1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Уште еднаш ќе речам браво.
    Тука ниту спремаат за деца, ниту миксаат храната ниту пазат на нешто.
    Од дома ако спремаш секое утро ќе му го дадат твоето, тоа да.
    Во спротивно манџата која ја јадат големите. Исто мени е од 6 месеци(минимум возраст) до 6 гидини.
    И јас немам искуство сомприватните Фримајнд. Во село живеам, па ниту во селово ниту во околниве има приватна.
    А државниве тука функционираат сосема поинаку. Би рекла воопшто не се адаптирани за 6-12 месеци, иако примаат веќе од 6.
    Ама се е индивидуално, па и градинките и искуството со истите.
    За толку пари се надевам стварно има една воспитачка по дете:tmi:. И кај нас ветуваа многу, па на крај е вака камо што кажувам.
     
    На FreeMind и dunika им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Јас немам лошо искуство до сега со институции. Влегувам во шеста година овде. Искрено не би сакала да видам различно од договорено зошто ќе треба да одам до крај, го имам нивниот нарав.

    Најбитно за нас беше дали е еден на еден за бебе. И дохрана на кој принцип оди. И секако шетање надвор на воздух.

    Ваму кај нас е многу тешко да најдеш место од 6 месеци и во шумските градинки подоцна. Најчесто е од една година. Градинките имаат право според персоналот да го ограничат бројот на бебиња.

    И беа искрени со нас дека многу тешко ќе почне со шест. Али мора да биде на листа па до 12 месеци да се ослободи место. И секако да “досаѓаме”.

    Ах да, и за таа цена стварно очекувам се да биде во ред. Не е малку месечно.
     
    На dunika, duffi, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јас сум дупло подолго овде, па колку на повеќе врати тропаш се ќе видиш и искуствата се поделени. Како и за се друго, идеално нема.

    Искрено, 350 е малку за сето ова што го нудат. Другите членки, исто, во државни, и повеќе од оваа сума имаат кажувано дека плаќаат а условите горе доле како овие кои јас ги споменав. Зато се изненадив на екстра персоналот кој го нудат. Во секој случај добро е и мило ми е.
    Така треба да е. Јас ја сменив веќе едната градинка за далеку подобра. Се надевам кога другата ќерка ќе наполни три ќе успеам и нејзе да ја префрлам.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст нема. Зависи пред се од детето, и од неговиот карактер. Има деца кои никогаш нема да се прилагодат, има деца кои од прв ден со песна одат. На која возраст ќе го оставите детето во градинка е индивидуално, ваш личен избор, ама препораките се некаде од третата година, за да може полесно да се помине периодот кој следува при тој ненадеен контакт на дотогаш релативно изолиран организам со бројните вируси и бактерии кои се присутни во градинките. Тој период е значаен за јакнење на имунитетот.

    Од мое лично искуство како ќе се адаптираат - зависи од детето. Двајцата ги пуштив на слична возраст, две години, поточно малото на точно две години, големиот на две и пол години. Големиот потешко се адаптираше, цела година, па може и повеќе одеше во градинка со плачки, после тоа беше полесно, ама не ја сакаше многу градинката. А малово полесно се прилагоди, не плаче, ама по карактер е прилично поотворен и поборбен за разлика од брат му, па и полесно се зближува со други деца. Во однос на разболувањата - најголем проблем со големиот имав после две години од почнувањето, после прележувањето на варичела, а со малово засега е добро, фала му на Бога. Но ќе видиме понатаму, допрва не знам како ќе биде.
     
