Ќерка ми со втората ќерка се разлика 8 години. Имам пишувано во др теми овде, ама на почетокот кога си дојдовме дома почна многу да љубомори. Јас се изненадив , мислев голема е и дека нема да прави така. Беше ко изгубена , ја гледаше со презир , ми беше страв да ја оставам сама со бебето да не му направи нешто. Не правеше муабет на никој (поготово на мене) се повлекуваше во другата соба, плачеше , многу ми беше страв да не потпадне психички.. Помина некое време, почнавме да и даваме внимание повеќе на неа (бебето и така е мало не разбира нели) виде дека не се сменило ништо кон неа и смени однос на старо. По некој месец пак почна да ја фаќа љубомора ама за брзо и пројде. Сега за сега е ок , ми помага доста ма да не знам што да очекувам некогаш, момент е тоа секогаш може да се јави љубомората. Идеална возраст мислам дека нема. Две мали деца со мала разлика е тешко за родителите поготово ако се нема помош , ама од друга страна двете заедно растат, па повеќе се дружат во детска возраст , си играат. Јас и брат ми сме 14 месеца разлика и и било тешко на мајка ми ,бидејќи била сама и немала помош, ама јас и брат ми сме многу блиски и постојано сме си играле заедно. Сум љубоморела ама поголема кога сум била, кога ме карале мене и сл за поголема разлика- едново дете колку толку е пораснато, само си ги исполнува некои од обврските , но ете некогаш се јавува љубомора , а и тешко дека ќе играат заедно моиве, кога малово ќе има 3-4 години, големата ќе влегува во пубертет па други муки тогаш за мене кога би ги вратила назад годините, не би чекала толку, ете 4 години можеби би било најидеално
Ние со брат ми сме разлика 2 години и 10 месеци, од секогаш супер сме се сложувале, никогаш не се тепавме, никогаш не се каравме, заедно си игравме, заедно се капевме до 10,11 години, тој убав однос остана и сега исто. Јас сакам исто толку да се и моите хаха рано е уште за второ, ама повеќе од 4 год не сакам да се разлика. Е сега здравје и дедо Боже како ќе сака
За мене лично поголема разлика е подобра. Синко кога ке наполни 4 би размислувала за второ. Сакам синко да порасне и да е самостоен, па тогаш да се посветам на второ. Ама тоа е многу индивидуално. Многу мои другарки велат дека сакаат 'на едно' да ги израснат и двете и после да одморат од пелени и плачки. Имам другарка на која децата и се мала разлика, нема ни 2 години. Плус игра улога на колку години ке станеш мајка. Јас на 25 го родив синко, па имам време до 30 да родам и второ. Ама, да родев на 32 години, мислам дека не би чекала толку.
И јас сакам поголема разлика ама уште малку правам 30 години, а сакам 3 деца Ова ми е уште малечко 5 месеци е, плус царски сум. Се плашам постара да раѓам
Идеално би било да си имаш близнаци. Јас сега се плашам дека ако останам бремена нема да можам глава да дигнам. И сега едвај имам време да седнам, а не пак со две. Плус за кратко време ке се преселиме и ке сме сами.
Леле многу сакам близнаци и тоа од скоро. Јас сум сама 3 месеци (повремено си доаѓа маж ми) и едвај издржувам, па второ не доаѓа во предвид додека не се средиме со бизнисот и нов поголем стан. А не знам што ми стана осеќам некоја носталгија и стално ги гледам сликите и видеата од малово кога бевме во болница. Не ми се верува со која брзина растат.
Чекај да видиш како ке ти е кога ке наполни една година. Се натажив кога се освестив дека времето летнало и немам веќе бебе туку дечко. Паника ме фати а се немам одделено од него, освен по неколку часа за излегување, ама не одам на работа, 99% од времето сме заедно.
Ова не е до разликата туку до карактерот на децата. Јас со брат ми се 2 1/2 години разлика и никогаш не сме биле блиски. До пред 10 години не можевме ни муабет да направиме без да се искараме, сега може да седнеме да разговараме, ама ставовите ни се дијаметрално различни за многу работи. А не сме биле делени, исто одгледувани, исто насочувани од родителите. Јас на 33 првото го родив, не се сеќирај имаш време. Додуша плановите не секогаш излегуваат како што треба, ама бар да се осериш спремна физички и психички.
