Имам свекрва да, млада која работи само прва смена. Ми подпомага, но после 6ч И мм е секогаш прва смена, така да со сите сум дома после 5. По потреба ако треба да одам некаде порано, знае да остане мм дома или да се смени свекрва ми втора да ги почува. Ама како и да е, да бев скроз сама и да требаше од 9м да почнам да работа, немаше да оставам бебе од 6м во градинка. Затоа и реков 9+ е океј, со три неплатени месеци, 12,13+м. Постов бил пред две години, едно дете лесно беше да и оставам, сега две потешко... поретко излегуваме или сме дома кај други пријатели кои и они се веќе со дечиња. Повеќе сме дома со друштво, бар додека да пркнат и да бидат полесни за чување Пак да не сум офф, јас не би оставила дете во градинка пред 12,13м. Па ако е болежливо многу, отказ ке дадам и ке седам дома додека не пркне и повеќе. Еднаш бебе, дете повеќе да се разболи, да правиш инхалации тоа да пишти, температура висока која со денови неможеш никако да ја спуштиш, повраќање насекаде низ дома, па слабее, па не сака ништо да јаде, па паѓа имунитет уште толку, па не смее да закачи после некое време нешто друго на таков имунитет, па нема да сакаш да го пуштиш после до 2год никаде, а не во градинка. Ете имам едно такво кое сега е 3ипол години и не смее да оди во градинка поради поголем здравствен проблем, а не ни стигна да преспие во градинка, макс до 12ч сме стигнале со адаптација. Јас мислиш не сакам ич да работам? Од искуства ти кажуваме зашто не е во ред да се носи толку мало. Последен пат беше во градинка пред една година, малата беше 3м, и он ни донесе грип, со кој страшно поминавме, е од тогаш не ни бил. Ке дојде времето, ке летне, па ке те чекаме тука со искуства. Ете до сега тука нема никој со толку мало бебе што почнало во градинка, па ке пишеш ти.
Старите рекле, рипни, па кажи оп. Со право! И јас бев пуна со себе и со идеали како ќе биде. На кратко: - само ќе спие и заспива во креветче; - ако не сака сама, малку ќе поплаче и ќе заспие; - од 6м сама во соба ќе спие; - да ја нишкам за заспивање, пази боже. Ете ја, заспива во раце по 30, 40 мин нишкање, спие со мене и пази боже да ми заплаче. Не смее бебе да плаче. @FreeMind дур не го видиш такво мало, кревко кое само тебе те бара "џабе веземе". До кај 9+ месеци (не се сеќавам за точно) бебе не се доживува како единка, туку како неразделно од мајката. Таа врска се раздвојува покасно од 6тиот месец. Затоа бебињата реагираат со плач кога мајката ќе им ја снема од видно поле. Знаејќи го ова, јас бебе толку мало не би пратила во градинка. Велиш во странство си и со тоа, претпоставувам, сакаш да кажеш нема кој да ти се најде, а нас тука има. Јас бебе секаде со мене носам. Нит мајка, нит свекрва причувува. Бебе прв пат го оставив со друг недела дена пред да појдам на работа. Не дека сакав, од зорт. Не сум најмајка, нит "трајанка", ама за мене местото на бебето му е со мајката, најмалку со баби и дедовци. За викенд или после работа никој нема да "се најде". "Кој куд мили мој." Мајка ми спремна ме чека и јаа уште невлезена, она излегува. Дали ќе јадам, дали ќе мочам, што ме врти. Сакам да кажам, по дифолт помош нема. Зависи какви се домашните. Мене најмногу ми помага мм. Со него се организираме, планираме и ако треба одменување. Не е лесно, ама па и наше дете, наши обавези. Секаде си ја носиме и планирам да ја носам. Кај баби и дедовци не спиела. Во догледно време нема ни да спие. За градинка. Ќе оди обавезно. Старо мало со баба и нема да ја правам. Дете со дете треба да е. Да учи да дели, да се бори, да се социјализира, да учи. На 6м немам идеја што би учеле во градинка. Кај нас во јасли ги пикаат во креветчиња и тоа е тоа. Ко гревчиња. Ја имам читано Софијанова. Вели, најубаво е по 3 год. До 3 год, бебето го има имјнитетот од мајката, а после тоа гради свој и може полесно да се бори.
Ова го имам читано од Спфијанова одамна. Години се во прашање. Деновиве нели вакцините се актуелни, прочитав 12 месеци, па 6-9 и сл. Сепак сметам Софијанова знае подобро.
