И мојава така се однесува со помали бебиња, конкретно со детенцето на најблискиот другар, една година е и многу е нежна со него, го пази кога си играат, му дава играчки, па му се обраќа"чекај дада ова, дада ќе ти даде" многу е смешна и само го бара да дојде кај нас или ние кај него . @NarCis@ тоа за финансиите е така, тие секако ќе ни бидат потребни секогаш и никогаш не се доста нели, но психичкиот момент е најбитен, мислам дека во оваа состојба сега не се чувствувам подготвена, си давам фора уште неколку месеци да се средам за таква одлука .
Imam dve kerki,razlika 4God. Da go vratam vremeto nazad bi gi rodila da bidat 2god. Kolku i da se razlicni karakteri, temperamenti, sepak blizinata so godinite ke si go napravi svoeto ,a so toa i interesite i druzenjeto. Vaka imam tinejdzerka vo svoj film, i dete koe vleguva vo pubertet, i ne gi razbira uste bubackite na prvata .
Ако чекавме финансиски да се стабилизираме, ќе требаше второто на 50год. да го раѓам. Ти види си што како, и кога ќе бидеш спремна, пиши ни овде за да те бодриме
Финансиски никогаш не можеш да се стабилизираме онака како што всушност треба, но основни средства се нужни и неопходни, со двајца невработени или еден вработен, па и тој со нестабилна работа и плата не се гледаат деца. Детето не прашува дали имаш или немаш кога му се ручка или кога ќе го наполни памперсот. Со еден вработен се издржува ако има убава плата и стабилна работа, за жал кај нас тоа е реткост. Порано со една плата и куќи се правело и по одмори оделе, а сега не можеш да истераш до пола месец.
Моите се разлика 3 години и 3 месеци. Потешко е дека близнаците се уште мали 8+ се, и им треба целосно внимание.Големата веќе гледам почнува да формира некој нејзин карактер и полека-полека да се оформува како личност,иако сеуште е мала. Ама треба коњски живци да се има
Помала разлика е поубаво. Ако се може, нормално. Моите се разлика 2 години и 11 месеци. Не сакам голема разлика.
Mozebi 4 godini.Neznam. Mojava e 13 meseci za vtoro voopsto ne razmisluvam. Kako sto mi ja izvadi dusava prvoto ke vidime za vtoro hahah. Si mislam koga potporasne da pospujam malku I da odmoram.
Мојата ќерка е 7,5 години , единка е се уште.. Разгалена е , на моменти душата ни ја вади и навистина се мислам како би било со друго дете. Од друга страна не би сакала да е сама , јас имам брат и не се осеќам сама многу сме поврзани, поготово сега кога ќе ми дојде на гости сум пресреќна Може со братче или сестричка па ќе се смири на крај краева Се си мислам по толку убедувања од мм дека наскоро ќе се одлучам за второ
И да се одлучиш, зашто јас сум сама и денес не можам да и простам на мајка ми што абортирала 7 години после мене, сега брат ќе сум имала. Најголема казна за човек е да биде сам. Да си родиш уште едно и да не чекаш.
Zdravo majki ke ve prasam sto mislite koga e idealno vreme za vtoro bebe jas imam bebe 1 godinka e i me macat misli koga e najdobro za uste edno ako se 2 godini razlika ubavo za decata no tesko za mene ne se stasuva bez pomos ako e poveke 4 ili 5 pa za decata nemalo da se slozuvaat a na majkata golemoto le pomaga ... sto mislite?
Децата ќе се сложуваат во зависност од тоа дали родителите ќе работат на тоа, а разликата во години, нема никаква улога. За идеално време, идеално е кога ти ќе се чувствуваш способно и сигурно за второ. Некој е спремен порано, некој подоцна.
Jas mislam deka deluvaat godinite na slogata bideki jas so bratmi sne 10 godini razlika si se sakame ama imame razlicni razmisluvanja i interesi i poradi toa ne se druzime mnogu pa spored mene ubavo e razlikata da bide 2 godini no spored toa jas sega bi trebalo da ostanam bremena a ne se cuvstvuvam spremna imav tezok poragaj prvo od toa mi e strav pa potoa tesko e za gledanje duri da potporasnat bez pomos
Јас лично никогаш не сакав многу мала разлика кај децата. Пред да родам мислев 3, откога родив мислев 4 а моите ќе бидат повеќе од 4. Дали ќе бидат блиски или не мислам дека зависи од домашното воспитување, а од примериве околу мене ми изгледа дека и полот игра некаква улога. Од мојава генарација на пример некако најслаба поврзаност забележувам меѓу браќа и сестри. Секако дека тоа зависи од случај до случај ама генералниот впечаток ми е тој. Многу сакав(м) ќерка ама никогаш немам запознаено брат и сестра што се толку блиски како два брата или две сестри (ова во подоцнежни години, не како деца). Не знам уште второво што ќе биде па кога ќе имам некакво искуство ќе пишам Инаку идеална разлика е за секого различна бројка, ако воопшто постои таква. Која и да е таа добра е кога сте спремни психички и физички.
