знаеш што комемтираа, прв пат глеаме мајка да плаче дете не (ова за првиот ден) така да не можеш да знаеш какво ќе биде твоето по ова прашање.
    Следно, како особа што дење ноќе шеташе учеше факс и работеше паралелно имав живот 800/ч можеш да замислиш како ми беше новонастанатата ситуација бебе дома тотално непознат свет за мене ( а да не зборам за тешкиот пораѓај многу јака анемија и слично), ми доаѓаа идеи работа да барам коа син ми имаше 5м а мајка ми да го чува (бидејќи заедно живеевме со мм кај моите) и знаеш што СРЦЕ до ден денес не ми даде да го оставам искрено, иако имав обиди за градинка ама тие обиди почнаа на 18 месеци не на 6. Дури сега кога има 21 месец планирам кога ќе напуни 2г да го пуштам пак.
    Најдобронамерно 6м е многу рано за градинка, само една личност ќе ја има љубовта на целиот свет за твоето дете, доколку имаш можност биди ти тоа бар до негови 12м.
     
    На *Ench@nted*, marchi-cool, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ако добро разбрав, очекуваш прво дете, со лес :inlove:
    Е сега, ќе ти дадам коментар во стилот - не си искусила и не знаеш како е :wasntme: Од сегашен аспект, 6 месеци дома со бебе ти се чинат вечност, ама верувај, летаат за час.
    Друго, за градинка, јаслената група е од 9 до 18 месеци, така да на 6 месеци и да сакаш не ти го примаат.
    Знам дека станувањето мајка не значи жената да се затупи дома, ама и самото трудничко боледување кое те следи не ти е лично за тебе туку за бебето и за твојата улога мајка, зошто во тој период од животот мајката е незаменлива во животот на бебето. Не само од аспект на доење, дури и само на ад да е бебето, близината, допирот,гласот,мирисот, срцебиењето на мајката е нешто што е многу значајно за развојот на бебето.
    Јас имам три деца, прв пат заодеа во градинка на 5, на 3 и на година и пол возраст.
    Се сеќавам на едно гостување во утринска програма на еден педијатар, а уште немав деца - рече " детето пред 3 годишна возраст е греота да го пуштиш во градинка, а после 3 пак е греота ако не го пуштиш".
    Сега кога сум мајка на три, потполно и целосно се сложувам со оваа изјава.
     
    На *Ench@nted*, Ygritte, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    @FreeMind Која би била најдобра возраст не би можела да кажам...
    Моите тргнаа на две и на една. Третото е 10 месеци и уште немам одлучено дали ќе биде на 1.5 или покасно.
    Адаптацијата кај двете беше 2-3 недели, најпрво со мене по неколку часа, па сама неколку часа, и на крај до целосно.

    Зошто јас не би била за од 6 месеци, според мое искуство:
    Во тој период ми се поклопуваат фазите на воведување оброци. Јас дома си имам подобар увид која намирница е воведена, како реагирале на истата, која количина.

    Вируси и бактерии, кои секако ќе ги закачи, а толку малечко потешко ќе се бори со истите.
    Јас се смеам и викам едно како ниедно.
    Земав количката, торбата спремна со се што е потребно, и во движење. Секаде има соби за доење и преслекување доколку сакаш да си купиш нешто или кафе да се напиеш, малку во парк и на воздух...
    Претпоставувам активности од типот фитнес е потешко, но гледав дека има едни колички за бебиња за трчање/џогирање. Ама јас не сум по спортот, па немам искуство.
    Отприлика само тоа би набројала зошто јас не пуштив на 6м.

    Чекав да имам воведено доволно продукти за да се прилагодат лесно на храната таму и да бидат малку поголемки за вирусите полесно да ги минат.
    Кај нас таквите градинки, за во природа се од 3. Па сега, кога се веќе прилагодени на постоечката, да менуваме средина некако не се осмелувам.
     
    На *Ench@nted*, Sexybaby86, emkaemka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Едно е бебе од 6 месеци да се разболува, друго е над година. И не мора да значи дека таа фаза мора да се помине, јас, а и другите од моја блиска околина не сме оделе во градинка, па не се разболувавме во школо потоа.
    И адаптацијата зависи од детето, некое полесно, некое потешко, но за бебе од 6 месеци... Сигурно нема да му е лесно.
     