    На M&M, duffi, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Ептен ни е рано за ова, малата има само 1 месец. Ама синока се најдов на муабет со маж ми дека треба да одам до градинката да ја ставам на список, зошто сакам на 9 месеци да оди во градинка кога јас ќе почнам на работа, ама ако ја примат и малце порано полека да се адаптира на подолг период. За малце ќе се искаравме, запнал дека треба да ја чуваме до најмалку 2ипол години дома, зошто он бил чуван од баба и дедо во село како мал, во градинка не одел. Јас сум одела и во јасли, значи баш од бебе, па баба ме земала од градинка за да не седам до касно.
    Бидејќи бабите ни завршуваат со работа прилично рано во денот (едната околу 12, другата околу 2), сметав дека таман е детето да си иде во градинка одсабајле, да се социјализира, па некоја баба ке ја земе кога ќе може и ќе ја причува додека ние си дојдеме од работа, накај 5-6. Опција сосема да ја чува некоја баба нема, бидејќи двете се далеку од пензија. Ако се разболи може да земаат денови, или јас да одам само 2ра смена за да се организираме, за тоа не се грижам. Имунитет не се гради дома затворен, ако не прележи некоја настинка и вирус од градинка, ќе ги прележува кога ќе почне во школо, што мислам дека е полошо.

    Уште да го убедам маж ми... :?:
     
    На Animali, Sexybaby86 и Ygritte им се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    Според мене, правило нема. Син ми тргна кога имаше година и 7 месеци, му требаа скоро два месеци за да се навикне. За разболување, се разболуваше ама не толку колку што јас се плашев. Пола од дечињата што му беа во групата беа запишани од 8 месеци, па немаше баш разлика со моето во поглед на разболување, единствено побрзо се адаптирале од син ми. Секое дете си е различно.
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Се одлучивте за која градинка?
     
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    А, зашто мислиш дека оние деца кој ги чуваат до 2-3-4г дома дека се затворени?
    Еве моето е неполни 2г и до 3г не го пуштам во градинка. Така сум решена и по повеќето истражувања и совети е најубаво дете да тргне во градинка после 3г.
    И не јас ова не го измислив туку стручните лица кој се бават со оваа проблематика дошле до тој заклучок.
    Нормално ако е невозможно и мора да се работи , а нема кој да го чува дома се разбира дека ќе иде во градинка.
    Свекрвами сега пред 3г се пензионираше, цел живот во градинка работеше. Самата таа уште јас трудна бев и ни даде нејзин совет да ако сме во можност до 3г да не го пуштам во градинка.
    Зашто мислиш дека седат затворени?
    Па јас лично за моево дете може да ти кажам дека е изнашетано па и прешетано :D со внуците се по 1г разлика па се во дружба често, со дечиња од пријателки. Никогаш не бранам настинати да ми дојдат нит да им идеме. Освен многу нормално сепак не сум неодговорна мајка па со болештини и грипови да примам гости па нит да идам. Зборам за растечено носе и некое благо кашлање.
    Имунитетот не се гради од градинка кој те излажал така? Ова мит остана од бабичкине од колено на колено :)
    Имунитет се гради од шетање дете и на минус температури, а не дувнало надвор ( еве како денес ) и нема мрдање од дома! Па облакање со деца мислиш на Аљаска ќе ги носиш :D. Исхраната е битна, мајчиното млеко, да расте во здрава и среќна средина итн.
    Еве го да не го подречам точно 3-4 дози Еферелган има испиено за 22месеци. Ако мислиш фолирам ќе ти ја сликнам неговата здраствена книшка.
    И јас до 3г не сум тргнала во градинка. Имам 39неполни години и празна здраствена книшка па и таа ќе ти ја сликнам. Зашто тврдиш дека ако не иде во градинка да се разболува, ќе се разболува во школо. Еве ја те демантирам.
    Затоа пазете што пишувате и на кој начин се изразувате.
    На форумов има многу мајки кој деца не им идат во градинка па ни до 4-5г ама не се затворени у кафез по дома. Некој се толку повеќе изнашетани и социјализирани од некој кој и од 6мес тргнале во градинка.
    Градинката не го прави човекот социјализиран. Многу други фактори во понатамошниот живот на детето го прават тоа.
    Зависи социјализацијата 99% од домашната атмосфера и самите родители. За ова психолог може подетално да образложи.
    Се надевам не ме сфати погрешно и нема да се налутиш, но морав да бидам малку повеќе од директна и искрена. Да ја објаснам и доловам и онаа другана страна од деца кој не идат во градинка зашто така решил родителот дека е правилно.
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На Среќичка, mariz, Kom.pot и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што имате убаво искуство, без разлика како сте одлучиле. Ама пак ќе се дадам себеси за пример, и јасли и градинка и забавиште истерав, па и мене ми е празна книшката, а сум секојдневно во контакт со пациенти, би требало почесто од просечниот човек да се разболувам. Последен пат кај матичната сум била во 2004та. Не дека идењето во градинка или седењето дома е клучен момент за разболување, еве сме примери од двете страни со позитивно искуство, верувам и со негативно постојат.

