моите се разлика точно 7 години, и мислам поголема разлика подобро. Големиот е 13 години и веке си е влезен во свој свет, другарчиња, девојчиња, симпатии а малото ми е најголем другар секаде каде и да одам ме дружи, се мази, гали, гушка ми искажува голема љубоа„МАМА МНОГУ ТЕ САКАМ АЈДЕ ДА СЕ ГУШКАМЕ“ срцето ми се топи верувајте,си викам додека е мала кога ке порасне како братму и он ке си тргне по свој пат, а јас сама.Па си викам да си родам една керка додека е време.........верувајте не ми се оди нигде без него каде и да треба да одам
Од искуството мое сметам дека се што е под 3 год разлика е малку, особено ако нема никаква надворешна помош (баби, градинка). Едноставно ако треба мајката да се грижи сама за две е преголем товар. После три години детето колку-толку се осамостојува и е маааалку полесно.
Супер твоите се големи па ке имаш помош .те подржувам за уште едно ,јас сакам сега дури се помали па со едно плачење и неспиење да ги пораснам, а помош сега моментално само градинката))
Син ми има 22 месеци полни и сега еве на почеток на 23-от месец сме , а јас сум бремена со керка почеток на 7-ми месец искрено мое мислење е дека помала разлика е подобро .. Поблиски ке бидат , јас и сестра ми сме 5 години разлика и никогаш не сме биле толку блиски , а другарка ми има брат со кој се 2 години разлика , и се многу блиски . Си ги кажуваат проблемите па и излегуваат заедно понекогаш
Од аспект на деца, да две години е супер, уште поубаво е една година разлика. Ке се дружат, ќе си излегуваат заедно.... Ама од аспект на мајка, особено ако САМА ги чува децата, господ нека и даде сила и трпение.
Јас со брат ми (кој е повозрасен од мене 4год.) никогаш не сме биле блиски, ниту пак сме испаднале некогаш некаде заедно. До душа многу се разликуваме ние. Физички ич не си личиме, а карактерно сме небо и земја. Да не бидам офф - и јас би сакал децата да ми се со што помала старосна разлика токму поради овие причини - ќе имаат заедничко друштво, ќе разговараат, ќе си помагаат во врска со школото и слични работи. Крејзи додека ти го израчунам синчето во години ќе ме раздени. Скоро две годинки има, така што оваа разлика ми е супер според мене. Внучето мое не направи ни годинка, братучетка ми забремени и сега си има ќеркичка.
Јас сметам дека, иако уште ми е рано за тоа, сосема е океј да се разлика 4 години. И моите толку би биле. Јас со сестра ми сум разлика 5 години. Детството убаво го поминавме и заедно а потоа кога таа влезе во пубертет се оддалечивме некако, не припаѓаше во мојот свет на игри. Кога беше средно не чувствувавме ни поврзаност но потоа се зближивме и денес двете како возрасни сме си секогаш поддршка една на друга и секогаш тука една за друга. Разликата во години и не е така битна ако се воспитани и научени да се штитат и сакаат секогаш.
Помала разлика е подобро.Да, напорно е многу, ама е доста весело Разликата меѓу двата сина ми е година и 4 месеци.Поголемиот за една недела ќе прави 4 години, а помалиот во Јули здравје 3 години. Уште малку ќе им се придружи и трет батко што со поголемиот ќе биде разлика 4 години а со помалиот 2 ипол.Па со Господ напред, се надевам добро ќе се согласуваат понатаму
Син ми сега во март ќе полни 2 години, а јас сум бремена 5 недели, значи ќе бидат разлика 2 години и 7 месеци. Мислам дека се таман. Јас и сестра ми сме 3 години разлика и супер функционираме. Покрај сестри сме и најдобри другарки. Се надевам така дека ќе функционираат и моите деца.
Моите ќе бидат скоро 4 години разлика и мислам дека е идеална разлика.За мене е многу полесно зошто ќерка ми многу работи сама ги прави,плус послушна е,мирна и не е љубоморна воопшто,одвај чека бебето да се роди. А нема правило ако се помала разлика дека ќе се слагаат а ако се поголема нема да сакаат да се видат.Тоа е и до карактерот на децата ама и многу зависи родителите колку ќе направат децата да бидат блиски.
Јас мислам дека колку помала разлика толку поубаво растејќи го едното ќе го пораснеш и другото.Но има и големи предности кога се на пример 10-11 години разлика како помош околу бебето,домашни обврски итн.Сепак секој си знае како најмногу му одговаара
Три деца за три години родив, сама ги чувам, со помош од сопругот нормално, татко ми некогаш ги зема, некогаш на мм родителите меѓутоа се е тоа инцидентно а не правило, 95% од времето се грижаме сами со сопругот за децата. Спиењето ми е на рати, се на се ми се собира во 24 часа 4-5 саата спиење, јас од секогаш сум функционирала со малку спиење така да не ми е сега тоа новина, тешко ми е само кога ќе се болни затоа што секогаш е пута 3 тоа, среќа не е тоа многу често, силата и трпението си го црпам од нив, секоја насмевка ми дава сила, секој бакнеж, секое кажано мама, трпение имам, никогаш не ми недостасувало. Првиот син беше 22 месеци кога го родив вториот син, тој беше 1 година, 1 месец и 1 неделакога ја родив ќерката, сега за сега добро се сложуваат, си играат, се сакаат, се надевам и понатаму така ќе остане. За блискоста помеѓу децата без обзир на разликата мислам дека се одговорни родителите, начинот на воспитување, вниманието кое го посветуваат на децата итн, децата чувствуваат ако се има поомилено дете и помеѓу нив се раѓа ривалство, отпорност. Со брат ми сум 3.5 години разлика и секогаш сме биле блиски и да била поголема или помала разликата верувам дека исто ќе било, според мене нема идеална разлика, има само кога се чувствуваат родителите спремни за уште едно проширување на семејството.
