Идеална старосна разлика помеѓу две деца

Дискусија во 'Дете' започната од marija28, 21 март 2010.

  1. marija28

    marija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Мамо купи ми сестричка

    MAJKI... KOJA RAZLIKA VO GODINI E NAJDOBRA ZA VTORO DETE,mozebi prasanjeto e malku nezgodno i tesko no ve molam da mi odgovorite.IMAM since koe ima 2 god i2 meseca :lol: i navistina neznam dali i koga najdobro bi bilo toj da dobie bratce ili sestrice.BI bil presreken bidejki mnogu cesto prasuva zosto ne mu kupime bratce sigurno mu e dosadno i si bara drustvo.SE nadevam temava vi se dopaga i bi vi bila blagodarna dokolku go kazete vaseto mislenje.VI blagodaram majki odnapred .... :P :idea:
     
  2. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    95
    Марија јас не сум мајка, има време за тоа :D но мое мислење е дека, ако се осеќаш спремна можеш да го направиш тој чекор. Сепак решението е кај тебе, дали финансиски си стабилна, дали имаш желба за уште едно бебе, дали тоа го сакате сите во семејството итн. Од тоа што го учам на студиите идеална разлика за две дечиња е од 2-3 год, значи кај тебе во случајов ова е добро време за уште едно бебенце. размисли си убаво, разговарај со сопругот и заедно решете :D
    позз и среќно
     
    На lovely girl M и miss им се допаѓа ова.
  3. marija28

    marija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    TI blagodaram emce na sovetite ke razmislime fala i pozdravce......
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.528
    Допаѓања:
    68.681
    Моите деца се разлика 2 години и 3 месеци и супер им е. Додека беше помалото бебе беше тешко до полудување, ама сега е супер. Многу си играат, и ептен се приврзани. Јас со брат ми сум голема разлика, и почнавме да се дружиме многу доцна, па затоа сакав децата да ми бидат мала разлика.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Што мислите која е идеалната старосна разлика помеѓу две деца?

    Од она што го имам прочитано во литература, на Интернет, од искуствата на други мајки, идеалната старосна разлика би била некаде околу 3 години.
    А што ако жената не е физички, психички подготвена за второ дете како истовремено би ја запазила оваа старосна разлика од 3 години? Еве син ми е 2 години, абе ни на крај памет не ми е во блиска иднина пак да останам бремена. Во блиска иднина - па отприлика во наредните 2-3 години.
    Мое мислење идеалната старосна разлика помеѓу две деца е онаа кога жената (пред се' жената) ќе се чувствува подготвена физички, психички, а па после (нормално) и материјално со партнерот да имаат второ дете.
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    Убава тема за дискусија. Се уште немам деца, ама доколку би имала мислам дека идеална старосна граница е 2 до 3 години. Мислам дека ако е помалку од 2 години старосната граница помеѓу двете деца тогаш тоа е доста тешко за жената. Таман организмот се вратил во нормала после доењето, повторно жената забременила.

    Јас и сестра ми сме разлика отприлика 4 години. И мислам дека сме преголема разлика. Барем разликата беше голема се додека не се запишав јас во средно. Денеска не ја чувствувам таа разлика, ама додека бевме деца сепак разликата беше голема. Тоа најмногу се чувстуваше додека таа беше во средно, ете така 16 год, а јас уште невлезена во пубертет :)

    Но, се согласувам со тебе, дека е на родителите да одлучат кога и како ќе добијат второ дете. Сепак, доколку сакате децата да се дружат тогаш мислам дека не треба старосната разлика меѓу нив да е поголема од 3 години.
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Идеална разлика за децата или за родителите? За децата, се знае, што помала разлика, подобро. За родителите... па, зависи. Од една страна, викаат, ќе ги изгледаш двете одеднаш :) , ама додека да потпораснат, ќе побелиш во косата :) . Имам разни примери, секој со различно искуство. На другарка децата и се разлика 14 месеци (не стигна ни да добие после породувањето кога остана бремена, ама тоа е друг муабет ;) ), и беше многу напорно кога беа мали, како зомби стана едното уште бебе, таа бремена со второ, па второ бебе, а првото почна да проодува, ама па и тоа скоро бебе (па само 14 месеци имаше)... Тешко, мнооогууу тешко, ама па сега кога одат во школо, како близнаци се :).
    Моите деца се друг драстичен пример, разлика 8 години :). Ама никаква љубомора нема од поголемото дете кон помалото, разбира, сака дури и да помага, срце е (иако мене ми беше тешко кога се роди бебето што немав толку време за него како претходно ;( , па ми беше страв да не се почувствува запоставен...).
    Кога се помали, пољубоморни се, повеќе има испади и напади на љубомора кога ќе дојде бебето. Колку се поголеми, поразумни се, разбираат што се случува, а тоа е во исто време и предност и недостаток...
     
