Според мене не е изводливо бебе на 6 месеци да оди во градинка. Не се навикнало на домашната атмосфера ние ќе го форсираме за во градинка. Па уште ако не јаде и е само на доење? Како ?
Одењето во градинка на 6месеци, секако не би било 8ч. Туку би почнало со 1ч.,2ч. Ова функционира и знам дека постојат вакви 'градинки' во склоп на теретани. Во теретаната има и кафич и библиотека и што сакаш. Ја не сфатив дека членката ќе го остава бебето 8ч во градинка. Реално, јас ја оставам 1ч.2ч.кај баба и (некогаш кога спие, некогаш будна) зашто имам баба-сервис, а кога би немала помош супер би ми дошло на 1 или 2ч.некој да ми ја причува. Кај нас во Мк е неизводливо ова, не постојат такви градинки, па затоа е и несфатено.
Со мајка која сака слободно време за лакирање, теретана и кафе шема ке пројаде и те како и на цуцла ке пројде, а можда и ке прооди на 6 месеци. @FreeMind До сега ваква себичност немам сретнато од мајка, да праќаш толку мало бебе во градинка за да си тераш кефови... Не сум мајка, ама имам икс мајки околу мене и ни една не е депресивна, болна, пештерски човек и како год, а некои седат и седеле година дена со дете дома, па и повеќе. Мајка значи и пожртвуваност, ако не си спремна да се жртвуваш за тоа дете за кого тогаш, па макар и најтешко на свет ти било? Крај краева должност ти е. Бебето еднаш ке ги има тие 6 месеци и година дена, а кефови можеш да си тераш било кога. А тоа дека детето ке е посреќно на 6 месеци во градинка воопшто не е точно, напротив ке е поисплашено од било кога. Дури не човечки ми е да оставам такво мало бебуле во градинка, а јас да вртам орбитрек во теретана додека оно се тресе од плачење.
Нема потреба од вакви коментари кон членката. Себична мајка не постои. Членката не бараше осуди, туку мислења. Не сте во кожата на другиот за вакви заклучоци. Да, мајка е пожртвуваност, но не и целосно запоставување. Секој со својот карактер.
Цела бременост ја поминав во мислење дали ќе се роди во ред бебево со психо-физички карактеристики нормални, сега се мислам за породување што и како, за на 6 месеци таман ко ќе ме распознава да го пуштам во градинка нема шанси, макар и на еден саат... Ја нема таа сила што ќе ме раздели од него ... Уште од сега се мислам како ќе биде враќањето на работа здравје в година... Според мене најдобро е да заоди на 2.5-3 години ... До тогаш му требам.... И нема да сум запуштена и депресивна мајка свекрва ми и ден денес жали што на 9 месеци ги пуштила во градинка....но морала немало кој да ѝ ги чува.....такво нежно беспомошно суштество да го оставишубаво пишаа, прво ради конекција со мајката, второ ради воведување на нови намирници и дохрана и трето ради болести, ептен е мало.... Ама сите имаме различни гледишта за секоја работа па така и за оваа..
Бебето ми е 8 и пол месеци, дури пред некој ден прв пат го оставив кај свекрва ми на 3 саати без мене. На мајка ми неколку пати сум и го оставила, ама повеќе е во тек со исхраната и дневните активности на детето. Сакам дури и од дома да работам за да не морам уште сега да го носам во градинка. Попрво би го оставила на мајка ми уште неколку месеци, отколку да го давам во градинка. Далеку сум од мајките што ги чуваат децата под стаклено ѕвоно, но премалечка ми е за во градинка да и ставаат секој ден различни пелени, да и облекуваат различна облека перена со различен детегрент, да си доаѓа дома со различни цуцли и да се разболува толку често. Македонските градинки немаат доволно персонал, па вработените немаат баш избор, но тоа е друга тема. Ако веќе одиме со научни истражувања која возраст е најдобра за адаптација во градинка, зарем не е баш околу шестиот месец кога бебето сфаќа дека мама ја напушта собата, не е овде, ме напушти?
Остави ги Теди со Трајанки на тоа се сведува муабетот на крај. Кога ќе решиш со простотилок да дискутираш го добиваш токму ова. Тоа е левелот на дискусија за жал.
