1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за тргнување во градинка

Дискусија во 'Дете' започната од FreeMind, 14 јануари 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    група од 12?? ма кај нас во претшколска кај моето дете 24 се. Има и уште една група ама за таму не знам
     
  2. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    2.164
    Членките зборуваат за градинки во Германија....
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    релано да,само се пошегував со сувота реалност дека тешко се наоѓа место. Е сега мене и друго ми беше прашањето. Кај нас во претпколска се почнува од септември,документи се носат околу средина на август секако со телефонски повик а тие и претходно можат да ти кажат дали ќе сте или не сте примени. Е сега со оглед дека за јасли претежно се трудиме да се упишат кога ќе ни истече породилното дали и за јасли се исто почеток од септември или може да те повикаат во било кое време?
     
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    па да,реално толку и треба не повеќе од 15 сепак воспитувачка институција е а не основно училиште. Значи кај нас во државичкава за пари ќе се допишат ќе се достават ќе се пикнат плус... Дали во градинка дали во автобус дали на брод... (facepalm)
     
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Немам поим како оди со документи во мкд.


    Македонија не е тема за споредба во ниту еден нормален параметар најмалку во образовен со остаток од свет. Она си е друга приказна, сама и засебна со балкански шмек :)
     
    На Grungie и marchi-cool им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.704
    Мене ме пуштиле на 4 ипол (facepalm) Дифтар , секој ден плачење до зајдување , видела невидела мајка ми отказ дала да ме чува.
    Моево на 2 планирам.
    Педијатриве ми викаат на 3 .
    Наш пријател стар педијатар вика-никогаш! Дете дома чувајте да не се разболува. Не дозволи внуците да одат во градинка
     
    На mariz и zuto им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Во право е. Јас сум за од три. До три години уште немаат имунитет.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    27.188
    Пол:
    Женски
    Околу 3 години веќе треба да биде појдено во градинка. После 3 години се формираат веќе првите другарства, пријателски кругови и слично и потешко ќе биде да се вклопи во средина во која другите веќе се „ушемени“ со другарчињата.

    Педијатарот очигледно појма нема од детски развој. Развојот не е само да биде физики здраво. Треба да се развива и когнитивни способности (кои ајде може и дома да се развиваат) и емоции и социјални вештини (кои дома тешко се вежбаат). На детето му требаат други деца затоа што најлесно се совладуваат одредени вештини во група со други деца (децата едни на други си помагаат во развој дури и на когнитивни вештини).

    За адаптација е битно да се склопат повеќе коцки. Да се погоди учителката, групата и слично. Мојов на пример релативно лесно се вклопи. Немавме некои големи драми. На пријателите детето никако не можеше да се прилагоди на градинката во која го носеа се додека не му сменија градинка, Во новата ОК се прилагоди.
     
    На azelea, FreeMind, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.552
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Јас бев дифтар и секогаш бев повлечена... и да знаев во школо нешто кога наставник ке прашаше, не кревав рака, срам ми беше. И мислам тоа е така дека не одев ич во градинка. Значи улицата полна деца ни беше, нонстоп се дружевме, ама ете во школо бев многу повлечена, па често и ме закачаа, па често плачев, дури гледав секогаш да се набутам да седнам некаде да не ме гледа наставничката... Мислам од 1-4 одд ми беше најлош период од животот, до толку се сеќавам колку не ми било убаво, после од 5то малку се опуштив, ама пак си бев така ќутлива. А советот од тој педијатар како да не чини... примери имам каде децата не оделе во градинка поради тоа разболување и после 1,2ро одд децата не се појавувале во школо, нонстоп болни (си прележуваат се што не прележале). За мене не се сеќавам како беше со разболување, треба да ја прашам мајка ми...
     
    На Sexybaby86, Annath и eli25 им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.704
    @mariz и до карактер е ама и јас се слагам дека градинката има удел.
     
    На Annath и mariz им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Во моја околина речиси никој нема одено во градинка. Ниту јас, ниту маж ми, ниту другарки. Па, секој е различен нормално, и секој различно подоцна се однесувал во училиште. Маж ми немал никаков проблем, јас бев поповлечена, од другарки исто, некоја супер се прилагодила, некоја потешко.
    За болести јас немав проблем во школо, не прележав тогаш сè што во градинка би прележала.
    Децата и во градинка различно се адаптираат, не значи дека во школо ќе им биде полесно подоцна, зашто секое едно е различно.
     
    На minneymouse82, Dalia93, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.026
    Допаѓања:
    40.192
    Мојава од утре почнува, 13м е
     
    На TeddyGrey и marchi-cool им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Само ммр ти ја бараа?
     
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.026
    Допаѓања:
    40.192
    Да, утре тоа ќе и бараат за да влезе, а и само тоа има примено. Иначе на упис не бараа ништо. Али ја запишав пред епидемииве
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Да да. Знам дека само ммр има. Затоа и ме интересираше. И мојава така ќе е, а сакам да ја запишам.
    Во соопштението од министерство вика вакцини по вакцинален календар, па мислев да не ги бараат и другите :)

    Имало надеж. Фала мама :)
     
    На Среќичка и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Мојот ќе почне негде на околу 9 месеци.
    Немам избор мора градинка,може моите да го чуваат ама ми е страв искрено бидејки во секое време може да му се слоши на едниот.
    Затоа градинка мирна душа.
    Е сега со вакциниве незнам како ќе биде,сега треба да ја прими шестовалетната а мие страв некако.
     
    На TeddyGrey и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.324
    Пол:
    Женски
    Моник еве и ја мојава на 9м ќе ја пуштам.
    Ако мора ммр и ќе и ја ставам... неам избор.
    Ние од шестовалентната немавме реакција, на 2ипол ја прими.
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Ќе почекам уште малце и ќе ја ставиме,немам избор мора.
    Докторката вчера рече комплетна крвна слика и на вакцина ,рече можно е да се јави температура но немора да значи.
    Ќе те чекам да споделиш искуства со адаптацијата за во градинка.
    Моевп вака мирно сие ама до тогаш ќе смени 100 пати и кузнае како ќе биде.
    Многу мачно ќе ни биде плус двајцата сме во смени незнам како ќе биде.
    А вистина ли по закон до една година мајката можела да оди само прва смена?
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.324
    Пол:
    Женски
    Мислам по закон е до 22ч најдоцна ама не ме зимај за збор. Нека каже некој точно ако знае.
    Ќе споделам искуство со градинката.
    Искрено блиску ми е и коски ми се тресат.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Не смее да оди трета смена и да работи прекувремено до 3 години на детето. Прва, втора може.