    На NATALI.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Кај оние што планират повеќе деца, најдобро е разликата меѓу првото и второто да е 2-5 години, со тоа што разликата во години помеѓу првото и последното планирано дете да не надминува 10 години(премногу е).

    Јас здравје Боже, се да биде во ред и на свет да си донесам здраво и право дете, кога ќе наполни годинка, тогаш си имаме така груб план во глава со мужето да работиме на второ дете.

    Идеална разлика никогаш нема да се најде. За едни е подобро поголема да е разликата од финансиски аспект, за други е подобро да е помала разликата поради возраста на родителите. Се' е индивидуално.
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.528
    Допаѓања:
    68.681
    Не знам дали има идеална разлика.
    Јас имам многу постар брат со кој немавме многу допирни точки додека растевме, иако веројатно на нашите им било полесно :D
    Додека растев често посакував да имам брат или сестра (главно сестра посакував до душа :D ) со поблиска возраст до мојата, па веројатно тоа ми влијаеше да се решам моите деца да бидат со помала разлика во години.

    Немав испланирано точно колку ќе бидат, ама после година и нешто од раѓањето на првото ми дојде желба за второ, па резултатот беше 2 години и 3 месеци :)
    Разликата е супер. На почеток беше тешко, особено со сите обврски што ги имав, ама кога малку пораснаа, а особено сега, нема ништо поубаво од тоа да ги гледаш како си играат заедно - нешто што јас со брат ми никогаш не сум го имала.

    Многу сакам уште едно, т.е. барем уште едно. Желба за трето ми се појави кога второто имаше 3 години. Ама надлежните органи немаат слух :D
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.823
    Пол:
    Женски
    Ние имаме едно дете има 4 год.,сега за сега не размислуваме за второ, едноставвно не сме спремни, не од финансиска гледна точка туку физички и психички. Прво имав тешка бременост, малата не спиеше ноќе цели три и пол години, се будеше во текот на ноќта на секој саат и буквално јас само дремуцкав, спијам последниве 6 месеци и не можам уште да се изнаспијам. Од друга страна само маж ми работи, фала Богу добро заработува, а јас не сакам да бидам само домаќинка, ама што да се прави кога се нема работа. Работев под договор, кога истече договорот не ми го продолжија и сега неможам друга да најдам.
    Сепак мислам дека идеална разлика меѓу дечињата е 2-3 години, можеби е тешко додека и второто прооди и прозбори, но потоа мислам дека е полесно. На пр. наши пријатели имаат две девојчиња, едното 4 а другото 2 год. и заедно си играат, а моето е само и цело време вика дека сака братче или сестриче. Самите донесовме таква одлука и најискрено жалам за тоа, до сега двете ќе пораснеа.
     
  11. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    105
    ех,па жени..како им дошло ... :rofl:
    се шалам..Сметам дека идеална разлика е 4 години.Со брат ми сум 5 години и мислам дека таа една година прави голема разлика...
    А познавам едни пријатели,едниот син им е 4то одделение(деетолетка) а другиот 2ра година на факултет,односно 11 години се разлика.Да,многу е но мислам дека супер се вклопуваат,ова малово го гледа брат му и прифаќа се од него,и се прави фраер 8) :lol:
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Сакам моите деца (здравје) да бидат или 2 или 4 години разлика. Три некако не ми е убаво. А пак и 2 ми се гледа подобро од 4 затоа што ќе се на поблиска возраст и ќе можат да се дружат како што кажа Ариел. Ако имам две женски или машки сакам да бидат 2 години разлика, а ако се едно женско и машко тогаш 4. Ах сакам да имам близначиња најмногу на свет. Тешко е да се одгледуваат додека се мали ама пак и двете одеднаш. :) Но тоа не можеме пред време да го дознаеме па како господ сакал така нека биде.
     
