Моите се разлика 12 месеци и 11 дена. Отсекогаш сакав мала разлика (не баш вака мала). Сега е малце напорно, но после заедно ќе растат. Од друга страна јас и сестра ми сме 5,5 години разлика. Немало љубомора, таа била голема, самостојна, и дури и помагала на мајка ми околу бебето. И голема и мала разлика си има свои предности и недостатоци. А во однос на муабетиве се изнаслушав се, од тоа дека две деца се доволно (од особа која има 5), преку тоа "де ти само машки раѓаш", па се до "леле вие турбо, две деца за една година" Во почеток им одговарав, ама сега им ставам огромен игнор, или коментирам дека сакам 7 деца, се фудблери да имам, додека сум млада ќе ги раѓам секоја година по едно... Колку членови ќе брои моето семејство и во кои интервали ќе го шириме е одлука само моја и на мм.
Mnogu me maci ova prasanje mesecive, bidejki sakam vtoro. Imam pomos posle 16h, do togas se site na rabota i site rabotat prva smena samo. Ziveam so svekor, svekrva, zolva no na poseben sprat sme so mm. Sinko ima 16 polni meseci i od Sept kje pocne vo gradinka, jas ne rabotam i sega za sega nema ni potreba da rabotam, sakam da si go dovrsam fakultetot... No me maci prasanjevo koga vtoro? Mm saka vekje da se frlime vo akcija, odnosno on vekje si se frli vo akcija Idealna razlika i mene mi e 2ipol/3, ne pomalku od 2 i ne povekje od 3... A sakam min 3 decinja Baska prvovo mi e bajce, mnogu mirno bebe bese, mnogu mirno detence e, spie cela nokj od koga e roden, iskreno se osekjam spremno za uste edno bebe, nekako se osekjam kako da mi fali taa obvrska, spremna sum dve da cuvam..
Истото прашање си го поставувам и јас. Сакам уште едно детенце. Првото ми е веќе 14 месеци. И не сакам да остане само. Реално и си имам веќе години, па ако мислам да раѓам треба што поскоро. А од друга страна ова само што пркна. Некако полека ни се врати животот во нормала. Турбулентниот период помина. Сега си имаме ред. Спиеме цели ноќи,релаксирани сме и си имаме некој ритам. Па со ново бебенце пак јово наново се треба . Плус финансиски многу се плашам. Се сме нешто кнап со сретства. Ама така вака ако сакам уште едно не смеам да одлагам многу.
Мајки не верувајте во тоа дека помала разлика поубаво , имам познаници што се ептен мала разлика па се караат постојано, а јас со сестра ми сум 5 години разлика и супер се слагам и сме си многу блиски. Значи нема врска разликата
Па да тоа и зависи од карактерот на децата... Јас со сестра ми сум 2ипол год разлика, сме се карале, сме се тепале, ама неразделни сме биле, од што си се сакавме и си спиевме заедно, иако имавме два кревети Облека си делевме, освен штикли и сл, бидејки има помала нога од мене
I mene me maci ova periodov posebno sto mi docni pa malku poveke me fakja panika I jas sum za razlika od 3-4 god posebno sto uste nemam spieno poveke od 2 saati otkako se rodi sinko i e mnooogu temperamenten snemuvan sila posebno periodov koga e pred prooduvanje, a on saka da trca Pa se pusta sam, saka sve da fati, se zakaca so site decinja, doma e haos nesaka da jade, mava od zemja sve sto zeme vo race, ako nesto ne mu e po kejf cela zgrada e vo vozduh.....Off Kako i da e zlatcinja se, najgolemo bogatstvo i sakam min 3 Kako ke bide neznam, pomos mozsm da imam 24/7 zatoa sto svekrva mi ne raboti i edvaj ceka da ja viknam ili da odime kaj niv pa duri i bi se preselila kaj nas ako i kazam I onaka otkako stana baba i dever mi i svekor mi zaboravija sto e ubav rucek (se nesto nabrzinka im pravi), sto se peglani alista... Ali jas si sakam sama kolku i da mi e naporno poorganizirana sum si doma i poubavo mi e
I nie pocnavme za vtoro da rabotime. Malava ima 2 god i 2 meseca pa taman ako se fati ( so ivf sum ostanata bremena) najmalku 3 god razlika ce bidat. Ako ne bidne nisto posle Nova Godina sobiram dokumenti za vtoro ivf preku fond.
Одамна немам пишано, па ај по подолго време да чкртнам нешто на темава. Син ми 2 и пол години, а малата направи 9 месеци. Веќе извесно време знаат да се заиграат заедно (нормално со моја асистенција). Кога се разделени за кратко или пак спијат будењето им е жива радост. Одвај чекаат да се разбуди другиот. Искрено, не очекував толку рано да се поврзат и уште поискрено - не можам сега да го замислам животов со едно дете. Не дека не е напорно, ама почнав да сфаќам и колку ме одменуваат за една многу важна работа - вниманието. Тоа што сами можат да си го пружат јас не можам да им го овозможам. Тоа е посебна радост.
