1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална старосна разлика помеѓу две деца

Дискусија во 'Дете' започната од marija28, 21 март 2010.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    (fingers) (fingers) (fingers) :hug:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.888
    Лили ајде дружи ме, иста возраст ни се децата, само што јас веќе влагам во 4ти месец па 2 год и 2 мес ќе ми бидат разлика :)
     
    На Lolipop23 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Абе трудна си ???? ајј не знаев. знаев само дека тука некаде сме породени. .. еве ме идам чекај ме хахаах.
     
    На wings му/ѝ се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Мајки,не се двоумете многу.Секако,ако искрено сакате.Моите се 6 години разлика,од една страна полесно,што колку толку самостојно е детето,но од друга тогаш ми тргна прваче,колку и да се трудев секако дека не можев да се посветам колку што сакав.Сега се заигруваат, се смеат,се гушкаат но знае големиов да рече,сакам да имав поголем брат.Јас сакав разлика 4 години таа ми беше идеална некако но ете кога сакаш не бива.
    Бај тхе веј,незнам ни јас како,бремена сум со трето,малите ќе бидат две години разлика,па тогаш ќе ви кажам што е подобро :).
     
    На gjoker4e, azelea и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Јас , сепак не би Лили, па ти си знаеш:rofl:.
    Децата сакаат грижа , внимание, посветеност и доволно финансиски средства.
    Ако даде господ, ненамерно, нека е живо и здраво, а свесно не .
     
    На eli25, m.i.g, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Како единка до 6.5г искрено и мајка ми вака мислеше. Ама мислам дека згреши. Бидејќи цело време беа посветени на мене, бев ептен повлечена некако, не сакав ништо да делам, ептен тешко прифатив друго дете дома. Во градинка ме праќаа демек да се социјализирам ама џабе. Ден денес мислам дека ми е одразено тоа, имам прилично тесен круг на пријатели ама за разлика од порано сум сменета, работев на тоа.
    Роди што порано, а вторите деца секогаш се подруштвени и покомуникативни. Брат ми е ептен отворен, секогаш дели све што има, ептен подобар карактер од мене и подруштвен. Сега после толку години мајка ми има заклучок, требаше да родам друго дете дур беше ти 2-3, бар 4 години :)
     
    На RAF Camora и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека многу зависи како ќе се постават родителите на едно дете. Јас имам другарка што е единка и подруштвена ја нема, се дели, една бонбона да е ќе ја скрши на пола да ја подели.
    Имам другарки што се по три деца па поголеми себичњаци ги нема....
    Родителите не треба да дозволат тоа дете да мисли дека целиот свет се врти околу него, дали има едно, две или три деца треба исто да се однесуваат.
     
    На m.i.g, azelea, Espadrila и 5 други им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека има толку големо влијание разликата во години и социјализацијата на карактерот на детето односно подоцна на изградбата на самата личност. Повеќе има влијание однесувањето на блиските односно на родителите поконкретно бидејќи децата ги копираат постапките на своите родители односно опкружувањето кога се помали. На пример разликата помеѓу мене и брат ми е 6 години (јас сум постар од него). Јас сум повлечен, мирен и одговорен додека тој е неодговорен , опуштен и мангуп. Ама тоа е поради тоа што тој повеќе поминуваше време со татко ми кој е ист по карактер како него, а јас бев воспитуван на војнички начин и поради тоа што татко ми ми беше одбивен поради начинот на воспитување и повеќе време поминував со мајка ми. И се согласувам со тебе дека туркањето на детето помеѓу други деца за да се социјализира е најголема грешка на родителите исто така и војничкиот начин на воспитување.
     
    На zuto, azelea и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас сум второ дете, па не е вистина за мене ова. Мислам дека не треба да се генерализира, сепак карактер си е карактер. :)

    Идеална разлика ми се чини дека нема, зависи од семејство до семејство и нивната подготвеност. Јас и брат ми сме две години разлика, не сме блиски, не сме биле блиски и секогаш сме имале конфликти. Дали од начинот на воспитување, дали премногу различни карактери сме, но близина нема. Не значи дека ако е помала разликата децата ќе се сакаат, исто како што не значи ако е поголема ќе е е полесно. Кога родителите се спремни за второ или трето тогаш е веројатно најдобро.
     