  13. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    нз која е идеалната и точна старосна разлика мегу децата,но моите се на 4 години и не е баш идеално :^)
    немаат заеднички точки и заеднички работи така што често сум судија мегу нив :D
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    5.020
    Ако имав сестра би сакала разликата да беше од 3 до 4 години најмногу. Ако сме блиски, таман ќе ја имаме идеалната разлика во години и таа би можела да ме советува за разни работи. А никако не сакам да е помала од мене или пак премногу голема. Ама и тоа зависи, зашто другарка ми со сестра и се разлика дури 9 години и иако понекогаш знаат да се спречкаат за нешто, сепак на моменти многу е добро да имаш некој кој ќе ти даде потпора и совет. :)
    А во мојот случај, во најголем дел од времето јас доживувам пекол. :D Брат ми е постар од мене 8 години, и иако има 21 година сепак поголем дел од времето се однесува многу незрело што страшно ме нервира. |( Или па кога ќе фати да ми се сили, он бил поголем, можел се да направи. Да, да.. На него ништо не можеш да му кажеш. И не знае што да каже и кога. Веднаш ќе отиде да тужака или нешто слично, ееј мамо, сестра ми ова направи, па она направи.. Па со другарка и што прават, па дечко имала. |( Па и да имам, што ако? И како злобно го прави тоа..

    Туку се извинувам јас за оф топик, си почнав јас да си раскажувам за брат ми, ама ајде тоа е. :fubar: Јас пак ќе се задржам на тоа дека идеална разлика е од 3 до 4 години, без разлика дали зборувам за брат или сестра. Иако порадо би сакала да имам сестра. ;)
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Моите се две години разлика,иако се машко и женско ,си играат ,се тепаат ама и многу се сакаат.Сега се убедуваме за трето ама некако не знам.Голема би била разликата, со едното 8 со другото 6 год,под претпоставка сега да почнеме со работа. :?: :?: :?:
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.884
    Cпоред мене најдобра разлика е 3 год :) Jас со средната сестра сум разлика 2огд,а со најмалечката 7 год :^) Kерка ми има 1 год и неколку месеци,не планирам сега второ,прво морам да средам други работи зашто не бидува сама дома со две дечиња :tmi: здравје сега,ако останам случајно бремена,пак би било убаво,ама сакав да кажам да има разлика мегу децата,поголемото тука ке е,ке разбира повеке :$ :D
     
  17. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    не сум мажена ,немам деца ама кога би имала би сакала да се на разлика од 2 години.Јас и брат ми сме разлика 7 години и не е тоа тоа.Немаме воопшто заеднички теми за да си направиме муабет.Ех да беше постар од мене ...
     
  18. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    За мене идеална граница меѓу двете дечиња е 4-5 години. Лепотицава сега ми има 2 и 9 месеци,планирам кога ќе има 5 годинки тогаш да родам второ, и такаона касно ќе тргне во училиште, нема да ја фати законот од 5 и 8 месеци туку ќе чека до 6 и 5месеци, до тогаш бебето ќе биде подпораснато. Само здравје боже!
     
  19. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Идеална разлика нема едноставно тоа си доага само по себе .Моите деца се разлика 6 и пол години .Ќерка ми има 6 и 10 месеци а син ми 4 месеци верувајте по идеална нема
     
  20. eli.11

    eli.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Според мене идеална разлика помеѓу 2 деца е 2 до 3 години,иако јас таа идеална разлика одамна ја поминав.Керка ми има 7,5 години и сака да има братче или сестричка,ама мм остана без работа и моментално не размислуваме на таа тема.Знам дека многу згрешивме што чекавме за второ ама тоа е.И сега керка ми скоро секогаш кога ке посака да излезе надвор да си поигра со децата и дозволувам најмногу од причина што дозволивме да расте сама :(