Две деца имаш или уште не си се осудила? Мајка ми ја роди третата сестра на 35 и многу тешко помина и веројатно од таму ми е стравот. А и на тие години (13 бев) си мислев дека 35 е стара веќе Јас со пцос сум и со ова не знам како забременив чиста среќа беше и си постои стравот. Не сум спремна ни психички ни физички ама овие денови само на ќеркичка мислам 
Јас бев спремна уште малиот кога беше 9 месеци. Е мм не беше како он да ќе го раѓаше. Ама кај нас и заради исроријата со мали малку имавме психичка кочница. Кога конечно се договоривме да си земам од замрзнатите (со ивф ми е синчето) се случи корона и сега сме на мисла што да правиме ради ситуацијава
Барем 3 да направи јас би чекала.. Сакав и повеќе да чекам, и јас на 25 го родив ама некако лошичко е 6 7 години разлика, ова во школо ќе оди јас со бебе пак да се занимавам не би некако. Сепак, на крај ние можеме да си планираме до недоглед, ама кога треба да биде ќе биде. Јас со брат ми сум скоро 9 години разлика, а моите пробувале за второ бебе од кога јас сум имала 2. А јас одма сум се закачила. Нема правило
Моите се разлика 6 години и сега за сега е супер големиот е посамостален нема проблем нема љубоморни сцени дури напротив сака многу да ја гушка и трча одма кога и да му речам нешто да донесе за неа ☺ во врска со годините не се плаши млада си јас поради сплет на околности ги родив на 33 и 39 така да уживај со малото брзо растат, таман имаш време ☺
Се е индивидуално,кој како си се осеќа.Јас сакав поголема разлика од секогаш, најмалку 5 години,еве сега кога ќе се породам точно шест ќе бидат разлика.Првата ја родив на 30 ,сега ова на 36,ама не жалам,сакав да и се посветам плус и сами сме овде немаме никаква помош, родителите ни живеат во други градови. Мислам дека со оваа разлика нема да ми е толку напорно со големата бидејќи е веќе во многу работи самостојна,разбрана иако и со неа ќе имаме други обврски дека тргна во школо,а сигурна сум дека ќе ми помага ,барем до вц да идеш на раат. А дека растат со брзина на светлината е точно,цело време си ги гледам сликите и видеата од бебе и си се лигавам
Не постои идеална разлика, постои идеално време кога ќе одлучат родителите. Јас и брат ми сме 6 год. разлика, јас сум мажена и со дете па секогаш ќе ми биде најблизок. Многу сме блиски се надевам дека и кога ќе се ожени така ќе останеме. Син ми е 4.6 години, оваа година бев спремна за второ ама со вирусот не се нафаќам да одам по болници, да сме живи и здрави понатаму. Јас никогаш не сакав мала разлика мегу децата. Јас сакам посветување на дете до деталче, а со две и повеќе мали јас не би можела сама затоа што мм постојано работи, тешко ќе биде дека сама можам да се посветам на пример едно 1 год друго 2 или 3 год. Вака на син ми максимално се посветувам и уживам во тоа, затоа што знам дека брзо растат и еден ден многу ќе ми фалат неговите рачиња и неговите барања, па дури и навечер кога беснее и тоа ќе ми фали иако сега на тоа гледам како на кој знае каква мака.
Јас на пример сакав да ми се помала разлика, така си имав замислено дека ќе ми се најмногу две год разлика. Ама еве второ неќе да се фати неколку месеци, па нема да бидат толку, ќе бидат поголема разлика, зависи кога ќе се фати второто. Затоа никогаш не може да се планира, едно се нашите желби, ама можностите се поинакви.
Јас кога бев на скрининг кај Димчев низ разговор му спомнав дека целава ситуација со коронава ме плаши. Јас кога останав бремена имаше по 20 случаеви дневно и сега со + 1000 ме фаќа паника. Рече да не се оптеретувам со тоа. Да внимавам да, но дека трудниците што имале корона сите биле со лесни клинички слики и нема опасност по плодот. И ми олесна малку Инаку моите ќе бидат 3 год и 10 месеци разлика.
Нема идеална разлика. До децата е мислам. Како треба да биде ќе биде. Јас сакав 4 години разлика но биднаа цели 14 години. Синко го родиво на 22 . Млада бев и сакав 3 деца. Едно до кај 4-5 разлика и едно на поголема разлика од првите две. Но дедо Боже сакал вака едно на 22 друго скоро на 37 да го родам. Не се жалам Супер лесно поминав и со двете. Дури ова н 36-37 полесно. Со дијагноза неплодност после спонтан пред 7-8 години кога родив има Господ и вака сакал да биде.