    На gjoker4e, Mishela, tina-63 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Па до некаде и кај мене е така :D Татко ми е така друштвен, брат ми ептен со него порасна дека мама работеше, а со мене кога бев дете не работеше. Она е повеќе како мене карактер, мислам дека сум ептен нејзина копија. Во право си, но сепак удел има и тоа, еве браќава наши имале некој од бебиња со кого растеле по дома :)
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Еве и ден денес се расправам со татко ми за тоа дека требало да внимава како се однесува кога сме биле помали бидејќи најчесто децата ги копираат постапките на своите родители. Сега мене ме обвинува бидејќи не сум го научил брат ми да биде одговорен. И знам дека брат ми поубаво ќе помине во животот бидејќи не се потресува за ништо (баш му е гајле). Инаку се сложувам дека нема идеална разлика во години. Треба да се внимава на тоа дали имаш доволно време да се посветиш и да се грижиш за тоа дете. Според мене ретко кој се замара со тоа колкава ќе е старосната разлика се се случува спонтано. Се сведува на начинот на воспитување на детето и доколку е погрешен џабе ти е после да обвинуваш некој друг за своите погрешни постапки.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Како бе Жуто второ нема да го осетиш? На почеток е лесно, трошоците се мали, ама кога ќе тргнат во школо? Па екскурзии, опрема, вонучилишни активности и курсеви...Па ќе дојде и факултет...

    Јас не би одлучувала во туѓо име, ниту би се мешала во одлуки. Секој си ги знае приориетите во животот. Можам само да кажам како размислував јас. Еве ова за @LiliBoz

    Сакав минимум 3 год разлика, за да поголемото биде очовечено, разумно и разбрано. Да немам две бебиња во исто време. Многу е полесно кога дете веќе не е во пелени, јаде само, зборува, се пресоблекува само...
    Друго многу важно беше да се стационирам добро на новата работа, зашто се вработив кога малата беше годинка, а претходно сѐ работев на некои замени. Плус и маж ми не работеше до пред една година, и ова можеби беше пресудно, да имаме уште една загарантирана плата. Кредити немаме, но не сакавме да зависиме веќе од никого. Сакам да можам без да се стискам да влезам во бутик или било каков дуќан и да си купам тоа што ми треба, а не само за детето. Со други зборови не сакав да се откажам и од своите желби и потреби. Многу полесно за оние кои веќе професионално одамна се оствариле и имаат добри примања.

    Но пак ќе кажам, немаме сите исти приоритети во животот, некој се задоволува со други работи за разлика од мене, на пример сака да трча по деца цел ден, што јас на пример не би :tmi: :D
     
    На gjoker4e, eli25, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Добро она мислеше за дур се мали. За големи не збориме. Сеуште не знаеме а и реално никогаш не знаеш животот што ќе донесе. Јас имам екстра работа. Но кога седи човек под кирија секогаш е малку нели? Сепак почнав ова да размислувам откако решивме да земеме стан. Сите мислења ги ценам и сум благодарна што одвојувате време да ми одговорите без разлика кој колку сака да троши и на што. Верувам дека ќе ми помогнете :*
     
    На eli25, tina-63, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Кога седи човек под кирија е хорор! Сум го поминала и тоа во помлади денови и без деца...На секој му посакувам да не мора под кирија :)
     
    На NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    @Kitten јас зборував за кога се мали. За до тука имам искуство. За понатаму ќе видиме, иако никогаш не се знае каде ќе бидеме за 10, 20, 30 години...

    Мене па децава ми се приоритет и искрено со план ни беше второто оти не сакав син ми сам да расте. Беше многу повлечен уште од мал и тоа беше една од причините за да се одлучиме брзо за второ. Рековме нека направи една година ова и ќе пробаме за второ, па кога ќе дојде нека дојде. Е, второто одма дојде.