Јас и брат ми сме 7 год. разлика. Различен пол, голема разлика, а сме многу блиски. Отсекогаш. Да, сме се карале, и како деца, и сега како возрасни, ама тоа е составен дел животот. За нашата слога единствени заслужни се нашите родители, кои работеле на тоа секојдневно. Такви работи не препишувам ниту на полот, ниту на разликата во години.
A ne moslis deka razlikata vo razmisluvanjata deluva ne samo roditelite kako vospituvaat kako sto kazav se sakame so bratmi no 10 godini pa i 7 se mnogu i dodeka brat mi razmisluva za uciliste prva devojka simpatija koga ke se vidime me tera da si igram igri so nego a jas glavata ne znam kaj mi e so dete malo .... jas si imam svoi problemi i dete semenstvo i nemozis da se razberis megusebno jas ne mozam nego da mu raskazuvam za moeto sekojdnevie a jas nego ke go islusam ama ne e interesno nemas zaednicki muabet
Ете сама си кажа. Неговите проблеми не ти се важни, односно сметаш дека твоите се "вистински". Кај мене и брат ми не постои тоа. Ако мене ми е тешко, колку и да е банално тоа за него и поминато, тој е тука за мене да ме ислуша, утеши и помогне. Нема поголеми и помали проблеми кога се работи за семејство. Јас пак мислам дека не сте изградиле однос, штом си со вакво мислење.
Маж ми и сестра му се 11 години разлика и се премногу блиски. Никогаш не се карале и без приговор секогаш си помагаат без разлика дали е ситница или крупна работа. Ваква блискост првпат гледам меѓу брат и сестра. Со брат му се па 4 години разлика и се многу подалечни. За разлика од нив јас имам двајца браќа, едниот година дена постар од мене, а другиот 10 години помал. И двајцата како да не ми се браќа. Никаков однос. Моите деца се машко и девојче и се нецели две години разлика. Многу се мали за да носам заклучок, ама досега се многу поврзани и повеќе си играат и не можат еден без друг отколку да се караат. Нема некои правила, иако мое мислење е дека многу голема улога играат родителите и нивниот пристап кон децата.
Имам пишувано на темава, дека сакав 3+ разлика помеѓу деца. Точно 4 години се разлика. Можеби сеуште е рано да кажам бидејќи малата е уште бебе, но првиве три месеци ги поминавме хаотично. Големата е љубоморна, разбира сѐ, го сака бебето и му дава нежност и внимание, но пак е сеуште мала да си ги контролира емоциите. Желна е за внимание, бидејќи сега мора да го дели со сестра ѝ, нервозна е, плачлива и инаетлива. Затоа од овој аспект би рекла дека идеална разлика нема, важно е родителите кога ќе бидат спремни психички, физички а и финансиски. Радосна сум што се две сестри, имам дојам дека оваа комбинација најдобро се сложуваат во животот, помеѓу двајца браќа тоа не сум го видела. Од односот брат-сестра, повторно од личен впечаток, мислам дека подобро се сложуваат постарите браќа со помалите сестри. Значи старосната разлика ќе ја отфрлам како причина за согласување/несогласување, и само би го додала и влијанието на родителите како фактор.
Pogresno me svati sakav da kazam dodekaj jas sum zafatena so dete cistenje jadenje toj bara da igrame igri i jas pak za da ne bidi navreden ke skubnam vreme pa ke mu go napravam kevot i go islusuvam i ke go ucam kako da postapuva vo zivotot i se a toj mene ne mozi zaradi sto e mal za da gi slusa moite raboti a ne pa da gi razberi znaci samo toj go dobiva toj odnos jas nemozam da dobijam sovet i razbiranje od 12 godisno dete I dali brati koga imal 20 godini a ti 13 ti raskazuval za negovite problemi a ti si go sovetuvala sigurno ne ..
Јас сум убедена дека односот зависи од родителите и воспитувањето. Споделив каков впечаток имам добиено од околината, што ниту значи дека е така, ниту дека е правило. Од моево видување на блиски примери впечатокот ми е дека две сестри (возрасни) се најприврзани од другиве комбинации како што рече Китен погоре.. Е сега додека се помали полот и малата разлика може да игра улога во смисла слични интереси и начин на поминување на време ама за возрасни луѓе мислам дека не игра некоја улога, впрочем како во примерот на твојот сопруг со неговата сестра. Се сложивме сите дека идеална разлика не постои. За мене таа е секако поголема од 3 год, за некој друг и 2 год.е премногу. А силно изградени семејни врски не се раскинуваат ниту разлабавуваат -ни поради возраст ни поради пол, нели кон тоа сите тежнееме и на тоа работиме.