Се сложувам дека поубаво е кога се помала разлика за да бидат поблиски, но и не е секогаш правило дека ќе биде така, пример јас и брат ми не сме биле биле никогаш толку блиски а неполни 3 год. сме разлика. Така што најчесто е до воспитувањето на родителите а и карактерот на самите деца. Како што кажа Битерсвит, истото ќе го кажам и јас, дека идеална разлика нема, важно е родителите да се спремни за ново дете. И најважно е само детето во животот да не остане самичко
Се сложувам со тоа дека нема идеално колку разлика во годините да бидат децата. Јас имам 4 сина, 8, 6, 4 год, и малото ми е 4 месеци. Прците три ги планираме,четвртото неизненади ( Божја волја). Сами со мм си ги гледаме од време на време мајка ми ке дојде и ке ми помогне, таа не живее во истиот град каде што ние живееме. Има и добри и лоши страни за тоа што се блиски во годините. додека беа помали беше тешкиот период, ама го надминавме тоа сега далеку е полесно и позабавно. Си играат заедно и не го бараат моето внимание по цел ден како порано. Предност е тоа што многу убавоси играат сами, имаат бујна фантазија. по цел ден си играат заедно, и кога ке имам прошетка само со едно дете и бебето со нас се бараат еден со друг. сакаат побргу дома да си одат за да си играат, и на одење обавезно ке се поздравуваат гушкаат си кажуват дека ке си недостигаат, абе ко да ке одиме некаде на неколку дена. Заради овие моменти не жалам дека ми се блиски децата во годините. Јас и маж ми па и не сме баш млади, уште некоја година ке ја раситнам 40, а мм е над 40 год. Си треба добра организација со децава, и мислам дека усеваме во тоа, а и на време секаде да стигнеме, е добро де неколку минутки не повеке од 5 мин. каснење
Дали само јас сум случај во кој ,,сите други,, знаат подобро кога е време за второ дете?????? Само мене ли ме напињаат ,,блиските,, дека морам сега да родам братче или сестриче на малата?!? Испоровоцирена сум од вчерашниот собир на роднини, каде не се правеше друга тема на разговор туку само се планиреше проширувањето на моето семејство! Уште еднаш МОЕТО СЕМЕЈСТВО, кое јас и мм го формираме и одржуваме и прошируваме и издржуваме... Ама не, мајка ми, тетки, стринки, братучеди сите тие подобро од мене знаат кога е моментот! Таквите ситуации те предизвикуваат да бидеш нечовек и да им покажеш каде им е местото и да ги научиш што е интима и приватност! Има кажав, во мојот интимен секусален живот, море воопшто во мојот живот никој не смее да се меша, забранувам! Прашањето ми беше, сте се нашле ли во таква ситуација кога другите си даваат за право да ви солат памет дека е време за принова во семејството, и каго реагирате?
Често многу често. Прво беше ајде време е за бебе да имате (со години ја слушав таа лента) е сега ајде второ. Баш вчера еден ми вика одма братче или сестриче да му родите. А неговите се 6 години разлика. Викам па ти што чекаше. Вика се заебав. Викам ај гледај си работа. Јас па и дрска сум, ама џабе.
Сите се исти. Кажи му на секој што ви каже дека е време за второ, да ви даваат месечно по 150 евра за него, па да видиш како ќе се замолчат. Или па, низ едно уво влегло, низ друго излегло, кажи им само добро, и свиркај си. Знам дека е напорно, ама ќе отрпнеш. И второ да родиш, за нешто друго ќе те напнуваат.
Тоа е тој типичен,македонски менталитет,со развој на мозок од 19ти век. Додека немавме дете,сите викаа ајде ајде што чекате,или да не имате некој проблем,одете навреме на лекар.... Сега синко е 2год,и од сите страни слушам,ајде за роденден една сестричка,не чекај,двете заедно ќе си пораснат,не е убаво голема разлика.... Јас не се нервирам воопшто,да се здрави и живи сите,да дава Господ секаде,но тоа е одлука само на мене и мм. Често,кога повозразни жени ме ,,советуваат,, им викам ако дојдеш да ми чуваш едно дете или да ми гледаш куќа,раѓам не е проблем.Единствено,мајка ми е со огромно разбирање и здрав разум за ова. Само она ме советува,со оглед на околностите во кои сме(сами со мм),да почекаме прво малово да се осамостои(јаде сам,кака,мочка...)па нека се радува на братче/сестриче.