Ми се изгуби цитираното... кај што викаш дека не планираш депресија да те фаќа. Знаеш дека тоа е непланирано? Што мислиш постродилна депресија е: јас планирам да ме фати? Ќе закажеш кај фризерката недела порано и истиот ден дете повраќа. Пррзакажуеш за следна недела, темп качува. И те фаќа срам и не закажуваш една година Додека цица, а ако не, до 1 година. Повеќе не може. Не сум чула за повеќе. Јас затоа доев скоро 2 години.
Зошто депресии? Најубав период од животот , по цел ден со бебушот Викаш ќе анимирале бебе од 6 мес. Е како ? Мене жал ќе ми е да лежи и дреме таму , оти анимирање нема да има А, таму кај што живееш , кога се воведува дохрана,? Би се нафатиле во градинката да му воведат, тоа некако ми падна во очи... Јас немам помош , сами со маж ми , тргнав на работа кога беше 8 месеци, па пак се организираме со маж ми-одам и на фризер, вежбам аеробик три пати неделно, правам нокти и сл. Педијатрите ми се со став дете по 3 год во градинка. Така здравје и планирам
Јас работам во градинка,во јасли поточно.Овде породилното трае САМО 14 седмици,што значи бебињата ги оставаат на 3 мес од прилика.Сите градинки и згрижувачки центри се адаптирани на прием од 3+ месеци. Има прво период на адаптација,ги носи едниот родител по неколку часа и си седат заедно во занимална,колку да му стане просторот и ликовите познати на бебето.Групите се мах по 9 бебиња,со 3ца персонал.Опремено е со сите бебешки реквизити,има посебна соба со креветчиња со безбедносна заштита,заспиваат со нишкање,приспивни песнички.. Повеќето се само на формула,а има и мајки кои доаѓаат на подој. Од 6+ си почнуваат со кашички,некои ги носат веќе изблендирани,а повеќето ги вариме/блендираме ние.Се запишува точно колку мл млеко е испиено,време на спиење и тн. До -20ц обавезно се поминува половина до 1 час надвор. Во принцип,на бебињата не им е лошо,гледани се,мазени и пазени,за тоа гарантирам,ама и греотка се толку мали,кога ги носат уште вените им се познаваат.На мајките им е многу потешко,што е нормално,ни самата мајка му се нема израдувано,дошло време да го остави. За тоа кога е најправилно,не сум компетентна да зборам,лична одлука е,на крајот е најбитно да бидат децата среќни и здрави.
Се изначитав 300 работи кажани и напишани, а не доживеани. Немам што да образлагам,кој сака ќе ме разбере....од муабети ништо, србите убаво рекле "Живи били па видели" Едит. Моето тргна на 11 месеци, ама да можев до 18 секако ќе седев со него. Се прилагоди супер, ама мене не ми беше сеедно, сакав уште да сум со него по цел ден.
Овоа ми падна во очи многу. И јас сум сама настрана од Македонија. Сама сум и 5 дена во неделата, некогаш и по две недели, се случило и по цел месец. Зборувам сама и без маж. Па никогаш не сум ја гледала градинката како место да го пратам детето за ја да можам да се релаксирам дома. Ни паднав псохички, ни депресија не фати. И за маж секогаш имав време. Ако се сака се се може. Сеа, мене единствено нервоза ме фаќаше што сакав да се вратам побрзо на работа, не сум човек да седи дома. Ќерка ми тргна на 10ипол месеци во градинка, ја по една недела на работа. да, точно сите сме различни. И сега си правиш планови еден куп, ама чекај првен нека се роди бебе. Оти се паѓа во вода. Имаш и маж, фино лепо ќе се организирате. И тој е родител, и тој ќе мине време со бебе. Ти убаво е да се ставиш на листа за чекање, ако се чека многу. Инаку во Америка примаат бебиња од 6 недели нагоре. Во градинката кај што ја носам ќерка ми се 4 бебиња во група до 1 година. И од 1 до 2 години, само 8 деца во група. Лично, мислам дека е индивидуално кога кој ќе пушти бебе во градинка. Сите сме различни и сите имаме различни причини за дали порано и покасно. И на никој не е најправилно.
