Ако си спремна, go for it Моите здравје ќе бидат нешто повеќе од 3 и пол години разлика, но да немав тешка бременост како првата, а испадна дека и втората е таква, би сакала и јас таква разлика. Мислам дека на ќерка ми ќе ѝ годеше порано да има братче или сестричка.
Moite se skoro godina i 7m. Dodeka bev trudna mislev deka napraviv greska, mi bese zal za sinot. A sega? Ne mozev da donesam podobra odluka.
Според мене 10 години или со едно ќе останам. Може сум слабак, ама искрено не сакам да се мрднам од умот, најсериозно.
истово ми го кажа една од маало што се сретнуваме. Со две дечиња е. Пред некој ден си велам замисли сега да сум бремена.. и одма жал ми паѓа за малиот. Дали доволно време ќе имам за да му се посветам како сега.. и ме јаде од внатре нешто.. мајка ми ми вели кога ме родила мене сестра ми воопшто не ја гледала. Се сама си играла. И тука одма ми оди са речам не бар дур не направи малиот 5 год.. не знам.. кажете сите што мислите. .
Моментот со жал го има и кај мене Ама искрено мислам и се надевам, дека доаѓањето на нов член ќе влијае добро на неа. Инаку и на 5год. и на 10год. детето може да реагира полошо, баш дека е посвесно тогаш. Брат ми пројавил тикови, ние сме на поголема разлика, а ќе речеш голем бил, не требало да има проблем. Ама пак ќе речам, индивидуално е.
Skroz netocno. Celo vrmee si igrame, gledame tv. Malata do nas u relaksator. Mislam deka i povekje si igram so nego od prethodno. Mi "pomaga" za cistenje, frlanje peleni, gjubre, alista diplenje itn.. Uste nekoj mesec ke se zaigruva i ona pa sekogas kje si bidat zaedno, blisku so vozrast.
Лили ако стварно сакаш уште едно дете не се мисли. Работите сами си се местат, не се секирај. Особено ако имаш помош. Јас и пред да се роди малата се обвинував дека не му посвтувам доволно внимание на син ми, а и сега секогаш се чувствувам дека се' некое ми е запоставено. А нон-стоп сум со нив. Мислам дека тоа чувство го има секоја од нас. Тешко е првата година, еве и две да речеме, додека е мало детето. Еве сега малата ми е две, големиот скоро 4 и можам да кажам дека ми е каде каде полесно. Си играат сами, многу се сакаат, си посветуваат внимание какво што јас не можам да им пружам колку и да сакам. Кога ќе се заиграат, расприкажат или засмејат меѓусебно ми се полни срцево до даска. Нема поголема среќа. Е сега, знаат понекогаш и да се закачат, ама не е често и е сосем природно тоа. Исто од помош е и што гледаат еден од друг и учат многу работи побрзо, сакаат да се натпреваруваат па јас го користам тоа за корисни работи и полесно е.
Жуто немам некоја помош. Мајка знае да искочи во пресрет ама кога не е на работа само. Спалната е зафатена спие дете ... ме сскате сеа го пратив сметки да плати за раат да размислам
Јас еве двеве ги израснав досега без никаква помош. Ни 5 минути ни 5 саати. Он нека ти даде, кај него е богатсвото
Таман една работа помалку ќе ви тежи за да се опуштите - платени сметки Загреј се слободно во дневна, второво е таму правено Инаку и ние сме без помош од страна, топ ќе биде, не се секирај
А тоа што уште сме под кирија тек после нг ќе се селиме во наше? финасиски како се снаоѓате пута два?? За 10 мин ако ме убедите ќе го праам ама бидете реални еј
Ние и двајцата сме невработени со маж ми. Тој работи сезонски (пролет, лето) зависи кога и како се снајде. Немаме сигурни примања месечни како повеќето што имаат. Кога работи, работи секој ден од сабајле до вечер, собираме и распоредуваме за цела година да има за трошење. ...не знам колку е убедувачки
Отплаќаме станбен кредит И плус сум на патолошка, 5 месеци земам 70% плата. Не ме чепкај, трудна сум, ќе се расплачам Инаку и ние бевме под кирија, и мм баш од таа причина не сакаше порано, ама само што се преселивме и се средивме, го седнав со убаво и... победив
Маж ми работи две работи. некогаш со месеци нема слободен ден. А тогаш кога нема работа на втората работа ептен ни е тешко финансиски. Од аспект на помош единствено помош ми е градинка кога сум на работа . Толку. А реално повеќе сме дома неголи во градинка со ова болештиниве .. И што велите сега вие неколку што пишавте? Да идам на второ сега или не?
За прво финанси повеќе треба. За второ нема ни да сетиш. Ако се одлучиш и бидне, нема назад. Само може да ве направи појаки и помотивирани за се'. Пак ќе речам, коцките сами се редат. Што и да одлучите, со среќа.