А за тоа ли само служат браќата и сестрите? Советување? Однос се гради со години. Себично е размислувањето дека не добиваш ништо од него, односно советите. Добиваш љубов и почит. Сѐ друго е неважно.
Се согласувам. Стабилни семејни односи и карактери на родителите многу влијае на карактерот на децата и на односот меѓу нив. Јас за мојот случај знам дека не е до нас како деца, туку е до нашите родители. Само две години од животот бев блиска со брат ми, а тоа беше кога живеевме одделно и кога нашите родители немаа контакт со нас двајцата. За други не можам да тврдам, ама за својот случај знам.
Vidi vaka znaci jas ne se zalam na mojot odnos so bratmi napomenav deka ljubovta sakajneto bliskosta ne ni fali dusa bi dala za nego se samo pogresno sakas da svatis Velam deka dokolku bevne pomala razlika uste pobliski ke bevne
Ех, ми ја погодивте темата... не ни знаев дека ваква тема постои. Малата ќе биде точно три години кога ќе се роди, братчето/сестричето (уште не се знае полот). Ме фаќаат паники, помош!!! Се плашам од љубомора, се плашам погрешно да не постапам, па поголемата да не се осети запоставено... не сакам детството и вниманието да и го кратам со муабетот - ај поголема си ти. Се плашам да не не сака в градинка да оди од љубомора што бебето ќе останува дома. Се плашам да не бара да цица како бебето. Како ќе спие ноќе кога ќе плаче бебето. Се ми се врти во главата, верувајте. Сега за сега, детете ко дете, си има денови, ама во принцип е послушна, мила, грижлива. Се надевам со бебето нема да и се смени карактерот. Сакам да ги учам да се сакаат, да се почитуваат (јас сум единка, ни јас, ни мајка ми има искуство ), да има рамнотежа, еднакво внимание, ферски одлуки, праведност меѓу двете деца. Само утешете ме дека се ќе биде во ред, хахаха, и се надевам дека малку претерувам со стравовиве.
So sreka moj sovet ne mu ja misli tolku gledaj kolku ke mozes i ti i soprugot na dvete deca iskazuvajte im ljubov i se ke bidi vo red
Моите се 2г и 6м и очекував хаос јас Но одлично си ја прифати сестричката, не покажа некоја страшна љубомора, особено на почетокот... многу убаво ја прифати. Прифати дека цица од мама и не правеше проблем за тоа, мислев за тоа да не се буни дека нели бебе нонстоп кај мама во раце, но за ова го учев пред да се породам (дека бебето само млеко пие од градите и ништо друго, за да не и дадеше да си касне нешто) До ден денес ме прашува за било што, дали ова смее да јаде Сара? И ништо сам не и дава. Јас давав да ми помага во се, да учествува во било што и ни еднаш не реков НЕ, немој, пази! Само ако нешто правеше што не треба со други зборови знаев да му одвлечам внимание или нешто да го заиграм. Домашниве повеќе се тресеа кога беше околу неа и му викаа немој, пази.. а тоа највеќе го нервираше, но не се истураше на мене и бебе, туку на тие што му правеа така. Баткото не оди во градинка, дома со мене се, сами сме цел ден, играме, шетаме, сега малава е 9м и нонстоп се на земја заедно. Знае да не и даде нешто некогаш, но поголем инцидент не сме имале... Заедно се во соба, спијат само во посебни кревети, малава знае да заплаче, но јас лесно спијам и одма станувам, па бато не го буди Многу си ја сака, си ја гушка и бацува, а во маркет или било каде, ке го прашаат: Ке ми ја дадеш сестричкава?, многу е убава Неееее вика и се фрла во количка, одма ја гушка да не му ја земеле За понатака ке видиме, он е ептен грижлив, мирен, она ми изгледа на џамбас и уште сега го закачка Па затоа ке видиме и како ке биде кога ке пораснат А за тоа ти си поголем, никогаш не сум го употребила и нема да го употребам... и двајцата ми се мали, па некако не ми доаѓа да го употребувам Плус јас поголемата сум, па сум се нервирала така кога ке ми речеле, па нема да го користам од искуство ич Патем честитки за бременоста, со лесно да си ја истераш
@mariz фала на споделеното искуство и советите. Многу ми значи кога ќе слушнам убави работи. За жал има будали што ми велат дека не можело да се сакаат двете исто. Секогаш се имало милениче меѓу децата. Се ќе слушнеш...
Ова ми е нај јако. И нормално невозможно. Деца се сакаат исто, се дели љубовта на 2,3,4... Моето ќе има 2 год и 1 или 2 месеци кога ќе се роди второво. Ич не размислувам дали на едното нешто ќе скратам, дали ќе има љубомора, дали ќе се снајдам и сл. Ќе се справиме со се што треба, ќе ги растам заедно и успат ќе решаваме проблемчиња. Јас повеќе се секирам како ќе се осеќа малиот кога ќе отидам на пораѓај, без мене сам само на тоа мислам а она другото што следи со 2 деца, спремна сум
Здраво мамички ..многу сакам да имам второ дете и исто така многу се плашам...првата бременост ми беше добра со малку компликации,примав клекссни имав скриен шеќер и многу слабокрвна бев...првите месеци бев како болна. Сега се плашам да не се осеќа зспиставено моето синче сеа..мада би се трудела воопшто да не осеќа така ..во фамилија моја се десија некој абортуси и загуба на бебе . Вака не сум се плашела за првото но се нешо во глава ми се врти дали ќе ќе биде се во ред ...имам тумор на градата јас не е опасен... Ми рекоја дека не е страшно немало потреба да се вади. ...па се нешто ми се врти во глава ....мм многу сака ептен е дечар ми вика сакам уште две деца да имаме што мислите вие за ова има некој како мене вака? незнам зошто вака страв ме има фатено за бременоста како ќе се одвива
Ова и не енајсоодветно прашање за оваа тема, но секако најдобро би било да се консултираш со матичниот, или/и друг гинеколог во кого што имаш доверба и да те советува. Можеби пред да пристапиш кон забеременување треба да преземеш одредени мерки, а и да се инфрмираш за сите можни ризици и евентуално терапија која би ја примала, па да одлучиш. Со оглед на состојбата утврди дали би добивала соодветна помош од околината во однос на првото дете во случај да треба да мируваш. Само и само совет од стручно лице ќе ти биде од полза при донесување на одлуката.
Мајче за проблемот кој го имаш со градата треба да се консултираш со лекар. Инаку ... Ако бременоста не пречи...слободно ич да не му ја мислиш. Јас имав еден спонтан во 5 месец, после родив живо и здраво детенце со мноогу проблеми во бременоста, едвај го износив. После од страв неможев да се решам за второ. Поминаа 8 години, родив уште едно фала на Бога, полесно здравје. Нема правила со бременоста...секоја бременост е приказна сама за себе.
Кај мене се 2.5 години. Не викам дека не е тешко, ама како што расте малото се поубава е атмосферата дома. Едвај го чекам моментот кога ќе почнат заедно да играат...
Уште не почнал да љубомори? Да не те плашам ама синко ептен убаво ја прифати малата, ама откако почна да лази и да му ги зема играчките и да му растура многу и се лути и ја тепа...
Не... Му зема играчки, не се противи многу, прави комбинации, ако му зела нешто што сака, и го зема и дава друго... Засега е така, ќе видиме понатаму како ќе е...