,знам дека ќе е напорно но ем се многу слатки кога се заедно,можам да си претпоставам, но како се организирате со спиење, кај мене свеки ќе биде вели јас ќе спијам со големата а јас со бебето а мене не ми се остава така ќе се навикне па после што ќе правам
Еве и јас да си го напишам моето Моите ке бидат разлика 3 години и 9 месеци.Незнам како ке биде сега не покажува некоја голема љубомора.Сакаше сестра и сестра ке добие о ги даде малите алишта спремивме се.Сепак поинаку ке биде откако ке се роди ке треба и јас да се навикнам и таа со мене заедно па ке видиме како ке биде.Еве го тераме деветиот месец па ке видиме што не чека
Јас си спијам со двете заедно. Немаме ни баби ни жаби. Се што правиме буквално заедно правиме. Си се навикнаа децата еден на друг.
Моите се разлика 20 месеци,тешко е да,поголемкото го сака и гушка братчето,кога одиме сами со бебе до док.веднаш го бара,и сам почеток сме заедно,нема делење во соби разни баби чуда,сите заедно и заедно да си се навикнуваат.Не ги делете децата мајки,оставете да се поврзат навикнат да се бараат и сакаат едно со друго.
Smetam deka nema planiranje na idealna razlika I toa nemoze da se planira. Odsekogas sum sakala I jas mala razlika zemajki vo predvid deka jas I brat mi sme 2 godini razlika. No voopsto ne ispadna kaj mene I sega so moeto dete taka. Ete Maltot napraj 3 idol godini a za vtoro Aber nema seto toa poradi egzistencija, rabota I seto ona sto ne zavisi od dominate planovi. A kolku sakame a morame da pocekame da se sredime so rabotava.
Nema vrska deka ako se decata blisku so vozdrasta ke se druzat. Jas i sestra mi sme 2 godini razlika i voopsto ne sme bliski.Sekogas me gledala kako konkurencija dali oti e pomala i cel zivot se trudi da se dokaze deka e nesto podobra od mene.Isto moja rodnina e 5 godini razlika so sestra i, i ista prikazna voopsto ne se bliski.Mm i brat mu 6 godini razlika isto ne se bliski.Vikaat ke se mazis i ke se splotite i toa ne mi drzi voda,oti trgnuvam od mene i sestra mi ili sto gledam kaj mm situacijata.Mislam deka e do karakterot na decata. Zdravje za vtoro moze posle 3 godina da planirame,dotogas nisto.Oti tuka sme epten sami i pomos od nikoj nemame. Da nadopolnam,mnogu mi e krivo sto nemame blizina.Sekogas sum zaviduvala na decata koi se povrzani megusebno i si pomagaat.Ke dadam se od sebe moite deca da se bliski i da bidat povrzani kako sto jas ne uspeav da se povrzam so sestra mi.
Јас со брат ми сум 17 месеци сме разлика.Како помали се се каравме,расправавме.На мајка ми главата и беше тупан.Сега пораснавме,се си делиме и си помагаме.Си чуваме тајни.Како близнаци сме.
Јас мислам дека на конкурентната борба повеќе влијае воспитувањето, отколку нафрлање на вината на карактерот. Таков ни е менталитетот станат, мала држава и мали градови, се некако и постарите сакаат да ни делуваат стимулативно со потценувачко споредување на останатите, во смисла: Ееее што може „Митра, ти да не не можеш“, „како може брат ти, а ти не можеш“, па со тргнување во школо и наставниците често знаат да ги споредат децата, сестра ти повеќе учеше ова и ова, брат ти беше помирен, повеќе ја/го биваше, ова она и тука во очите на тие луѓе што се споредувани лесно може се промени, да почнат светот да го гледаат со еден вид завидливост, подлост и воља за докажување. Ова го имам анализирано со години, дури и во моето семејство затоа што немав брат/сестра ме споредуваа со децата на комшиите, пријателите, роднините, ама го надминав тој период и среќа не ми делуваше негативно, како што за жал најчесто делува кај поголемиот дел од луѓето.
Според мене ако децата се блиску во возраста е многу подобро, јас и брат ми сме разлика 15 месеци заедно си пораснавме никогаш не бев сама имав секогаш најдобро другарче до мене а и еве сега кога пораснавме сме ептен блиски и заедно излегуваме и можеме да зборуваме за исти работи едноставно цел мој живот си помина со него и не би можела да си замислам тој да е бил помал и тие години да не сме ги минеле заедно, како мали мајка ми сме ја побркале пошто и двајцата мали но ете сега и двајцата сме возрасни и мислам дека вака е подобро