Драма квин и најмајки на едно место се собрале. Алал да ви е Каква психоанализа и направивте на членкта Браво
Апсолутно давам три напред. Во принцип очекувам од модератор да реагира бидејќи темата не сум јас ама чим гледам дека никој мува не го лази не се оптеретувам ни јас. Каков јуриш на темава јас од една страна, а од друга Трајанки со тенџериња во рака да ми покажат која е најмајка. Истиве тие ти реплицираат за голема и мала молитва, за светоста на кумството, за паричка на Бадник, за однос со свекрва. Тоа е теренот каде губам и вадам бело знаме, а они горди со тенџерето во рака јуришаат кон нова немајка
@zuto Мислев на реченицата од воведниот пост на темава: Најдобар период за адаптација на детето е од 6 до една година. Се препрочитав, не сум се изразила добро. Јас не сметам дека е 6 месечна возраст идеалната возраст, баш напротив, прашувам зарем не е таа возраст кога децата минуваат низ тој период на разбирање дека мајката може да ги остави?
А штo aкo немa кoј дa ти гo гледa мaлoтo a ти ,мoрaш,дa oдиш нa рaбoтa? Леснo е дa збoриме сите,сите мaјки сaкaaт дa бидaт сo свoите децa. Мoјa блискa се пoрoди срединa нa јуни,a oд први септември тргнa нa рaбoтa (учителкa е),мoрaше бидејќи немa решение и ќе те oтпуштaт. Нa oвa ќе речите пoвaжнo ми е дететo.Дa!Пoвaжнo ми е дететo,нo нa тoa дете требa дa му oбезбедиш неoпхoдни рaбoти. Нa неa милo и е штo нa три месечнa вoзрaст гo oстaвилa мaлoтo? Пa дa oди и нa рaбoтa,дa се врaти и низ дoмa рaбoтa и мaлoтo дa си гo чувa и гледa? Туку леснo е дa кaжеме ,штo мaјкa си ти,себичнa си вaквa си. Се нaaпa,се нaпукa. @FreeMind .вo темaвa ти гo урoчиле мaлoтo,зaтoa не излегувa
Не знам на што си мислела ти или членката што ја почнала темата. Јас мислев дека прашуваш науката што вели и одговорив. Досега сета литература што ја имам прочитано вели дека најсоодветна возраст за дете да тргне во градинка е околу третата година. Воведната реченица јас не ја гледам како научно тврдење.
Мајка ми е*аа. И дете се исплаши вика каде кај оваа ќе одам, за лакирање нокти ќе ме остави на улица.
Тие што сме од Македонија иксуство на 6м не би можеле да споделиме, колку што знам под 8м тука не примаат во градинка. Големиот го пратив точно од 3г, до последен ден мрчеше за одење, имаше и период со драми но таму супер си поминуваше. Не се разболуваше често. Малата сакав на 2г да тргне, за жал се погоди со поклимаво здравје, уште пред да тргне и го пролонгираме уште малку тргањето, веќе има 3г. Веќе се осеќа сериозно потреба од градинка и опкружување со деца, до сега беше супер дома ама сега веќе и фали друштво. Сепак сепак ми е здравјето пред се, после проблемите што ги истеравме минативе година и пол, од пролет здравје ќе почне па ќе видиме како ќе тера. Ако во Германија примаат од 6м, и ако се, а верувам дека се, условите подобри од тука може да пробаш ако мислиш дека ќе биде добро и за бебето и за тебе така. Не ги прочитав сите страни, рандом неколку мислења на почеток и на крај, ама некако уште од прв пост малку нападно настапи, така да не е за чудење што во голем дел одговорите се саркастични и со осуди. Малку полабаво, нема потреба од натегање, убаво што си планираш однапред ама сепак уште не си се нашла во реалната ситуација биди спремна на многу изненадувања
Некогаш се претерува... Мислам членката пиша неколку часа а не да го остави и заборави Треба да се има во предвид и дека е една недела пред породување и емоциите и се измешани Фримајнд и кога ќе се породиш првите месец,два ќе отвараш теми каде да го оставиш бебето на привремено Норано е,се е нормално И поминува,се се тоа фази низ кои секоја мајка треба да помине Мислам и да се одлучиш од 6 месечна возраст да го оставиш во градинка твој избор Аман што е со родителите кои мораат да работат,или што оставаат деца кај баби и мајки на кратко? Дали и тие се лоши мајки? Едно е мислење и совет а друго осуда...
Премногу значење давате на туѓо мислење. Општо сите. Мене секад ми е ок различно мислење. Ама навреди, прости, немајки, себични и Трајанки не користам, па макар и мене да ме навредат. п.с. Ја се викам Трајанка, толку ли е лошо името?