    Ама да ми беше мајка ми (паничарката) пензионер, пак не знам дали ќе оставев дете со неа зошто нема да даде ни ветер да ја фати, како што викаш ти. А јас со дете од 20 дена и снег надвор отидов ноктите да си ги направам. Немаме 40 дена, а сите пријатели дојдоа на повојница. Не дека е правилно или грешно тоа, него кажувам за да ме разберат колку сметам дека детето треба да биде изложено. А знам дека дома со баба нема да биде. Може мене такви баби ми се погодија. На жена не би ја оставила зошто не вреди ја да одам на работа и платата да си ја дадам на туѓ човек да ми го чува детето. Подобро ќе останам јас дома со нејзе ако веќе мора. Бидејќи не мора, и здравје се надевам и кога ќе се разболува (што е неизбежно, било дома или во градинка), нема да е многу страшно, па секој ден ќе биде со 10тина деца на нејзина возраст со кои верувам ќе и биде милион пати позабавно отколку дома со мене или баба.

    Вчера ми беше другарка на гости со ќерка од година и 4 месеци. Колку пати сум била на гости, тоа дете не сум го видела посреќно од кога ја виде мојата ќерка. Само ја бацуваше и гушкаше. Деца си сакаат други деца.

    Колку што ми кажаа, на исто место се пријавуваш за сите градинки во општината. Јас сум во Кисела Вода, пријавувањето е во Сончоглед, а таа градинка, 8ми март и градинката кај Шампионче сите ми се еднакво одалечени, па сеедно ми е. Јас имам одено во 8ми март како дете, па може од сентиментални причини да ја преферирам.
     
    На Animali, Sexybaby86, Ygritte и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски




    Се согласувам во потполност со све што напиша.
    И ветер и снег треба да осети бебе. И да не се покрива со јамболии и со 4слоја облека на себе. Останал митот со наоблечи го да не му е ладно. Абе не им е ладно, како ти така и тоа се осеќа.
    Еве ти свеж пример неделава што помина беше убаво, топло и сончево времето. Во парк дечиња па и бебиња во колички облечени прикладно како за времето. Ама па имаше и такви со скафандери, шал, ракавици и вунени капи! А, мама и тато разголени некој по кратки ракави, а некој само со блуза на долги. Па што не се опнаа и они по скафандер, шал, вунена капа и ракавици па да осетат како е. Ете тоа ми беше и муабетот, дека тоа највеќе влијае на имунитетот.
    Во некој земји па и во самите градинки зимно време децата и надвор во колички ги ставаат да спијат. Во Русија сеуште е таа практика.
    Затоа ти пишав во претходниот пост дека имунитетот не го прави градинката, сосема другите работи се влијателни на изградбата на имунитетот.
    Но, сепак секој родител си одлучува дали баба, тета, дедо, жена ќе плаќа, државна градинка, приватна градинка или сама ќе си го чува. Сечија одлука е исправна и секој си знае како е најдобро за свое дете.
    И она дома што го чува жена, баба или мама е социјализирано доколку има исполнет ден и дружба со дечиња. Многу нормално дека неможе да има онолку дружба и таква забава како она дете кое иде во градинка. Но, секоја страна си има нешто позитивно и негативно.
    Во тоа нема да навлагам зашто сепак сме сите со различно гледиште на работите и поинаков став и мислење.
    Имајте убав викенд :)[/QUOTE]
     
    На Animali, Sexybaby86, Ygritte и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Ne ni do gradinka dali odi ili ne, tuku do samoto dete. Moze I doma da e zdravo I vo gradinka isto, a I obratno.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Леле јас ич незнам како се викаат.
    Јас сум од страната кај Расадникот е сега ми одговараат сите три што се одоколу мислам Весели цветови беа.
     
