7 години разлика се, ниту еден еден не бил љубоморен, ја чува, ја мази и пази од првиот ден кога дојдовме дома. До ден денес, 16 ипол месеци ја чува како капка на длан, премногу ја пази дури понекогаш бетер и од мене, му имам поверение оти си го знам детето. Многу ми помага, многу. Немам зборови едноставно.
Ќерка ми е 2 и пол години, синко 4 месеци. Првата недела бајка, премила беше со бебе, арно ама кога виде дека не планираме да го вратиме бебево почна лудилото. Го ќошка, шутира, фрла работи кон него ама ако заплаче кога го облекуваме јас или мм/свекрвата/мајка ми тогаш тешко нас. Дополнително по цел ден врискање, фрлање по земја за секаква ситница, мамо јас сум тажна и дремење в ќош по цел ден.. Кога ќе помине незнам, фала му на Бога имам помош па не сум сама по цел ден со двете, 2 недели се правев силна дека ќе терам сама ама ќе полудев... Е сега претежно тежок дел од денот ми е од 8 до 12, после тоа ранам деца и на спиење па спремам ручек, пијам кафе, одмарам. Малово пак строго в раце е, Кенка и квичи веднаш штом ќе го оставам, а па и по ново се врти па несмеам 1 Секунда да го оставам сам. Големо олеснување исто ми е што ноќе си спие бебе, се буди само 2 пати за цицање и заспива. Многу внимание им треба на двете, гледам да не ја карам ќере, пошо очигледно детето пати, не и е воопшто лесна ситуацијава. Ама искрено период е, ќе поминат и овие 3 години па ќе функционираме поопуштено
Кај нас малава е љубоморна на поголемава,ако ја држам поголемава во раце ја турка со нозе и вришти,наутро кога ќе се разбудиме ме трга за коса да не лежам со поголемава и по сто пати на ден нејзе ја тепа и трга за коса. Ни видела ни ништо ама лошка е.
Од бебе со душа ќе чекав да ја заспијам за да и се посветам на поголемава. Ќе плачеше и не спиеше воопшто ако не ја земев во раце. Се чудев кога велеа бебе заспива па играат се гушкаат со поголемите.
Кај мене поголемата е многу љубоморна, а малово е уште мало бебе, не разбира. 3.5 години се разлика. Поголемата ја кубе за косата помалата, носот ѝ го затнува, ѝ брка во очи со прстот, во уста ѝ брка. Еднаш земала перница и сакаше да ја стави врз главата на бебе. Не можам секунда сами да ги оставам, ми е страв. Многу ѝ зборуваме, ама џабе. Многу е инат. Кога сакам да ѝ се доближам, бега од мене. Понекогаш сум на мака од неа
Јас многу се плашев од вакви работи оти поголемата си е со "карактер"ама не. Супер успадна.Бебево ме изненади. Јас сега почнав да ги оставам сами за до вц.Ни секунда немој. Година и 6 месеци е.
Понекогаш, ама само понекогаш е мила. Сака да си лежат во креветчето заедно, ја гушка, бакнува. Ама во најголем дел од денот е како некој волк. Малово навикнато на малтретирање и не се буне
Исто. Али сега е поголема и подолго се заспиваме, па големата воглавно со татко ѝ се прават. Дури и домашна не сака со мене да пишува
Моите се со мене прават и со никој друг. Поголемава го обожава татко и и само тоа.Оди кога си иди од работа,го гушка се радува неколку минути и готово. Вели"ваква мајка никој нема" И на кафе можи со него да оди ништо друго.Немам смена ни 5 мин.Беба само ќе го бакни и бега Сеуште ја заспивам беба првин па поголемава.
Тоа ќе биде изненадување. Додека не се случи никој не може да предвиди. Најбитно е вие како родители да сте што повеќе информирани и да го спремате детето за доаѓањето на новиот член. Уште побитно откако ќе дојде бебе никогаш да не викате или да тепате дете или да употребувате зборови или да правите потези со кои детето би се чувствувало неубаво. И како и да биде да знаете дека ќе помине па битно е како ќе се сеќавате на тоа и да не се каете за некои зборови и постапки.
Се спремаме сите, додуша синко најсериозно ја сфаќа мојата бременост, понекогаш и јас може да заборавам он одма ме потсетува "Мама, не се уморувај, јас ќе ти донесам/исчистам/и др." Знае од кај идат бебињата, и дека тоа исто ќе ни биде дете, ќе живее со нас и ќе го сакаме и гушкаме.. Во една прилика од околу го прашувам дали не е малку тажен шо ќе мора да дели сѐ со сестра му, и изненаден ми одговори: Не! Зошто би бил!? Сега за сега е нестрплив да има друго дете по дома ама ќе видиме за некој месец инаку јас сум единка, не ги разбирам многу братско-сестринските односи, само знам дека не е добро да биде единец
На колкава возраст на детето е наидеално да планираш за второ ако немаш помош од други а дете е енергично? И се плашам шо ако кога ќе се одлучам нема да можи да фати, со првото многу се чекаше да се случи.
5 и 7 год. До две и пол години беше страшно, значи по неколку станувања ноќе за онака, да си седи и игра. Сега тешко заспива и обавезно ноќе станува еднаш, дали за вода или да мочка, па ако нема никој до него не бара, вика низ станот. Ама супер е вака, кути трај.
Не чекај, и сега и утре првото ќе си е енергично. И ќе ти биде тешко, да не се лажеме, ама само додека се навикнеш. Ама ќе се смени првото, некако побрзо растат кога има бебе дома. На децата не му е ништо поважно од спомените со родителите. И така не се замарам каква ќе излезам од дома, нечешлана, недотерана. Знам дека ќе помине, за две три години.
Кај нас ќе бидат 3г и 4 месеци здравје разлика. Малава нема ден да не ме погали по 30 пати за меше, само зборува како ќе ми носела памперс и ќе тропкала со тропки за да не плачело бебето, само ја гледа на сликите од ехо и вели многу е слатка и бацува.. ухх само да не се смени.
Моите 3год и 8м разлика ќе бидат здравје. И ние исто,само доаѓа ме гали,му зборува на бебето. Па кога ќе пораснело,кога ќе се родело,он ќе го чувал. Ама да не ми го сечат стомакот за да се роди па му текна, ај утре да одиме кај доктор "станка" неговата матична,да видела дали е машко или женско. Мене ме плаши љубомората и како ќе ја поделам љубовта на два дела...се надевам дека ќе посветувам подеднакво внимание и нема да се почуствува запоставен.
Иста разлика се моиве. Љубомората суптилно се покажа/ува со глумење дека и она е бебе. Во битни ситуации. Убава разлика испадна кај мене, разбира, сфаќа. Се обожаваат, на бебе дада му е цел универзум и извор на среќа, а таа се топи кога и се смее.