    На Sexybaby86, Ingvild, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    170.364
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ептен имаш фри мајнд :D Ок е што имаш некоја замисла, ама во пракса поинаку функционираат работите. Прво да ти кажам, имам две деца, второто е 5 месечно бебе. И првото, а сега и второто веќе реагираат на мене и татко им. Посебно мене кога ќе ме види. Скока, се радува, посегнува со рацете да ме гушне. А нема сѐ уште 6 месеци. Ако ја оставам на релаксатор малку подолго, почнува да вриска, така ме довикува :) Кога вадат заби, им паѓа имунитет, па и од дома седење закачуваат вируси, а и болката е голема, па уште повеќе имаат потреба од близина со мајката. Веќе другите членки ти кажаа, осеќаат страв и несигурност, но не можат да искажат. Башка кај бебиња и деца до 3 години мислам беше, го има моментот на "не го гледам, значи веќе го нема". Значи, ако не ја гледаат мајката, или предмет, играчка, односно сѐ што не е во нивниот видик, тие мислат дека веќе нема да го/ја видат повторно. Ова е исто така, научно докажано. За другото, околу пост- породилната депресија и времето за себе, не можам да ти кажам. Јас имав некои фамилијарни проблеми баш на почетокот кога се роди бебето, и искрено бебето е тоа што ме натера лавовски да се борам. Време за себе наоѓав, а и сега наоѓам со две деца дома, иако немам никаква помош отстрана. Не е дека се правам најмајка, туку ете се организирам некако. Со првото дете не одев на фитнес, ама после 6 месеци почнав да вежбам дома дури спиеше. Уствари дури спијат јадам, чистам, гледам серии, гледам во една точка, лакирам нокти, сѐ што ќе ми текне. Башка, ќе се организираш со маж ти. Тоа отпочеток се прави, договор и задачи. Ние и ден-денес така функционираме, дури и за спиење. Кога се бебиња најбрзо лета времето, верувај после ќе ти биде криво ако не поминуваш максимално време со него, колку што можеш. Да, ќе има денови кога ќе бидеш исцрпена, уморна, нерасположена, ќе сакаш да се фрлиш низ прозор, ќе сакаш да спакуваш куфери, да не се лажеме. Ама, во тие моменти му даваш бебе на маж и одмараш. За крај, мислам дека е рано на 6 месеци во градинка, освен нели ако баш мора. Според мене после првата година. Идеално, после третата. Но секој има различно искуство, и за оваа работа нема правило.
     
    На Ygritte, Sexybaby86, 24.07 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    @FreeMind јас големото дете на 8,5 месечна возраст бев приморана да го носам на адаптација во градинка, зошто 15 дена после тоа ми заврши породилното. Првите пет дена ја оставав по пола саат, после тоа наголемуваа по малку за да може да се навикне и на оброк и на преспивање. Кога ја оставив првиот пат во рацете на негувателката, срцето ми се распара, плачев пола саат пред врата. Не плачеше кога ја оставав, ама кога ја земав беше отечена и црвена од плачење, се буташе во мене, и го гледав стравот што го има пак да не ја вратам. Заврши адаптација, почнав на работа само еден ден, наредниот ден веќе бев на боледување, детето ми закачи рота вирус во градинка (за малку ќе ја изгубев). После опоравувањето повторно адаптација. Тек после втората година јас здивнав, тек тогаш со радост влегуваше во градинка и помалку се разболуваше. Малото го оставив на 9 месеци, и со него адаптацијата беше ужасна. И со него поради паднат имунитет од самото влегување внатре, два пати по 9 дена во Козле лежевме.
    И до ден денес ми е криво што немав услови дома јас да си ги чувам, прво затоа што престанав да ги дојам, втора работа затоа што многу често ми се разболуваа. Трето и најважно, затоа што не можев да ги гушкам и милувам кога им требав најмногу.
     
    На victoria, *Ench@nted*, Ingvild и 13 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.689
    Допаѓања:
    72.586
    Пол:
    Женски
    Од кај процени колку време јас поминувам на форум... Ај трудна си, простено ти е се што рече. Ке зборуваме пак летоска, кога бебе ке ти е 6м. И со лесно чим си на крај :)
     
    На Ingvild, zalosna, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Идеална возраст според мене е 3 години.
    До тој период детето има реална потреба само од мајката и таткото, а дури потоа вистинската потреба од другари/врсници.
    До тој период имунитетот е колку толку зајакнат па полесно се справува со болестите.
    До тој период детето е веќе колку толку осамосталено, само јаде, не носи пелени, кажува само кога му се оди во тоалет, комуницира полесно што му пречи/ го боли итн.
     