Како е во Европа и колку трае платеното породилно во следната табела: http://www.europarl.europa.eu/RegData/etudes/ATAG/2016/593543/EPRS_ATA(2016)593543_EN.pdf Овие системи на држави веројатно добро го анализирале моментот на бебе во градинка. Америка е најдрастична, но тука се и Канада и Австралија. Македонија има 9 месеци платено плус 3 неплатено. Што ја сместува во држави со најдолго платено породилно. Речиси сите земји од источен блок по дифолт имаат подолго породилно. Исто поголема стапка на насилство врз децата. Не збориме лично, збориме генерално (да не си го сфаќате лично насилството). Исто така Македонија има кампања моментално родителството се учи, алудирајќи на она што е секојдневие и како треба да биде. Значи нешто не штима, ако дома му е најдобро. Поентата ми е дека некој некаде правел анализи и студии за да може едно бебе да се преземе во установа. Тие установи се обезбедени со стручен персонал и опколување. Има безбедносни стандарди. Никој не го остава бебето во лошо и несигурно. Секој за своето дете го бира најдоброто нели. Се останато зависи од карактер и е различно кај секого. Токму така.
@dunika баш убаво што така функционираат градинките кај вас Мора да се добро организирани, со оглед на тоа колку кратко трае породилното. Кај нас да треба некоја мајка порано да се врати на работа, ќе мора жена да изнајми за чување. Уствари нашите градинки се адаптирани за бебиња на возраст колку што трае и породилното, може нешто помалку во одредени случаи. Туку, кажи, ти работиш со бебињата од 3 месеци?
Да @NarCis@ најчесто сум кај бебињата,мене позицијата ми е асистент на воспитувачки и во домаќинство.Должности ми се пред се подготвување на бебешките оброци,хранење,стерилизација на шишиња,пелени,да пуштам машина,дезинфекција.. Има многу работа околу бебињата,кога ке проодат е полесно. Воспитувачките се затрупани со куп администрација,со што им се одзема фокусот од децата.Секое има портфолио во кое се запишуваат сите фази на напредок,се лепат фотографии итн. Особено се внимава во фазата премин на цврста исхрана,односно кои намирници како ги поднесува,дали има алергиски реакции и сл. Инаку работното време е од 07-19ч,па затоа им е лесно да се организираат родителите.
Има работа околу едно, не па повеќе бебиња. За администрацијата, што да кажам... Од една страна треба да се запишува за да имаат црно на бело за родителите, а од друга, тоа што викаш, се одзема фокусот на тоа што треба да се работи. Барем мене ми е познато. Сигурно е напорно, ама јас би сакала да работам како тебе
Секоја чест, ова веројатно спаѓа во една од најтешките работи. Едноставно не е секој за таа работа. @dunika по она што го видов во обиколката и разговорите работат овде на ист принцип. Има и своја кујна внатре со еко производи. Единствената разлика е што минимална возраст е шест месеци и една воспитувачка доаѓа на едно бебе. Од една година е поинаку групирањето. Цената е 350 евра месечно, работат од 7 до 17 часот. Прошетки надвор се задолжителни.
Според ценава претпоставувам е државна. Изгледа секоја област функционира според свој принцип, различен од останатите. Башка група, одделена од 12-36 месеци е 6-12 месеци? Кај нас сите се заедно, па бебињата седат во креветче или колички, а потоа едноставно на подот, воопшто не ги амимираат. Има 2 виспитачки на 12-13 деца до пладне, потоа иде уште една воспитачка. Јас плаќам 280еу. Само ручек од нив, исто био-еко, појадок и две ужинки од дома спремам.
Приватна е Дани,до 4 год се само приватни,изгор скапи се,со тоа што има одредена сума субвенција од градот. Какви контроли има за хигиена и хранаМасло освен Holle не смееме друго да користиме,сите увозни производи да се fair trade,бело пченично брашно само 2 пати неделно е дозволено... Од 4г е задолжителна градинката овде и е целосно бесплатна. @FreeMind слично е и овде,ке си процениш сама во моментот како-што,нема потреба од паника и страв
Државна градинка е да. Приватна за жал немаме и не сум била во контакт како е таму само сум слушала од колеги. За Минхен ми раскажуваа има од 500 до 1500 евра месечно приватни градинки и таму е се органско и со највисоки стандарди. Овде кај мене малата група од 6 до 12 е како под група на “ големата” од 12 до 36. Малата група има своја просторија со бебешки креветчиња за едно бебе и лулашки за нив, додека поголемките спијат како на споени душеци. За поголемките имаше една воспитувачка на 4 деца како што ја слушнав, за бебињата еден на еден. Храната цела се подготвува лично таму има кујна и готвачка и производите се локални и еко ( мене ми е битно ова прашање како и со што би се хранело, затоа и прашав) Можеш да одиш да го доиш, можеш на неколку саати да го оставаш флексибилни се. Од работа добиваме исто еден саат за доење односно два пати по 30 минути во работно време да одиме до градинка. Дохраната е од нив на принципот погоре објаснет. Ако имаш желба можеш и сама да спремаш од дома ти намалуваат од цената нешто.