Идеална?? Па не знам која е највисоката и најниската граница ,ама во секој случај подобро е поголема,моите се 22 месеци разлика,и ми беше многу тешко дури беа мали,и сега се тешки за чување зашто интересите им се исти,па војна по цел ден дома
паа што помала разлика тоа поубаво внуците ми се 11 месеци разлика и си се понашаат како близнаци...така да здравје Боже кога би имала деца што помала разлика тоа поубаво
јас и сестрами сме 4години разлика, постојано имавме исти професори и наставници на училиште и мене како помала ми беше топ, сите ја знаеа сестрами (затоа што учеше многу) па за мене беше многу полесно.. а и затоа што бев помала таа сакаше секаде да ме носи со себе од училиште до дискотеки, секаде ме влечеше мене ми беше супер и ден денес сме така....Гледај си го сестричето...и баш беше така и сеуште е......за мене ова е идеална разлика, од свое искуство
Јас немам деца, но кога би имала би сакала да се со помала разлика во години. На пример, 2 или 3 години за мене е идеално.
Од финансиски аспект, кој е и те како важен во одгледувањето на деца, најдобро е разлика од околу 4-5 години. Кај нас ние сме разлика 7 години. Две деца во школо исто времено е преголем трошок, освен ако не сте во финанскиска благосостојба. Според мене поголемата разлика во годините овозможува потполно да му се посветите на секое дете во кризниот период- пубертетот, да внимавате како се развиваат во тинејџерските години и какви бубачки им се вртат во главата.
Јас и сестра ми сме 10 години разлика. По дома имаме буквално војни секојдневно, ме нервира и ја нервирам. Би сакала поголема сестра, ама ајде, арно е и детиштено што ми се шлае по дома. Сум ,,за,, за поголема разлика, од финансиски аспект. На пример, сега јас ќе тргнам на факултет, додека стигне сестра ми, јас ќе имам веќе 28 години. Значи, нема два студента дома, прилично тешко е така. А сум ,,не,, затоа што немам никакви допирни точки со нејзините интереси. Обично иде и си седи кај мене во соба, ми прави муабет... Ама освен за симс, мачката и игри што друго можеш со 8 годишно дете ?? ЕДИТ : Од утре ќе си купам тампони за уши, па може ќе напишам попозитивен пост.
Јас и сестра ми сме 8 години разлика, јас сум постара и да ви кажам дека ни е супер. Баш се сложуваме, никогаш не сме се карале, сестра ми е многу приврзана за мене (дури и повеќе отколку што треба). На моменти и јас сум се запрашувала како е да имаш брат/сестра со кој/а сте 1 до 2 години разлика, чисто ради друштво, да се осеќате поблиски, да излегувате заедно и слично. Јас би сакала децата да ми се помала разлика 2-3 години, меѓутоа пак ќе кажам дека и со сетра ми стварно ни е супер, посебно на неа зашто од мене учи многу работи. Баш сум и советник...хахаха
Јас мислам дека совршена разлика е 2-3 години. Се разбира ако родителите се спремни и финансиски и физички и психички, сега јас не знам ама да се има дете е голема одговорност и можат да се појават и проблеми, така да зависи колку се спремни родителите. Иако јас прифаќам до 9 години повеќе не ми е добро едното работа ќе најде другото средно уште, тоа не ми се допаѓа баш. Сепак секој си знае најдобро и зависи од родителите колку можат да направат рамнотежа меѓу децата ако им одговара повеќе од 2-3 години зошто да не?
Нема правила и неможе да се каже која е идеалната разлика. Зависи од децата, од родителите, од околностите. Јас и брат ми сме разлика скоро 4 години и воопшто не ми се допаѓа. Таман сум почнала да разбирам, се родил тој. Гледам и од пријателки кои имаат разлика 3-4 години дека им е тешко. Ниту првото разбира доволно, второто пак ич. Лично ми се допаѓа или голема разлика 7-8 години или многу мала разлика. Во првиот случај е тешко бидејки си се одвикнал од пелени, неспиење и сл ама првото дете разбира, дури може и да помогне. Вториот случај пак е тешко бидејки гледаш две речи ги бебиња од еднаш ама растат заедно и после првите 4 години си завршил со млека, специјално варени манџи и пелени. Единствено што со мала разлика помеќу децата е потребна помош. Моите деца се 18 месеци разлика. Почнавме доцна и лично моја желба беше да имам две деца едно по дрго (иако со царски не се препорачува). Керката на лето ке полни 4, синот зимава наполни 2. Керкичката откако знае за себе има брат и никогаш не била љубоморна. Имам темни кругови околу очите, константно сум преморена ама за разлика од порано е полесно. I see the light at the end of the tunnel Многу се блиски, се играат заедно, ние интервенираме само во итни случаи
Мислам дека нема некоја идеална старосна граница, туку зависи кога си спремен. Имам син 3,5год и као планирам да и наредната година немам второ дете значи автоматски правам разлика 4-6год мах. Тоа е некоја си моја индивидуална идеална старосна граница
јас мислам,според мене од 2 до 5 години разлика е најдобро...што помала разлика подобро ќе се дружат заедно и ќе си имаат секаква поддршка едниот до другиот...зависи кој како...јас сум за 2 години разлика хахаха....
мислам дека е индивидуално и зависи од родителите од нивните финансии и дали се спремни да имаат деца. Јас со сестрами сум разлика 4 години таа е постара супер ни бесе дури растевме скоро и заедно излегувавме до пред да се омажи а со братми сум 6 е сега почнува на моменти да ме нрвира ама го разбирам во пубертет е детето ке му мине па пак ке си биде нормален
Значи според мене нема идеална,но мислам дека би требало да биде 2 до 4 години,од причина големово да не го мска помалово и малово да се чувствува незаштитено,ма да јас и сестра ми сме 10 години а со брат ми сум скоро 3 години без две недели што значи сестра ми и брат ми се разлика 13 години,и баш сестра ми во пубертет а мама и тато се расправале со две неартикулисани деца ,а од таа причина мислам дека сестра ми од секогаш беше повлечена и не учеше и понекогаш плескаше мене и брат ми
Според мене идеална старосна разлика помеѓу две деца е од 2-4 години... Колку се поблиски во годините, толку подобро.. Али за родителите не е баш најдобо, особено не за мајката, бидејќи потешко е истовремено да одгледуваш повеќе деца... Јас со брат ми сум 10 години разлика и тоа е ептен многу... Немаме некаков близок однос, годините си го прават тоа... Он има други размислувања, идеи, ставови, мислења, други работи го интересираат за разлика од мене...
До 3 години најмногу. Јас со брат ми сум 5ипол години разлика и дури сега почнавме да се согласуваме како што треба.
Јас со брат ми сум 4ри години разлика. Кога бевме помали, се каравме, не се согласувавме, но сега е поинаку. И за совет, и за се. И според мене е од 2 до 4ри години разлика е најубава.