    Сега најнормално дека секој си ја знае ситуацијата дома. Јас откако забременив со второто имав еден план и тргнав по тој план. По некое време го променивме планот и сега целам кон друго. Нормално, се за фамилијата. Мене па децата ми се далеку пред моите потреби и интереси. Ете, таква сум. Не дека се правам некаква жртва, ама сакам да им овозможам што поубаво и поисполнето детство оти јас сум го немала. Пишав и погоре дека не е најлесно, ама и тоа како мотивира и дава волја за освојување нови и нови цели.

    Како и да е, јас на Лили не и се мешам во есапот, одлуката си е нивна. Затоа и и реков што и да одлучиш со среќа. Мое беше/сакав да споделам искуство (кое засега е позитивно со две деца на помала разлика) оти она побара. Инаку никој не го оспорува моментот со поголеми трошоци на поголема возраст.
     
    На Macito007, eli25, tina-63 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Па и дури се мали, да не нема трошок околу децата? Пелени, АД, квалитетна храна, облека обувки, градинка, сакаш да го прошеташ, дете не се чува само дома, сметки, а тешко на тие со кредити картички и.т.н, удри пута два на се ова ќе видиме дали се издржува со еден вработен, а камоли двајцата невработени. Можеби може, ама стегнат за основните потреби, камоли за друго, што реално јас, не би дозволила да ги изложам моите деца, а и самата себе, а да дојде ред да зависаме од други финансиски попрво Вардарон да го фатам.
    Потполно се согласувам со Киттен и јас не би сакала да живеам живот затворена дома и да трчам по деца 24/7 , едноставно не би дозволила децата да имаат незадоволна мајка, што верувам дека би се одразило и на нив.
     
    На eli25, azelea, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Лили моите се точно две години. Почетокот е тежок, дур слегнат работите. Мене првите неколку месеци ме изеде грижа на совест зошто му го скратив времето и вниманието на големиот. Но тоа е толку, работите спласнуваат, хормоните се смируваат :D и се си доага на свое место. Најважно е и таткото да е рамноправно активен и според мене нај нај важно децата да не се одвојат, посебно во почетокот.
     
    На gjoker4e, eli25, tina-63 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Ух @LiliBoz и мене во последно време ме мачи ова прашање,ама најбитно е ти како се чуствуваш.
    Малата ми е веќе 3,5 години и сакав некаде 4 години да ми се разлика најмалку ,баш од таа причина што сакав да е посамостојна ,поразбрана и ете дојде и тој момент ,а јас се некако не можам да се решам на тој чекор,а мм сака и ќерка ми исто,секој ден ми бара сестриче или братче:D.
    И мене најмногу ме кочи тоа што уште сме под кирија,баш периодов и работата на мм е под знак прашање,исто сами правиме се,немаме помош од никој тука ,сите се подалеку,затоа и сакав малку да порасне за да родам второ,а секако дека во план ми е да раѓам,не сакам да биде сама,освен нели не дај Боже да имам здраствени проблеми.
     
    На eli25, LiliBoz, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    За финансиите, ќе кажам дека за жал, секогаш ќе бидат проблем. И ние ги имавме со моите, и дојдоа баш кога брат ми почна да студира. Беше претешко, особено што моите не сакаа да ни ускратат од ништо, особено не од образование. Сакам да кажам, секако ќе биде тешко, дали со поголема или со помала разлика. Сѐ уште сметам, дека е најважно родителите да бидат психички спремни, особено мајката. И се разбира, колку што можат да проценат како би влијаело тоа на нивното првородено дете.
     
    На eli25, zuto, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Ако ова ти помага внука ми е 6 и ненормално го чува син ми. Толку одговорно се однесува не смее малиов ни да падне ни да се повреди кога е со неа . воопшто не е љубоморна и не се лути кога и зима играчки. верувам дека сепак е до детето но бидејки и внука ми и твојата се во градинка од ептен мали мислам дека таму имаат стекнато навики да делат. .
     
    На azelea и NarCis@ им се допаѓа ова.