Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална старосна разлика помеѓу две деца

Дискусија во 'Дете' започната од marija28, 21 март 2010.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Моите деца се година и девет месеци разлика. Со ќерка ми имавме многу проблеми за да се фати. Сакавме деца со мала разлика, и штом добивме зелено светло за второ дете одма се фрливме на работа. Мислевме дека ќе треба барем 5-6 месеци, не знам од каде ни се напика тоа правило во глава, за на крај јас да останам бремена на првиот роденден на ќерка ми. :D Не се намачивме баш. Децата се сакаат премногу, никаква љубомора не сме поминале, додека се дома играат заедно нон стоп. Не да не се каам, туку најдобрата одлука на свет ја донесовме. За тешко, не е тешко туку е папсувачка. Но, си вреди. :l:
     
    На Lolipop23, CurlyBlossomGirl, muchacha_a и 4 други им се допаѓа ова.
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Mozno e toa.Oti kako sto vikas i vo skolo ne sporeduvaa duri i nastavnicite,oti bevme mala razlika i ne poznavaa.A, ne negiram deka i vospituvanjeto na roditelite vlijae vrz celokupniot rezultat.
    Koga ke se navratam vo minatoto lesna im zemja na moite,no navagam i greski vo pristapot na majka mi i tatko mi kon nas.
    Nesakam da gi spomnuvam za loso,zatoa i ke se vozdrzam od ponatamosno pisuvanje.Ke se potrudam da ne se povtori istoto i so moite deca.
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    исти случај, е сега ќе видиме од јули како малата ќе го прифати новиот член
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас со брат ми сум разлика 1 год. и 2 месеци.
    Како мали се тепавме многу, ама па и многу си игравме заедно. Си бевме сложни, ама како што пораснавме многу осеќам дека сме различни. Јас сум избувлива, тој е смирен. Тој не знае да си го организира времето како што треба, за разлика од мене. Активен е навечер.

    Со сестра ми сме разлика 8 години и 6 месеци.
    Нормално е љубомора на почеток, ама сега не можам животот без неа да си го замислам.
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Многу е глупава генерализацијата за се и сешто, па така и за ова. Имам пишано на темава но со тек на време сфаќам дека идеална разлика нема. Не разбирам зошто повеќето мислат дека помала разлика е подобра кога еве повеќе членки се изјаснија дека и кај помалите деца се јавува љубомора, а и кај поголемата разлика децата знаат да се сакаат и дружат заедно.
    И јас и брат ми многу сме си играле заедно, а сме три години и кусур разлика.

    Многу зависи од карактерот на детето а уште поважно како родителот ќе се постави, како ќе му се зборува на поголемото, и како ќе биде воспитано.
     
    На snegulkata, joy1, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Spored mene e idealna razlika e 3 godini
     
  7. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Моите деца се разлика 3 години и 8 дена
     
  8. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Моиве ќе бидат 3години и 4-5месеци..зависи кога ќе се породам точно со второво.. Мислам ок разлика..
     
    На muchacha_a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnastasiaWinter

    AnastasiaWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Женски
    Јас по статии имам прочитано дека идеална разлика било над 4год., во смисла дека постарото дете ќе разбира и нема да чуствува љубомора, ама од свое искуство и од луѓето околу мене најбитно е компатибилност помеѓу карактерите и хармонијата во семејството. :!:
    Јас и брат ми сме 5 години разлика и како помали воопшто не бевме блиски. Бевме во различна возраст и различни работи не интересираа. Ама првенствено причината беше што имаме многу различен карактер. Сега како стануваме повозрасни сеуште сме такви - различни, ама се менуваат работите, се повеќе си се обраќаме еден на друг за помош и за поддршка оти сепак како и да е family comes first.
     
  10. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Моиве се 2 и пол години разлика. Мислев дека е океј оваа разлика во години. Ама сега се големиот 11, а малиот 7 и пол. Едниот пубертет го фаќа, ова другово па со неговите бубачки. Во фаза се кога ни се тераат ни се водат. Секој со своето.
     
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Моите здравје ќе бидат 3 год и 4 месеци разлика.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не постои ниту идеална разлика во години, ниту идеални години во кои треба да роди жената. Битно е бременоста да е посамувана и децата да ги научите на љубов и почитување мегу себе.
     
    На victoria, iki26 и mariz им се допаѓа ова.
  13. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Идеална разлика?
    Како што дал Господ или со други зборови како сакала судбината!
    Јас „планирав“ и сакав разликата да биде 3-4 години но проблеми со запослување, приправнички стаж и сл па така се направи 5 години разлика до следното забременување но ништо, не било пишано - го изгубив бебето во шестиот месец во бременоста, после 2 години пак се обидовме и повторно разочарување, ќерката веќе голема, ја разбра нашата мака и веќе не спомена братче или сестриче!
    Кога наполни 10 години, непланирано сосем случајно останав бремена повторно! Разликата меѓу девојчињата ми е 11,5 години! И тинејџер и бебе има дома! Прекрасно ни е! И јас и големата ќерка уживаме со бебето!
    Здравје, понатаму незнам колку ќе бидат блиски но секогаш настојувам да им укажам дека нивната врска е посебна, силна и нераскинлива, дека секогаш треба да се сакаат и почитуваат!
     
    На RainBow, Lolipop23, tincemajmunce и 14 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Татко ми и чичко ми се толкава разлика, секаде го носел со него, го шетал и се почитувале и сакале.. :) Само татко ми е помалиот, многу мазено дете... поради тоа малку грешки во животот направил... Мислам тоа треба да се пази во таа голема разлика... Сеуште се почитуваат, јас и сестра ми сме во супер однос со децата на чичко ми :)
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.314
    Пол:
    Женски
    Според мене 18 години. Сериозна сум.
    Со една нога во лудница сум, ако тргне и вторава... си велам подобро едно со здрава мајка отколку две со болна.
    Не сум јас за ова.
     
    На VedaG10, mariz, *Лорена* и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Моите здравје Боже ќе бидат точно 4 години разлика, па како ќе ни даде Господ така ќе се расправаме.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Моите се 2г и 7м скоро, среќа златни деца мирни ми се погодија, па за 3,4год во план ми е уште едно :lol: 25год имам сега, па таму на 30 да си родам уште едно :mm:
     
    На Sunshine_1979, zuto, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Добро утро Добар ден.
    Се мислев каде да го поставам прашањево а од вчера го мислам..
    Што мислите, колкава разлика во години меѓу деца е најдобра?
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.464
    Пол:
    Женски
    Мене ако ме прашуваш, кога ќе биде мајката најспремна за второ дете :) Според искуства од страна, гледам дека е многу индивидуално и повеќе зависи од карактерот на детето, отколку од возраста. Гинекологот мој вели од здравствен и психолошки аспект, најдобро е околу 2-3 години разлика да бидат.
     
    На ane.bella, sanja.burgundy и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    јас искрено сакам сега. би биле разлика 29 месеци .. но сакам да чујам и мислења ..
     
    На Chantal и NarCis@ им се допаѓа ова.