  13. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Од моја гледна точка,градинките не придонесуваат толку за социјализацијата на детето,колку за снаодливоста.Мојот има 2,5 години и јас го чувам дома од прв ден досега,и не планирам во скоро време да го праќам затоа што не гледам причина да тргне во градинка додека не почне да го согледува светот и да разбира за да му биде интересно и да учи нови работи,и не,не ги разбирам родителите кои праќаат бебиња во градинка па платите ги оставаат таму за други да им ги чуваат децата.Повеќе малтретирање за детето а и за самиот родител е тоа.
    А за социјализација,па вака..Во градинка кога се мали по цел ден се затворени во едно собиче со истите деца,исто се.Дома јас го шетам секаде,секој ден.Го учам,му покажувам нови работи.Го носам на различни места,со различни луѓе.Подобра социјализација од тоа,здравје.А во врска со снаодливост,тоа го добиваат од градинките бидејќи не им обрнуваат внимание како дома па мора сами да научат пример,да се качат и симнат,додека јас на мојот дома уште му подавам раче за да не падне.И така се научил,па не се труди без помош да прави нешто.Тоа е тоа.

    Идеална возраст според мене?
    Кога нема да носи пелени и да цица,и кога ментално ќе биде спремен и отворен!
     
    На Верче4, svami и sofi2107 им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    21.022
    Пол:
    Женски
    Сметам дека нема правило. Секое дете е различно. Еве мојава личеше ко да нема да се адаптира. Со никој од домашните не седеше, не се успиваше.. ама во градинка од 4 ден сама се успива и јаде.
    Воспитивачката рече дека вакво дете немале. Обично првата недела седат во скут и се по повлечени, а оваа од прв ден е слободна.
    Сега пак се плашам со оглед на паузава од 2 месеци ради епидемијата. Ама па си викам чим веќе еднаш биднало, ќе биде пак.
    Уште оваа недела дома и се надевам ќе тргне..
    Кај вакцина па и бактерија закачила изгледа...
     
    На Animali и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Пред и по породување :)
    Доби место тек од Март 2020 година. Ќе има година и еден месец. Ни под разно нема место за порано. Ова е најбрзиот термин кој го добивме во близина. Ужасно тешко е за место.
     
    На Animali и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Сигурно знаеле уште од старт. Што не ти кажаа одма се прашувам...

    За помалите групи е лесно. Рачунаат кога постоечките деца, од групите, ќе исполнат старосна граница за во наредна, поголема група, и знаат колку слободни места од кој месец ќе се ослободат за нови деца.
    Со писмо до општината или ако е под црквата евентуално може да се убрза, но ако се има добри причини.
    Така направив јас за средното и веднш доби место, инаку се чека.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    По препорака на таа градинка за која разговаравме и се надевавме од страна на шефицата не препорачала во друга на заеднички состанок кој го имале за распределба. Од три не одбија во старт, една ни понуди Мај 2020.
    Ова е од општината градинка на 5 мин со кола од кај нас. Бевме денес да се договориме и шефицава тамошна не ме бендиса ич. Исти услови исти пари. На десет деца се две и пол негувателки.

    Да убрзам немам причина за писмо до општина на работа се враќам 30 Март 2020 имам еден месец за адаптација во градинкава.
     
    На Animali и danichap им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    значи јас уште сега додека сум бремена да си го ставам на список за 2020
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Секогаш имаат 1-2 места кои евентуално може да ги доделат, за итни случаеви, па рачунај дека може и да се зголеми бројот. И кај нас исто. 2 воспитачки цел ден, една пола ден, со десет деца, но секогаш има додатни “итни” случаеви, па се проширува групата и до 12.
    Затоа може и намерно не земаат бебиња, кнап со персонал.
     
    На Animali и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Мора да биде родено за апликација.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.