    На M&M, *Ench@nted*, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Да да тоа е неспорно дека бебе уште пена и дете од 2 или 3 години неможе исто да ги поднесуваат болестите. И јас сметам дека колку е помало толку потешко ќе го разбере тоа оставање и одделување од мајката. И ако моето три месеци не се адаптира незначи дека друго на таа возраст нема за недела до две да се навикне. Јас зборувам за 90% од децата дека ќе ја минат таа фаза, две од три првооделенчиња плачеле првите денови што не го исклучува фактот дека покрај нив се расплакало подоцна и пола одделение :rofl: ете и јас не сум одена во градинка и не сум се разболувала кога сум почнала на училиште ама па братучед ми од градинка се што фатил јас сум префатила. На крај на краиштата сите истото го зборуваме секое дете посебна индивидуа, со свој карактер, емоции, имунитет и неможе да се генерализира.
     
    На Sexybaby86, mariz и LiliBoz им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    Ние по форумиве дремеме и си ги запоставуваме децата, па и насилство дури(facepalm), а членката што сака во градинка да го даде за да се наспие и да оди во теретана е супер (fingers)
     
    На mariz, sofi2107 и zuto им се допаѓа ова.
  15. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.743
    Ме потсеќаш малку на мене кога бев трудна :) само што моите убедувања и ставови тогашни, фала богу не ја видоа светлината на интернетот :D
    Верувај ми, не знаеш што збориш:D не ме сфаќај погрешно, уопште не те напаѓам... и ја сум фитнес џанки и научена на имање време за себе и своите желби (ова пред да дојде бебе).
    И исто ко тебе, не живеам во Македонија, и освен маж ми, немам апсолутно никој на кој можам да се потпрам за помош.
    Но, светот ти се менува целосно кога ќе се роди тоа прекрасно цуфче :inlove:. И приоритетите. Почекај, со лесно на пороѓај, нека биде живо и здраво, поминете некое време заедно, па врати се на темава да ни кажеш што мислиш. Вака мислам џабе е да ти кажувам неоспориви аргументи зошто не би требало шестмесечно бебе да го дадеш во градинка.

    Едит: не сум депресивна мајка (иако имам милион обврски во текот на денот), имам време за партнерот, за жал помалку време за вежбање ама и тоа полека ќе се смени.
     
    На dunika, victoria, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.910
    Допаѓања:
    32.513
    Пол:
    Женски
    Од искуство со деца, најдобро е од годинка. Доколку имате можност. Моите тргнаа на 2 годинки.
     
    На mariz и FreeMind им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев трудна ако се сеќавате прашував по темиве каде може да го запишам од 3 месеци да почне. :rofl:
    Еве го 20 месеци уште не почна во градинка.
    Сега си велам кај ми бил паметот? Од 3 месеци? :headbang:

    Според мене идеална возраст за тргнување во градинка е 18 месеци. :)

    Тоа што по сплет на околности уште не е тргнато во градинка, а е 20+ друго е.
     
    На Dust, Cka, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.689
    Допаѓања:
    72.586
    Пол:
    Женски
    Еве прв пат се уклучувам денеска, деца најадени, наиграни, малата спие, големиот игра со Лего Коцки, јас во вц :lol: После ова можам едно пола саат и на орбитрек да вртам и да седам на фемина, па да готвам и за ѕиркам на фемина, ако седам на фемина не значи дека дремам. Обично стоечки ѕиркам, моб ми е секогаш на дофат. Големиот знае и сам да се заигра, ке му дадам да црта со фломастери, водени боици, Лего коцки (обожава Лего), пастелин и јас кафе, чај си пијам и си ѕиркам на фемина, па си играм и јас со него, а си играат и со дада му кога е она будна. Едно време дури размислував уште едно дете да земам да чувам :lol: За да се дружат, дома имам соба која е како градинка, нема мебел, само мала масичка, столчиња, сликовници, играчки, куќичка, клацкалка, тракатанци за играње, баш градинка и безбедна и за најмали, собава ми е најдоброто нешто што сум решила да го имам. Јас во денот ни еднаш не легнувам или да седнам, прилегнам да одмарам, во движење сум нонстоп. Ама имам среќа што малите од раѓање ми спијат цела ноќ, мислам добар сон е најбитно од било што. Па дај боже на сите да ви спијат убаво навечер децата. @gjoker4e со ова ГО многу ме буниш, пак се замислив која членка си и дали женско или машко имаше :rofl:
     
    На minneymouse82, M&M, *Ench@nted* и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Во јаслената група исто има програма и им пеат песнички гестикулативно играат игри слушаат бебешки приспивалки игра со играчки гумени имаат физички игри,нормално заедно и со помош на негователките.Не се оставени децата туку така цел ден.Водат и дневник за возрасна група од 0 до 2 години.Ова за државните градинки,а има сигурно и во приватните градинки.
     
    На dunika, FreeMind и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Браво @mariz срча си низ дома:)